Македонскиот кик боксер Даниел Стефановски синоќа се закити со нова светска титула на ИСКА, една од најголемите кик бокс организации. Стефановски за противник го имаше Софијан Алилуше од Франција. Македонскиот шампион Даниел Стефановски, кој е Европски и Швајцарски првак во тајландски бокс, на синоќешниот натпревар во Цирих се закити со нова светска титула. Стефановски на синоќешниот натпревар доминираше против Францускиот противник Софијан Алилуше и му зададе катастрофален пораз уште во првата рунда. Французинот Алилуше после силнио К.О падна на колена, а Даниел Стефановски дојде до победа на натпреварот и во неговата богата колекција на титули и бројни светски и европски признанија,…
Author: riste
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, одби да ги коментира плановите за трансфери на кралскиот клуб. „Овде има многу играчи кои можат да донесат многу пари. Секој е многу добар и има голем интерес за нив”, рече Зизу, на прашањето дали Реал треба да го продаде Иско, кој што е меѓу најскапите на пазарот. Во врска со ситуацијата со Герет Бејл, францускиот тренер рече: „Останаа уште седум кола до крај. Ќе има промени. Ќе сметам и на Герет“ истакна Зидан кој воедно откри која е причината што на последниот тренинг го немаше Тони Крос: „Тој има проблеми со стомакот. Тој…
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ го игра натпреварот од четвртото коло од квалификациите за ЕП 2020 година. По само неколку дена од победата во Рејкјавик, избраниците на селекторот Брестовац ќе го пречектаат истиот противини, селекцијата на Исланд. Само победа на оваа средба ќе биде потврда на добрата игра и победата на гостувањето кја Исланд, а воедно ќе значи и големи шанси за првото место во нашата група во овие квалификации. Селекторот Данило Брестовац се одлучи да направи две измени за денешниот натпревар меѓу оние 16 ракометари кои ќе бидат во составот. Брестовац одлучи на местото на…
Капитенот на Манчестер Сити Винсент Компани предупреди дека до крајот на сезоната тимот ќе излегува на секој свој натпревар со најсилниот состав, додавајќи дека играчите не треба да мислат премногу за дуелите кои им претстојат. „Не очекувам дека до крајот на сезоната повторно ќе видиме експериментален Манчестер Сити. Тоа е – единствениот пораз кој можевме да си го дозволиме, да, тоа е факт. Сега најважно е секој пат да се подготвуваме добро, да сме смирени и да го правиме она што знаеме, за да се претставиме најдобро. Можеби е клише ако кажам така, но секој натпревар ќе биде како финале…
Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ја забележа својата втора победа оваа сезона во Формула 1 шампионат и 75-та во кариерата, откако славеше во јубилејната 1.000-та трка во историјата на Ф1 шампионатот, а возена утринава за ГН на Кина. Интересно е тоа што Хамилтон беше победник и претходно на јубилејната 900-та трка која се возеше во Бахреин во 2014 година. Болидите на Мерцедес уште еднаш покажаа дека се доминантни и дојдоа до уште една 1-2 победа, бидејќи второто место му припадна на вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. Место на подиумот имаше и за еден болид на Ферари управуван од Себастијан…
Кошаркарите на Блокотехна и Работнички ќе го играат финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија. Екипата на Блокотехна беше поуспешна во првото ½ финале од Гостива совладувајќи го со 92:87 иако на полувреме имаа негатива од -10 (44:54), сепак во финишот од натпрерварот дојдоа до победа со пресврт во последните минути од средбата. Во второто полуфинале во кое играа големите ривали Работнички и МЗТ Скопје, поуспешен беше тимот на Работнички кој со оваа победа од 93:89 (во регуларно време 72:72) по две пордолженија избори настап во финалето против Блокотехна кое ќе се игра в недела од 17.30 часот. Како…
Бразилскиот интернационалец Нејмар се вратил на тренинг во својот клуб Париз Сен Жермен по скоро три месеци санирање на повредата, објавија од клубот. Напаѓачот беше повреден на 23 јануари за време на натпреварот од Францускиот куп против Стразбур и од тогаш не играше. Додека тој не беше во можност да игра, екипата беше елиминирана во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед. Парискиот тим има 20 поени предност на врвот на табелата во шампионатот и е блиску до освојување на нова титула.
Екипата на Атлетико Мадрид останува без услугите на својот прв напаѓач Диего Коста до крајот ан сезоната. Но пртичината за ова не е повреда, туку казната која ја заработи Коста поради своето однесување на дерби средбата со Барселона. Шпанската фудбалска федерација денес објави дека искусниот напаѓач добил казна од одсум натпревари заради навредливите зборови кон главниот судија на мечот со Барселона. Коста, е познат по својот темперамент и честите испади на терените, бурно реагираше на една одлука на главниот судија и упати навредливи зборови за неговата мајка, по што заслужено заработи директен црвен картон. Оваа суспензија значи дека сезоната за Коста…
Бундеслигата е најпосетувано фудбалско првенство, според испитувањето на Меѓународната фудбалска опсерваторија на CIES. Студијата опфати 51 првенство во 42 различни земји за периодот 2013-2018. Просечната посетеност на Бундеслигата е 43.302 гледачи, што ги остави на прво место во рангирањето, како што беше и во претходните испитувања. ПО Бундеслигата следуваат Премиер лигата (36.675 гледачи), Ла Лига (27.381), Мексиканска елита (25.582) и Серија „А” (22.967, а топ 10 го дополнуваат кинеската Супер лига, Лига 1, МЛС, Ередивизие в Холандија и Втора Бундеслига. Што се однесува до клубовите, 5 од првите 10 на листата се од Германија. Лидер е Борусија (Дортмунд) со 80.230…
Роберт Левандовски и Кингсли Коман се степале за време на денешниот тренинг на Баерн (Минхен), тврди весникот „Билд“. Тие биле разделени од Никлас Зуле, Жером Боатенг како и од другите соиграчите. За изненадување на сите, сепак тренерот Нико Ковач ги оставил двајцата играчи да го завршат тренингот, наместо да ги отстрани во истиот момент, каква што е практиката во такви случаи. Инцидентот доаѓа неколку дена по извонредниот триумф од 5:0 над Борусија (Дортмунд) во средба од Бундеслигата, со која баварците се вратија на лидерското место на табелата и се први фаворити за титулата. Останува да видиме дали Левандовски и Коман…
