Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини најверојатно ќе го пропушти првото 1/4 финале од Лигата на шампионите против Ајакс. Дефанзивецот на на Јувентус почувствува болка во мускулот и не успеал да го заврши вчерашниот тренинг на тимот. Ова предизвикува сериозни сомнежи за учеството на Киелени во средбата со холандскиот тим која се игра утре. Ако дефанзивниот фудбалер не успее да закрепне на време за мечот, Даниеле Ругани ќе игра заедно со Леонардо Бонучи во центарот на одбраната, пренесува „Газета Дело Спорт“. Кристијано Роналдо е подготвен занастап на оваа средба, додека надвор од комбинација за овој ме е Емре Чан.
Author: riste
Иднината на крилниот играч на Баерн Минхен Ариен Робен останува нејасна, исто како и физичката состојбана овој фудбалер. Холанѓанецот ја игра својата последна сезона на стадионот „Алијанц Арена”, но се уште не може да се врати во игра поради повредата на мускулот која и понатаму не успеава да ја санира. Според венсикот „Калчомеркато“, Робен би можел може и да замине од Европа во новата сезона, иако беше поврзуван со Интер и поранешниот тим ПСВ Ајндховен. С ега информациите велат дека има голем интерес кон Робен има од САД, односно од МЛС лигата. Екипата на Торонто е подготвена да даде договор…
Раководството на Спортинг Лисабон размислува да го смени името на својот стадион и во иднина тој да го носи името на Кристијано Роналдо. Според медиумите во Португалија, клубот планира да го преименува сегашниот „Жозе Алваладе“ во „CR7 стадион“ или „Алваладе CR7“. Инаку, Жозе Алваладе е основач и прв член на Спортинг, кој го формираше клубот на 1 јули 1906 година. Доколку се реализираат овие најави, тоа ќе биде голема чест за Кристијано Роналдо, кој е еден од најдобрите фудбалери во историјата и ќе биде еден од ретките активни фудбалери по чие име именуван стадион. Кристијано Роналдо е роден на островот Мадеира, а својата професионална кариера…
Играчот на Баерн Минхен Хамес Родригез доби шпански пасош. Колумбиецот кој игра во Баерн по трансферот од Реал Мадрид, поднел документи за шпанско државјанство со цел да добие пасош од Европската унија и да не ја пополнува квотата како странец. Ова ќе му помогне во иднина во случај да направи постојан договор за трансфер. Хаменс е во Баерн со позајмица до крајот на сезоната, при што договорот помеѓу двата клуба има можност за откуп во вредност од 42 милиони евра. Ако Германците не го искористат тоа, Колумбиецот ќе мора да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, но во оваа фаза е…
Голгетерот на Манчестер Сити Серхио Агуеро, кој ги пропушти последните два натпревари на својот тим, денес тренирал целосно и ќе биде во составот на својата екипа за утрешното гостување кај Тотенхем во првиот 1/4-финален дуел од Лигата на Шампионите. „Агуеро се чувствува добро. Тој тренираше со тимот за прв пат и се чувствува добро. Попладнево тренираше повторно. Кајл Вокер, исто така се чувствува подобро, а Бенџамин Менди се опорави, па сите тројцата ќе бидат на располагање за утре” рече Гвардиола. „Во полуфиналето на ФА Купот можеше да одиграме и подобро, но има и такви натпревари. Лигата на Шампионите е друго…
На 12 и 13 април во Скопје ќе се одржи Големиот балкански карате семинар 2 во организација на „Карате центар Пејов“ во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Семинарот ќе го водат инструкторите шихан Тони Петров од Бугарија – 7 дан, сенсеи Зоран Пејов од Македонија – 5 дан, сенсеи Ранко Вукотиќ од Црна Гора и сенсеи Милан Ѓокиќ од Србија – 7 дан. Главниот настан и свеченото отворање ќе се одржи на 13 април (сабота) во малата сала на „Борис Трајковски“ со почеток од 15 часот. Се очекуваат учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, додека од Косово…
Хуан Мата сака да се врати во шпанскиот национален тим. Играчот на Манчестер Јунајтед ова го изјави во интервју за шпанската телевизија, во кое зборуваше и за својата иднина во дресот на Шпанија. „Многу би бил среќен повторно да играм за Шпанија. Сеуште се чувствувам млад, иако имам многу години на теренот. Имам многу цели, кои сум си поставил сам. Уживам во фудбалот и сакам да се вратам во репрезентацијата”, коментираше 30-годишниот Мата. Тој има одиграно 41 натпревар и постигнато 10 гола во дресот на шпанската репрезентација, со која победи на Светското првенство 2010 и Евро 2012. Последниот натпревар за…
Голманот на Атлетико Мадрид Јан Облак се очекува во наредните денови официјално да го потпише својот нов договор со клубот,пишува „Марка“. Словенецот одлично се снајде во дресот на Атлетико Мадрид и ќе добие зголемување на платата, а со тоа веќе ќе биде втор највисоко платен во тимот од Мадрид по Антоан Гризман. Овој договор на Облак е до летото 2021 година, со новиот веројатно уште една или две сезони плус. Меѓутоа, клаузулата за откуп нема да се промени и ќе остане 100 милиони евра. Се вели дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за него, но Мадридскиот клуб нема намера да се…
Екипата на Манчестер Сити вечерва го игра полуфиналето од ФА купот на Англија, а противник им е тимот на Брајтон. Во составот на Пеп Гвардиола се враќа Серхио Агуеро. Пеп Гвардиола, менаџерот на „Граѓаните”, рече дека напаѓачот бил „речиси подготвен” откако го пропушти натпреварот од оваа недела поради повреда. Александр Зинченко, кој имаше поведа на мечот со Кардиф, отпадна од составот за оваа средба. Бенџамин Менди е подготвен да игра, но тој нема да брза со негово ангажирање на оваа средба. Во Брајтон ќе мора да почекаат на последниот фитнест тест за состојбата со Соли Марч и Јурген Локадија. И…
Вечерва со почеток од 18:30 часот, се игра големото дерби во Бундеслигата, Баерн Минхен је пречекува Борусија Дортмунд во можеби најважниот натпревар во оваа сезона од Бундеслигата. „Милионерите“ му гостуваат на директниот ривал за титулата со два бода предност. Доколку останат непоразени, екипата предводена од Лусиен Фавр во последните шест кола од сезоната ќе имаат одлична шанса да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен на домашната сцена. Од друга страна притисокот на овој натпревар ќе биде кај тренерот на Баварците Нико Ковач. Тој го загуби првото сезонско соочување со Борусија Дортмунд, а сега на „Алијанц Арена“ ќе нема право на…
