Европскиот шампион Емил Павлов и Пулексенија Јованоска се пласираа во мечевите за медали на 54 европско првенство во карате, на кое учествуваат 508 каратисти од рекордни 51 земја. Во категорија – 60 килограми Павлов имаше 3 победи и пораз во полуфиналето, со што обезбеди најмалку 5 место. Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година двапати беше европски шампион, во 2014 година во Тампере и минатата година во Нови Сад, а во 2016 година во Монпелје освои бронзен медал. Во натпреварите во кати според новиот систем на бодување Пулексенија Јованоска мина 3 кола и обезбеди меч за бронзен медал.Нашата најдобра натпреварувачка…
Author: riste
Ѕвездата на Атлетико Мадрид Антоан Гризман е подготвен да ја намали платата за да си обезбеди трансфер во Барселона ова лето, тврди весникот „Мундо Депортиво”. Според изданието напаѓачот сфатил дека мора да направи некои потези, за да ги натера каталонците да ја платат откупната клаузула која од 1-ви јули ќе биде 120 милиони евра. Како што е познато, минатиот летен преоден упорно се тврдеше дека Гризман ќе премине на „Камп Ноу”, но на крајот тој потпиша нов договор со Атлетико и во моментов заработува по 23 милиони евра по сезона. Пред една година, тој договорил со менаџментот на Барселона дека…
Поранешната голема надеж на бразилскиот фудбал, Александре Пато, по раскинувањето на договорот со кинески Тајџин, успеа веднаш да пронајде нов клуб и својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Сао Паоло. Во последниот период за неговиот потпис се бореа екипите на Коринтијанс и Сантос, но 29-годишниот напаѓач се реши да се врати во Сао Паоло, каде настапуваше пред пет години. Информациите кои доаѓаат од Бразил велат дека, Сао Паоло беше најконкретен во понудата, откако прифатил да го плати обештетувањетео од 2,5 милиони евра, кое Пато сам го регулирал за да го раскине договорот со кинескиот тим. Пато нема да има право…
По денешниот поразот од Вардар, предводникот на Работнички, Жикица Тасевски поднесе неотповиклива оставка. Ова беше трет пораз во низа за екипата на Работнички, а Тасевски се одлучи да ја презеде одговорноста поради слабите резултати. „Поднесов неотповиклива оставка поради за мене неприфатливата ситуација во која се наоѓа мојот клуб. Работев, посветено, искрено секогаш подготвен за стручна анализа и одговорност за сопствените дела. Резултатски не бевме најдобри тоа треба да го признаеме, а кој го познава денешниот фудбалски поредок тоа секако ќе го разбере. Сакам да се заблагодарам на претседателот Драган Поповски и на директорот Иван Поповски за довербата и условите за…
Централниот дефанзивец на Баерн Минхен Матс Хумелс изјави дека ја разбира делумно одлуката на селекторот Јоаким Лев за подмладување на Бундестимот, но не изгубил надеж дека еден ден повторно ќе игра за Германија. 30-годишниот Хумелс, кој има 70 натпревари за Германија, е еден од тројцата играчи на кои Лев повеќе нема да смета. Останатите двајца се негови соиграчи од Баерн Минхен Томас Милер и Жером Боатенг. „Знам дека Јоги немаше како да најде совршениот начин на кој ќе ни го соопштеше тоа. Се разбира, бев шокиран кога дознав за неговата одлука. Делумно го разбирам, но тоа не значи дека ќе…
Двајца од најважните фудбалери на Барселона – Лионел Меси и Луис Суарез, речиси сигурно ќе бидат подготвени за саботното дерби со Еспањол, пренесоа шпанските медиуми. Капитенот на Барселона ја пропушти втората контролна средба на Аргентина – против Мароко, поради проблеми со мускулите. Но последните информации велат дека тој е добар и ќе биде целосно подготвен за настап во сабота. Деветката на Барса Луис Суарез го пропушти натпреварот на Уругвај поради повреда на зглобот од натпреварот против Бетис пред десет дена. Денес Луис Суарез се приклучи на дел од тимот и дал сигнал дека наскоро ќе му биде достапен на тренерот…
Баерн Минхен официјално го објави трансферот на фудбалерот на Атлетико Мадрид на Лука Хернандез. Договорот е рекорден за Баварците, кој ќе платат 80 милиони евра кои беа ставени во клаузулата за откуп на неговиот договор. Договорот на светскиот шампион со Франција е на пет години и тој ги помина медицинските прегледи за време на паузата за националните тимови. Хернандез е вториот дефанзивец кој доаѓа од светскиот шампион Франција. Клубот од „Алијанц Арена“ веќе го објави трансферот на Бенжамин Павар. „Денес е многу важен ден во мојата кариера. Баерн е еден од најдобрите клубови во Европа и светот. Горд сум што…
Македонскиот ракометен шампион Вардар, договори ново засилување за наредната сезона со тоа што потпиша со рускиот репрезентативец Сергеј Горпишин. Горпишин, има 21 година и е висок 200 см., настапува на пивотменската позиција, а во екипата на Вардар доаѓа како замена за Рожерио Мораеш кој се сели во редовите на Веспрем по завршувањето на оваа сезона. Во изминатиот период Русинот настапуваше за германскиот бундеслигаш Ерланген. Овој играч е актуелен репрезентативец на Русија, а за неговата селекција настапи и на последното Светско првенство кое се играше во Германија и Данска. Бидејќи неговата сегашна екипа Ерланген за наредната сезона донесе пет нови ракометари, Горпишин…
Напаѓачот на репрезентацијата на Франција Оливие Жиру го постигна вториот гол на мечот против Исланд за победата на Франција со 4:0 во квалификациите за ЕП и тоа го однесе меѓу тројцата најдобри стрелци во историјата на националниот тим. Тој има одиграно само шест натпревари и постигнато еден гол во дресот на Челзи во текот на оваа сезона, но исто така е со импресивни 35 погодоци во 89 средби за селекцијата на Франција. 32-годишниот Жиру сега е сам на трето место на вечната ранг-листа на стрелците за Франција. Тој има еден гол повеќе од Давид Трезеге и заостанува со шест од…
Настапот на Кристијано Роналдо на првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс во Амстердам е неизвесен, сепак има шанса тој да се појави на овој натпревар или на реваншот во Торино. Роналдо заработи повреа на бутниот мускул на вчерашниот нтапревар кој Португалија го играше против Србија и мораше да ја напушти играта во 28.минута поради повреда на задната ложа на десаната нога. Ваквите повреди вообичаено бараат одмор од најмалку две недели, а играњето е можно после три. По средбата, Роналдо истакна дека оваа повреда нема да му направи многу проблеми и верува дека ќе се врати на терените…
