Тимот на Ливерпул ја откажал специјалната вечера со играчите, бидејќи Јирген Клоп инсистира на тоа дека тие целосно треба да се фокусираат на натпреварите кои следат затоа што клубот се бори за титулата во Премиер Лигата и пласман во финалето на Лигата на Шампионите. Капитенот Џордан Хендерсон, Алекс Окслед-Чемберлен и Трент Александар-Арнолд требаше да присуствуваат на организиран и распродаден настан со околу 450 навивачи на Енфилд кој требаше да се одржи во четврток навечер. Триото требаше да учествува на оваа вечера и пред навивачите да ја раскаже приказната за нивната кариера во дресот на „Црвените“ и Англија. Сепак, бидејќи Ливерпул…
Author: riste
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед Пол Погба им објавил на своите соиграчи дека сака да оди во Реал Мадрид. Ова го објави францускиот весник „L’Equipe“. Според изданието, светскиот првак со Франција од Русија е незадоволен од тоа што „црвените ѓаволи” не се способни секоја сезона да обезбедуваат учество во Лигата на шампиони. Од друга страна во моментов с едалеку од можноста да се борат за титлата во Премиер лигата и да се вратат на местото каде што беа кога ги водеше Сер Алекс Фергусон. Ако Манчестер Јунајтед не ја заврши сезоната во Премиер Лигата во Топ 4, Пол Погба ќе го…
Тренерот на Барселона Ернесто Валверде не дава големо значење на тоа кога точно и каде Барселона ќе ја обезбеди новата шампионска титула. Барселона го победи Алавес со 2:0 и уште вечерва може да ја обезбеди и теоретски 26-та титула, ако Атлетико Мадрид загуби на домаше терен од Валенсија. „Победата над Алавес не доближи до титулата. Ќе видиме како ќе игра Атлетико, но за нас не е толку важно во кој момент ќе си ја обезбедиме титулата. Важно е дека ќе станеме шампиони, што е доста тешко во првенство како шпанското. Атлетико ќе се бори до крај, тоа ни е познато.…
Манчестер Јунајтед веќе има опција како замена за ветеранот Луис Антонио Валенсија ој најверојатно ќе замине од клубот ова лето. Според британското издание „Телеграф” тимот сака да го привлече Тома Муние од ПСЖ кој не е меѓу стартерите на тимот, односно не е во плановите на Томас Тухел кој го користи повеќе како резерва. Неговиот договор со ПСЖ е до летото следната година и се претпоставува дека за 35 милиони евра Манчестер Јунајтед ќе може да го доведе во своите редови, но е исто така сосема веројатно дека од ПСЖ нема да отстапат од оваа сума и да го продадат…
Германскиот гигант Баерн (Минхен) најверојатно ќе се откаже од идејата да го привлече напаѓачот на Челзи Калум Хадсон-Одој. Причината е повредата што ја заработи овој играч на натпреварот против Барнли (2:2). 18-годишниот талент има повреда на ахиловата тетива и се очекува да закрепне за околу 6 месеци. Како што пренесува весникот „Билд“, во Баерн се загрижени за веста по повредата на Хадсон-Одој. Баварците размислуваат за значителено трансфер инвестирање ова лето, но сега ќе се насочат кон други играчи. Сепак, Хадсон-Одој може да се пресели на „Алијанц Арена“ како слободен агент по завршувањето на договорот со Челзи во 2020 година.
Стефани Фрапар ќе биде првата жена што ќе суди на натпревар од француската фудбалска Лига 1, ова го потврди Фудбалската федерација на Франција. Ова ќе се случи во недела, на 28-ми април, кога 35-годишната Фрапар која е фудбалски судија ќе го суди натпреварот меѓу тимовите од Амиен и Стразбур во 34-то коло од Лига 1 во Франција. Фрапар е единствениот фудбалски судија во Франција која има право да суди натпревари од женскиот шампионат, но се пријави и за судење на натпревари од машкиот шампионат, таа исто така е и првата жена што игра во Втора лига, второ ниво на фудбал…
Македонскиот кошаркарски тим МЗТ Скопје не успеа да го искористи домашниот терен и со победа да обезбеди пласман во АБА лигата. МЗТ Скопје загуби во вториот натпревар против Задар пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“ со 77:78 и со тоа го избра потешкиот пат за пласман во АБА друштвото. МЗТ Скопје , практично, имаше добиен натпревар, затоа што водеше со 14 поени во третиот период од натпреваро, но се случи шок и невиден пад во играта, па Задар се врати во дуелот и на крај дојде до голема победа во Скопје. Домашните имаа и напад за победа, но не…
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ, кој од минатата недела веќе официјално е во сопственост на Ајнтрахт (Франкфурт), не е во траснферните планови на Баерн (Минхен). Младиот голгетер постојано е поврзуван со голем број европски гиганти, меѓу кои и баварците, но по информации на некои медиуми во Германија, до ваквиот трансфер нема да дојде. Според истите извори на „Алијанц Арена” не се заинтересирани за Јовиќ, бидејќи во моментов раководството на Баерн не гледа потреба за засилување во нападот на клубот. Роберт Левандовски игра уште една добра година во нападот на минхенскиот тим – за 29 натпревари тој постигна 21 гола во Бундеслигата…
Поранешниот селектор на САД, Јирген Клинсман, може да продолжи со тренерската кариерата во текот на летото. Раководството на Њукасл размислува за ангажманот на германскиот тренер, информираа локалните медиуми од Њукасл. Од друга страна во Њукасл приоритет ќе и биде продолжувањето на договорот со Рафаел Бенитез, чиј договор истекува на крајот на јуни оваа година, но преговорите со него течат веќе подолго време, а никако не успеваат да постигнат договор. Доколку Шпанецот го напушти клубот, тој може да биде заменет од Клинсман. Јирген Клинсман беше поврзуван и со клупата на Херта Берлин. 54-годишниот тренер ги негираше овие информации. Клинсман ги водеше…
Младиот талент на Јувентус Мојс Кин е блиску до нов договор со италијанскиот шампион. 19-годишниот напаѓач, всушност има постоечки договор со клубот, но преговара за нов, кој ќе важи до летото 2024 година, пишува „Тутоспорт“. Годишната плата на овој играч ќе скокне речиси четирипати – од 550.000 на 2 милиони евра. Во наредните денови се очекува агентот на тинејџерот Мино Рајола да се сретне со спортскиот директор на Јувентус Фабио Паратичи, за договорот да биде потврден од двете страни. Мојс Кин одигра 9 натпревари во кои постигна 6 гола и 1 асистенција во Серија „А“ оваа сезона.
