Author: riste

Македонската репрезентација и дефинитивно ќе биде без услугите на Ферхан Хасани на мечот против Словенија во Љубљана. Нашиот репрезентативец се повреди на вчерашниот дуел против Летонија и мораше да ја напушти играта во 23-та минута од натпреварот,а по денешните детални лекарски прегледи било утврдено дека се работи за скинато мускулно влакно поради што нема да може да помогне на неделниот натпревар против Словенците. Селекторот Игор Ангеловски најави дека нема да повикува нов играч на местото на Хасани и дека ќе бара алтернатива од оние кои се во составот. Македонија против Словенија игра в недела, 24. март, во Љубљана со почеток…

Read More

За никој не тајна дека за секој клуб како Манчестер Сити и Пари Сен Жермен има сопственици со многу пари. Но, ретко се објавуваат информациите за тоа како се финансираат овие тимови. Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенс открил што прават сопствениците на Манчестер Сити кога тренерот на „граѓаните”, Пеп Гвардиола ќе побарал голем трансфер. „Мојот пријател Пеп ми кажа што се случува кога сака играч во вредност од 100 милиони евра. Тој собира неколку видеа и оди да се сретне со шеиците. По ручекот кој го има со сопствениците на клубот шеикот ги префрла потребните пари за трансферот. Следниот…

Read More

Поранешната ѕвезда на Сампдорија, Џанлука Виали, може да стане претседател на клубот, објавија медиумите во Италија. Тој е еден од директорите на американската инвестициска компанија „York Capital Management“, кој сака да ја купи екипата на Сампдорија. Виали лично преговара со актуелниот сопственик на Сампдорија Масимо Фереро. Доколку се реализира договорот вреден 120 милиони евра, легендарниот напаѓач ќе биде новиот претседател на клубот. Виали играше во Сампдорија помеѓу 1984 и 1992 година, откако стана шампион во Серија А (1991) и три пати го освојуваше Купот на Италија (1985, 1988, 1989). Со тимот од Џенова, поранешниот италијански репрезентативец го освои Купот на…

Read More

Раководството на Јувентус е подготвено да го предложи Паоло Дибала и дополнителни пари на Ливерпул, за да ја привлече ѕвездата на „црвените“ Мохамед Салах, побјави „Тутомеркато“. Истиот медиум додава дека спортскиот директор на „Старата Дама” Фабио Паратичи го насочил целото внимание кон египетскиот репрезентативец. Салах веќе има искуство со италијанскиот фудбал. Пред да премине во Ливерпул напаѓачот играше за екипите на Фиорентина и Рома. Во исто време Паоло Дибала не игра најдобра сезона за Јувентус и може да послужи како дел од договорот при евентуална зделка со Ливерпул. Изданието не споменува колкава е сумата која Јувентус е подготвен да им…

Read More

Горан Пандев синоќа на мечот со Летонија имаше посебен љубилеј, го одигра својот 100-ти натпревар во дресот на нашата фудбалска репрезентација. Токму оваа средба беше посебна за него и за останатите репрезентативци кои сакаа со победа да му ја честитаат -100-ката на својот капитен. „Благодарност до сите што дојдоа да честитаат. Најважно беше да се добие овој натпревар. Победивме рутински и мисламмдека успеавме малку да зачуваме сили за мечот во недела против Словенија, затоа што на гости не очекува многу потежок натпревар. Се надевам дека сите добри работи што ги имам во овој месец март, како јубилејот во Серија А,…

Read More

Македонија славеше против Летонија со 3:1, а по натпреварот задоволството беше присутно и кај селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски кој беше задоволен од тоа што Македонија ги започнува овие квалификации со победа и освојување на три планирани бодови. „Го остваривме она што го посакувавме и најавувавме, создадовме доволен број на шанси и мораше порано да го решиме прашањето на победникот. Не треба да дојде еуфорија и мора да мислиме на вториот натпревар в недела. Горан заслужи да му честитаме со победа и среќен сум што работам со таков капитен. Им посакувам на многу фудбалери да стигнат до оваа бројка,…

Read More

Македонија со победа ги започна квалификациите за ЕП 2020 година, со триумф над селекцијата на Летонија со 3:1 (2:0). Нашата репрезентација одлично го започна натпреварот со брз гол на Алиоски кој во 11 минута по асистенција на Горан Пандев успеа да погоди за водство од 1:0. Македонија доминираше во првото полувреме, а во 23.минута Хасани мораше да ја напушти играта поради повреда и на негово место влезе Елиф Елмас кој во 29 минута успеа да постигне гол за водство на Македонија од 2:0 со што нашата селекција направи солидна предност по првиот дел во кој доминиравме и имавме уште неколку…

Read More

Најдобриот македонски фудбалер, Горан пандев го прослави својот јубилеј 100-ти натпревар за сениорската репрезентација на Македонија на дуелот против летонија, прв од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година. Пандев е вториот македонски фудбалер кој успеал да дојде до ова достигнување, по Гоце Седлоски, поранешниот капитен и дефанзивец, кој исто така има 100 настапи зад своето име во дресот на нашата селекција. Пандев и Седлоски се единствените Македонци со 100 настапи и се водат како дел од „сенчери клубот“ на ФИФА, од кој дел се играчи со 100 или повеќе настапи за своите репрезентации. Пред натпреварот…

Read More

Германскиот клуб Хофенхајм официјално го објави името на нивниот нов тренер. Станува збор за Алфред Шредер, кој ќе го преседе тимот по крајот на оваа сезона, кога сегашниот тренер Јулиан Нагелсман ќе замине од клубот. Од новата сезона, Нагелсман ќе го води Ред Бул Лајпциг. 46-годишниот Шредер е поранешен помошник тренер во Хофенхајм. Од јануари 2018 година е асистент на холандскиот гигант Ајакс. Алфред Шредер се договори со раководството на Хофенхајм за тригодишен договор кој истекува летото 2022 година.

Read More

Нашиот прв противник во квалификациите за ЕП 2020 година, селекцијата на Летонија пристигна во Скопје за да го одигра натпреварот против Македонија. Селекторот на фудбалската репрезентација на Летонија, Славиша Стојановиќ, пристигна во Скопје со 25 репрезентативци за мечот против нашата селекција. Според летонските весници, од изборот на Стојановиќ отпаднал искусниот репрезентативец Алексеј Вишњаковс. Вишњаковс  веќе се вратил во својот клуб Рига и е последниот во листата од тројца фудбалери кои отпаднаа од компбинација за пат во Скопје. Во текот на вчерашниот ден беше обкавено дека од списокот на патници за Скопје отпаднаа Артурс Зуинзин (“РФС”) и Евгениј Казачо (“Вентспилс”). 35-годишниот Вишњаковс…

Read More