Селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац денес го објави списокот на повикани ракометари за претстојниот собир на машката сениорска репрезентација за квалификациските натпревари против репрезентацијата на Исланд за ЕП 2020. Македонија најнапред гостува кај Исланд на 10 април, а на 14 април го пречекува истиот тим во „Вип арената“ на СЦ „Борис Трајковски“. Собирот на ракометари е закажан на ден 08.04.2019 (понеделник) со почеток во 13:30 часот во хотел Александар Палас во Скопје.
Author: riste
Мексиканската фудбалска федерација може да го казни Диего Армандо Марадона, откако Аргентинецот ја посвети победата на својот тим на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Марадона, кој е тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос де Синалоа, по победата со 3:2 над Тампико во саботата рече дека овој успех е за „Николас Мадуро и сите во Венецуела кои страдаат” и ги обвини САД, дека се обидуваат да интервенираат во внатрешните работи на јужноамериканската држава. Од Мексиканската фудбалска федерација објавија дека веќе почнале истрага за случајот дали Марадона ги прекршил етичките правила кои бараат менаџерите односно тренерите да бидат политички неутрални. 58-годишниот Марадона е близок…
Следната сезона на СЕХА лигата ќе биде со променет изглед. На прес конференцијата денеска во Брест, претседателот на лигата, Михајло Михајловски, откри дека идната сезона во лигата ќе учествуваат 12 екипи поделени во две групи од по 6 екипи. Потоа ќе се игра едно плеј-оф коло во кое ќе учествуваат првите четири екипи од двете групи, по што четирите победници во оваа фаза ќе играат на Ф4 турнирот. Следната сезона во СЕХА лигата се враќа и екипата на Веспрем која ќе потпише договор на 3 години. Македонија, Србија и Хрватска ќе имаат по два преставника, а остануваат и Мешков Брест…
Ракометниот шампион на Македонија, Вардар, вечерва го очекува последниот натпревар од оваа сезона во СЕХА Гаспром лигата, финалето против екипата на ППД Загреб кое го играат во Брест, Белорусија. Нашите ракометари синоќа во интересен натпревар го совладаа домашниот тим на Мешков со 25:23, додека ППД Загреб беше подобар од Нексе со 28:23. Со овие победи Вардар и Загреб си закажаа уште една пресметка за титулата во СЕХА лигата, нешто што имаа и минатата година во Скопје кога Вардар славеше со 26:24. Македонскиот прва и актуелен шампион на СЕХА лигата има шанса да ја освои титулата во ова натпреварување по трет…
Раководството на Реал Мадрид нема намера да го продава дефанзивецот Рафаел Варан и ќе се раздели со него само во случај да го добие износот кој е во клаузулата од неговиот договор – 500 милиони евра. Шпанскит емедиуми пренесуваат дека неколку гиганти се заинтересирани з анеговите услуги, но од раководството на Реал Мадрид не се импресионирани од неговата желба да го напушти клубот. Како што е познато, четири клуба пројавуваат сериозен интерес кон Французинот и се подготвени да платат голема сума за него – Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Јувентус и ПСЖ се екипите кои го сакаат Варан. Тренерот на Реал…
Двата милански гиганти Милан и Интер ќе влезат во битка за потписот на крилото на Челзи Педро, тврди весникот „Експрес”. И двата тима гледаат во лицето на шпанскиот ветеран одлично решение на проблемите на офанзивен план и ќе конкурираат за негово привлекување. Ова е уште една лоша вест за „сините”, кои се очекува во текот на летото да добијат конкретна понуда од Реал Мадрид за нивната голема ѕвезда Еден Азар, кој во моментов се јавува како топ трансферна цел за Зинедин Зидан. Педро игра на „Стемфорд Бриџ” од сезона 2015/2016 и генерално во сите години до сега има важна улога…
Видео системот за помош на судиите „ВАР“, исто така ќе има своја примена во Русија. Ова ќе се случи во првите натпревари од полуфиналето на Купот на оваа земја кои се на програмата денес, а се среќаваат Урал – Арсенал Тула и Локомотив Москва – Ростов. Овие информации беа објавени на официјалниот сајт на Руската фудбалска федерација. Руските навивачи ја поздравија одлуката за иновации, бидејќи немаат некое позитивно мислење за локалните судии.
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри беше задоволен од настапот на неговата екипа на мечот против Каљари во 30.коло од Серија А и изјави дека играчите ги исполниле неговите задачи. „Игравме добро и бевме компактни. Каљари исто така се претстави на ниво. Знаевме дека нема да биде лесно, но јас сум среќен со нашиот настап и трите бода кои што ги освоивме. Што се однесува до Кин, навистина сум среќе што тој денес повторно одигра одлично и постигна гол“ изјави Алегри. Секако дека оваа победа е доста важна за екипата на Јувентус, пред се поради фактот што беше остварена без во…
Вардар беше подобар од Мешков Брест во ½ финалето на СЕХА Гаспром лигата и си обезбеди уште едно финале во кое ќе се бори за својата 5-та титула. Вардар во драматичен натпревар го совлада домашниот тим на Мешков со 25:23 (14:10). Ракометарите на Вардар добро го започнаа натпреварот и на стартот имаа предност од 2:1 и 3:2, но во 7 минута од натпреварот Мепшков Брест поведе со 4:3. „Вардарци“ ги консолидираа своите редови и во 14 минута повторно дојдоа до водство од 7:6, па од тој момент константно ја одржуваа предноста и ја зголемуваа до максимални +4 во 22 минута…
Дуелот меѓу двата преставници од Хрватска во СЕХА лигата односно на Ф4 во Брест меѓу ППД Загреб и Нексе му припадна на Хрватскиот шампион ППД Загреб кој го победи Нексе и e прв финалист на завршниот турнир на СЕХА ракометната лига. Загреб славеше со 28:23 (15:11) во натпревар во кој доминираше од првата до последната минута, а победникот го најави уште во првиот дел кога направи разлика од неколку гола и го контролираше резултатот во вториот ден, недозволуваќи му на Нексе да ги загрози. Натпреварот го следеа само 1.000 љубители на ракометот, главно белоруски симпатизери. Најефикасни во ППД Загреб беа Бичаниќ со…
