Author: riste

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не го криеше задоволството од убедливата победа над Порто со 4:1 и пласманот на тимот во полуфиналето од Лигата на Шампионите. Следниот противник на Ливерпул ќе биде Барселона – тим против кој Јирген Клоп никогаш не се соочувал во неговата тренерска кариера. „Не создадовме многу шанси, но успеавме да реализираме најголем дел од нив. Интервенциите на Алисон беа важни и ни помогнаа. Знаевме дека ќе бидеме под притисок на почетокот. Во второто полувреме фудбалерите на Порто се уморија и тогаш целосно го контролиравме натпреварот. Фирмино и Хендерсон беа многу корисни во овој поглед”, рече Клоп.…

Read More

Еден од хероите на Тотенхем синоќа на „Етихад“ беше Хјун-Мин Сон кој изјави дека не видел сличен натпревар во Лигата на Шампионите како овој со Манчестер Сити. Тотенхем го загуби со 3:4, но сепак се пласираше во 1/2-финалето на Лигата на шампионите, каде ќе се соочат против Ајакс. „Не сум видел таков натпревар во Лигата на шампионите. Луд натпревар, јас сум горд на моите соиграчи. Да, поништениот гол на Сити во дополнителното време беше лудило. Остануваа две минути до крајот и ќе беше тешко да се вратиме ако голот беше регуларен и признат. Што рековме на паузата? Да се ​​бориме…

Read More

Играчот на Тотенхем Кристијан Ериксен изрази задоволство и радоста од драматичниот пораз од Манчестер Сити, по кој лондончани сепак се пласираа во 1/2-финалето на Лигата на Шампионите, каде што ќе се соочи против Ајакс. „Во моментов сум еден од најсреќните луѓе на планетата. Со голот на Манчестер Сити во дополнителното време, мислев дека е готово. Но, тоа беше лудило. Дали беше мечот како кошаркарски дуел на почетокот? Значи, го почувствувавме и ние тоа. Ние имавме шанси, а потоа имаа и тие. Многу чуден натпревар. Сега ќе можеме малку да земеме здив. По вчерашниот дуел знаеме што не очекува против Ајакс”,…

Read More

Менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино беше на седмо небо по драматичниот натпревар против Манчестер Сити и пласманот на неговата екипа во полуфиналето од Лигата на шампиони. Тотенхем загубија со 3:4, но благодарение на повеќето голови на гостински терен се пласирааше во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се сретнат со Ајакс. „Тоа беше неверојатен натпревар ! Посебно каков крај ! Многу сум среќен и се гордеам со играчите. Тие се херои ! Мило ми е и за нив, и за нашите навивачи”, изјави возбудено Почетино неколку минути по завршувањето на дуелот. „Во еден момент во главата те напаѓаат…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека погодокот на Фернандо Љоренте во 1/4-финалето од Лигата на Шампионите против Тотенхем беше нерегуларен. „Граѓаните” победија на „Етихад” со 4:3, но поради вкупен резултат 4:4 и гол постигнат на гости Тотенхем се пласираше во полуфинале, а се покажа дека голот на Љоренте во 73-та минута е решавачки за елиминацијата на Манчестер Сити. Погодокот беше признат од судијата Чакир дури по прегледувањето на снимката и ВАР асистенцијата, бидејќи топката ја допре раката на Љоренте, но тој сметаше дека тоа немало влијание за постигнатиот гол. На крајот од натпреварот погодокот на Стирлинг за Манчестер…

Read More

Словенечкиот голман во редовите на Атлетико Мадрид Јан Облак потпиша нов договор со шпанскиот клуб, објавија на официјалниот сајт  на клубот. Новиот договор ќе го задржи Облак на „Ванда Метрополитано“ до 30 јуни 2023 година. Облак пристигна во клубот во текот на летото 2014 година, кога Атлетико Мадрид го купи од португалскиот гигант Бенфика. Младиот голман на Олимпија Љубљана има веќе над 200 натпревари во дресот на Атлетико и во над 100 од нив имал „сува мрежа”. Облак е избиран за најдобар фудбалер на Словенија во изминатите 4 години, а во сезоната 2015/16 и сезона 2016/17 беше дел од идеалниот…

Read More

Порто го пречекува Ливерпул вечерва од 21.00 часот на стадионот „Драгао“ во реваншот од 1/4 финалето на Лигата на шампионите. Пред една недела англискиот тим победи со 2:0 дома и си обезбеди важна предност, но Португалците не се предаваат и сонуваат за чудо и елиминирање на тимот  предводен од менаџерот Јирген Клоп. Во Порто се чувствуваа оштетени во првиот натпревар и ќе се обидат да ја вратат правдата вечерва. Тие протестираа за прекршокот на Мохамед Салах и недосудениот пенал. Дури и по натпреварот на „Енфилд“, тренерот Серџио Консеисао рече дека не би било неправедено ако неговиот тим постигнал гол. Минатата…

Read More

Во Англиската пресметка од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Тотенхем го победи Манчестер Сити со 1:0 пред една недела на својот нов стадион во европската премиера на новиот дом на Тотенхем, но доби тежок удар поради повредата на првата ѕвезда Хари Кејн, кој ќе го пропушти остатокот од сезоната. Без водечката фигура Тотенхем ќе се обиде вечерва од 21,00 часот на „Етихад” да му го уништи сонот на Манчестер Сити за четири трофеи во сезоната. Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола изненадувачки во првиот натпревар се одлучи да ги остави на клупата Лерој Сане и Кевин Де Бруин кои за…

Read More

Компанијата за производство на спортска опрема Пума и шпанската „Ла Лига“ објавија дека потпишале договор за партнерство. Компанијата со седиште во Германија, ќе ја снабдува лигата со официјалната топка со која ќе се играат натпеварите од шпанскиот шампионат, но ќе произведува уште многу предмети поврзани за „Ла Лига“. “Партнерството влегува во сила во новата сезона 2019-2020. Освен на натпреварите во „Ла Лига“, и оние натпревари во втората и треттата лига од шпанскиот фудбал ќе се играат со топки од Пума. Параметрите од договорот не се објавени, но минатиот месец имаше една информација де Пума, најверојатно, ќе плаќа 5 милиони евра…

Read More

Шпанскиот гигант Барселона е подготвен да даде понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд, кој треба да чини 100 милиони фунти. Каталонците имаат интерес за 21-годишниот фудбалер, а тој е првиот на листата на желби за оваа позиција, вели весникот „Мирор“. Договорот на играчот со Манчестер Јунајтед е до 30 јуни 2020 година, но од „Олд Трафорд“ се подготвени да му понудат нов договор со подобрена плата од 300.000 фунти неделно, што треба да го убеди да остане. Во оваа сезона, младиот напаѓач има 41 натпревар за Манчестер Јунајтед, во кој постигна 13 гола и 6 асистенции.

Read More