Author: riste

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна прекрасен гол на мечот кој неговиот тим Веспрем го одигра против Спортинг Лисабон, а тоа беше забележано од страна на ЕХФ и го доби признанието за најубав гол на реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите. Крилото на Веспрем во една контра излезе еден на еден со противничкиот голман и го надмудри со шут од зад грб. Атракцијата на Манасков беше забележана од ЕХФ, па Манасков е на врвот кај најубавите голови. https://www.youtube.com/watch?v=ddMWxTZiEd8 Манасков мечот против Спортинг Лисабон го заврши со четири постигнати гола, а овој најубавиот беше еден од нив. Меѓу најубавите голови…

Read More

Возбудлива трка во Ф1 шампионатот на патеката во Бахреин. Актуелниот шампион Луис Хамилтон стигна до голема победа на ГН на Бахреин. Британецот ги искористи проблемите кои ги имаа двата пилоти на Ферари и стигна до првата победа во новата сезона. Младиот Чарлс Леклерк долго време беше на водечаката од која што тргна на денешната трка, но на девет круга пред крајот мораше да му ја препушти лидераската позиција на Хамилтон. Во финишот од самата трка ја загуби и втората позиција од Валтери Ботас, а зад себе го остави Макс Верстапен, па на крај сепак обезбеди место на подиумот. Трагичар на патеката во Бахреин…

Read More

Екипата на Еурофарм Работникги заврши своите настапи на европска сцена и на последниот натпревар од групната фаза на ЕХФ Купот забележа пораз од тимот на Татабања од Унгарија со 30:27. Македонскиот преставник играше добро во првиот дел и во текот на целото прво полувреме беше во водство за да на одмор замине со предност 13:12, но очигледно немаа сили, но и квалитетот е на страна на протовникот и во втриот дел ги донесоа работите на свое метсо и славеа со 30:27. Во редовите на Еурофарм најпрецизен беше Остроушко со девет гола, а по четири постигнаа Кузмановски, Ѓукиќ, Граџан и Маркоски. Кај домаќинот прв стрелец…

Read More

Без разлика дали ќе се пласираат во Лигата на шампионите или не, Арсенал планира во текот на летото да биде активен на трансфер пазарот. Според информациите на весникот „Индепендет“”, Унаи Емери сака да привлче барем петмина нови фудбалери. Приоритет за менаџерот на „топџиите“е да ја засили одбраната. Арсенал има намера да ги ангажира централниот дефанзивец на Барселона Самуел Умтити и левиот бек на Баерн (Минхен) Давид Алаба. Умтити има само 9 натпревари во „Ла Лига“ од почетокот на сезоната. Очигледно дека му е тешко да се избори за несто во стартниот состав во конкуренција на Жерард Пике и Ленгле, а…

Read More

Фудбалскиот прволигаш Работнички веднаш реагираше по оставката на Жикица Тасевски и денес го именуваше Баже Лазаревски за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим, објавија од клубот на својот официјален сајт. „По неотповикливата оставка на Жикица Тасевски, раководството одлучи да му даде доверба на искусниот Лазаревски, кој долг период координира со младинската академија во клубот. Тој ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на ФК Работнички до крајот на сезоната, а негови асистенти ќе бидат Томислав Франц, Славчо Георгиевски и Драги Атанасовски“  се вели во информацијата од клубот. Баже Лазаревски ќе има можност да дебитира на клупата на…

Read More

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги обврза украинскиот Шахтјор (Донецк) и италијанскиот Лацио да затворат дел од нивните стадиони на натпреварите од Евро куповите следната сезона поради расистичко однесување на навивачите. Казната на Шахтјор е поради плакатот што го поставија нивните навивачи со екстремно десничарска политичка порака за време на натпреварот од Лигата на Европа против  Ајнтрахт (Франкфурт). Навивачите на Лацио исто така покажаа нацистички пароли на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ за време на нивната посета на Севиља во февруари. Римскиот клуб има вакви проблеми поради големиот број навивачи со екстремно десничарски политички ставови. УЕФА испрати детални инструкции до двата клуба…

Read More

Реал (Мадрид) ќе направи понуда од 125 милиони фунти за играчот од средниот ред и ѕвездата на Манчестер Јунајтед Пол Погба, пренесува весникот „Сан“. Тренерот на „кралевите” Зинедин Зидан сака по секоја цена да го привлече својот сонародник на „Сантијаго Бернабеу”, бидејќи според него тој исклучително многу ќе ја засили средната линија на тимот и ќе го зголеми квалитетот на тимот. Откако Оле Гунар Солскјер го презеде тимот на „црвените ѓаволи”, францускиот репрезентативец потсети на најдобрите моменти во кариерата и дефинитивно во моментов е оној играч кој сите го гледаа во дресот на Јувентус пред да се врати на „Олд…

Read More

Бразилецот Малколм очигледно нема иднина во Барселона и ќе биде продаден во текот на летото. Весникот „Мундо Депортиво“ открива дека каталонскиот клуб веќе одлучил која цена може да ги задоволи за да биде продаден поранешниот фудбалер на Бордо. Износот е 50 милиони евра. Најсериозен интерес за Малком доаѓа од Англија. Меѓу тимовите кои се подготвени да конкурираат за него по крајот на сезоната се Арсенал, Тотенхем и Ливерпул. Интер, исто така, не се откажа од својата намера да ги привлече 22 годишниит фудбалер. Малком дојде во Барса за 41 милион евра, а беше донесен во последен момент пред тоа да…

Read More

Иднината на дефанзивецот на Ајакс Матијас де Лихт останува нејасна. Каталонскиот вест „Спорт” пишува дека Барселона повеќе не е омилен тим за талентираниот Холанѓанец, а со поголеми шанси да го привлече е Баерн (Минхен). Барса веќе ги обезбеди услугите на Френки Де Јонг и клубот одржува одлични односи со Ајакс многу години наназад, и ова им даде на Каталонците предност во однос на другите тимови заинтересирани за Де Лихт. Сепак сега изгледа дека тоа нема да биде доволно бидејќи понудата на Баерн е значително подобра. Не се споменува одредена сума, но сепак се вели дека Баварците се подготвени да направат…

Read More

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изрази надеж дека неговиот тимски колега од репрезентацијата на Белгија и поранешен соиграч во Челзи Еден Азар, кој е силно поврзуван со трансферот на „Сантијаго Бернабеу“, ќе пристигне во неговиот сегашен клуб. „Азар е еден од моите најдобри пријатели во фудбалот. Не знам дали ќе потпише за Реал Мадрид или ќе остане во клубот каде што во моментов игра. Секој избира што да прави со својот живот и кариера. За мене, тој е еден од најдобрите во светот, и како пријател, јас би сакал да дојде овде”, изјави поранешниот голман на Челзи за медиумите…

Read More