Легендарниот кошаркарски тренер на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ ја обезбеди својата 22 последователна сезона со позитивен баланс меѓу победите и поразите. Минатата ноќ, Сан Антонио Спарс победи дома против шампионот Голден Стејт Вориорс со 111:105 и има 42 победи и 29 порази од почетокот на регуларниот дел од НБА сезона. 70-годишниот Поповиќ е 5 пати шампион на НБА лигата со Сан Антонио Спарс, три пати беше избран за тренер на годината и 4 пати избран за тренер на мечот на ѕвездите. Тој е на чело на Сан Антонио Спарс од 1996 година.
Author: riste
Македонката Илина Соколовска се пласира во полуфинале на Германија во ритмичка гимнастика. Илина го освои третото место на натпреварот што пред неколку дена се одржа во Германија, а се натпреваруваше со уште 17 спортистки а првите четири се пласираат во полуфинале. Илина има само 12 години, но поради големиот талент настапува во група со спортистки од повисоките категории, кои имаат по 14 или 15 години. „Се натпреваруваше со многу голема конкуренција. Освои трето место, со многу мала разлика од првата и втората. Победничката имаше 21 поен, втората 20, 75 а Илина 20,65 поени. Но, со овие поени и со третото…
Денешната ждрепка ги одредени натпреварувачките двојки за продолжението на плеј-офот во домашното ракометно првенство. Фаворитот за титулата, екипата на Вардар, клучните средби ќе ги има против Еурофарм Работник и Металург, кои би требало да им бидат најсериозните ривали во борба за титулата. Според ждрепката главните натпревари за Вардар ќе се играат во 1-то. и 6-то. коло против Еурофарм Работник, како и во 5-то. и 10-то. коло против Металург. Распоредот на натпреварите вели дека Вардар во последното коло ќе гостува во „Автокоманда“ кај Металург, но шампионот може да биде познат и порано. Во 2. коло тимот на Еурофарм Работник гостува во…
Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за првиот квалификациски натпревар за ЕП 2020 година, прв противник ни е селекцијата на Летонија , а еден од нашите стандардни репрезентативци Енис Барди во изјава за Спортско радио 90,3 потенцираше дека не е проблем што ја имаме фаворитската улога на оваа средба. „Се гледа дека сите сме радосни што сме овде, сметам дека имаме многу голем потенцијал и сите доаѓаме на овој натпревар кој е почеток на квалификациите во добра форма. Поголемиот број на играчи играат и даваат голови и имаат асистенции. Мислам дека сега треба да се сконцентрираме на овој прв натпревар…
Директорот на фудбалската репрезентација на Германија, Оливер Бирхоф, призна дека имаат потенцијални проблеми со иднината на фудбалот во репрезентацијата. „Во моментов имаме помалку таленти во нашите младински селекции. Во моментов ние сме добри во првиот тим, но за 5 години работите може да ни бидат тешки. Ние мора да го поправиме тоа”, рече поранешниот напаѓач. Тој, исто така, повика на трпение со младите играчи на Бундестимот. „Секој знае дека создаваме нов тим и тоа бара време. Сакаме навивачите да не сватат, ако работите не одат на начинот на кој што треба”, продолжи Бироф во изјава за медиумите во Германија. Четирикратниот…
Фудбалерот од средниот ред на Вест Хем Самир Насри изјави дека не е сигурен за својата иднина по крајот на сезоната. Во јануари оваа година 31-годишниот играч од средниот ред потпиша краткорочен договор со „чеканите”, откако ја „одлежа“ казната од 18 месеци поради употреба на забранети супстанции. „Не знам каква ќе биде мојата иднина. Сега имам уште седум натпревари пред себе, во кои се надевам дека ќе играм и нема да добивам повеќе повреди. Потоа ќе мислам што ме очекува. За мене најважно беше да се вратам на теренот и тоа се случи во јануари”, изјави поранешниот играч на Арсенал…
Фудбалерот на Челзи Н‘Голо Канте го изненади персоналот на тренинг базата на репрезентацијата на Франција во Клерфонтон. Играчот од средниот ред се појави во 5:30 наутро – шест часа порано од времето кое го имаше предвидено селекторот Дидие Дешамп за официјален собир на репрезентацијата, објави весникот „Л‘Екип“. Фудбалерот на Челзи патувал од Ливерпул до Франција веднаш по натпреварот кој неговата екипа го загуби на гостувањето кај Евертон во натпревар во Премиер Лигата. Веднаш пр пристигнувањето канте отишол во својата соба на спиење. Интересно е што двајца соиграчи на Канте од Челзи неодамна признаа дека тој е фудбалер кој најчесто доцни…
Ливерпул и Манчестер Сити покажуваат многу сериозен интерес за централниот дефанзивец на Бенфика Феро, тврди во денешниот број португалското издание на весникот „Рекорд“. Се очекува двата тима да конкурираат за португалскиот младински репрезентативец по крајот на сезоната. Скаути на двата тима ги следеле настапите на младиот фудбалер оваа сезона. Тој беше земен во првиот состав на лисабонскиот тим во јануари и веќе има 4 натпревари и 2 погодоци за тимот од Лисабон. Неговиот договор со „орлите” е до 2023 година, но раководството на клубот е подготвено наскоро да му понуди нов и подобрен договор. Тепко дека Бенфика ќе сака да…
По елиминацијата на Атлетико Мадрид од Лигата на Шампионите ѕвездата на тимот Антоан Гризман размислува за својата иднина, а од Барселона повторно ќе се обидат да го ангажираат напаѓачот, тврди францускиот весник „Л‘Екип”, а пренесуваат медиумите во Шпанија. Според изданието до јуни откупната клаузула на играчот ќе биде 120 милиони евра, по што таа ќе порасне до 200 милиони евра, како што е наведено во неговиот нов договор, потпишан минатата година. На почетокот на минатото лето каталонците беа подготвени да ги платат потребните 100 милиони евра, за да го привлечат Гризман, кој сепак, по долго размислување објави во посебен документарен…
Севиља официјално го објави враќањето на Мончи како спортски директор на клубот. Тој ќе стапи на должност на 1-ви април, а во понеделник ќе биде претставен пред медиумите. Познатиот спортски директор помина 17 години како директор во андалузискиот тим пред да се приклучи на Рома во 2017 година Пред девет дена тој сепак ја напушти функцијата во италијанскиот тим. Значи, за него ова ќе биде втор период како дел од раководството на Севиља. Во претходниот клубот ја освои пет пати Лига Европа, два пати Купот на кралот и по еднаш Суперкупот на Шпанија и оној на Европа. Благодарение на него…
