Author: riste

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, веројатно нема да биде толку сериозно повреден. Тоа е она што менаџерот на тимот Јирген Клоп го изјави на прес-конференцијата по победата од 3:1 над Баерн Минхен и пласманот на тимот во 1/4 финалето на Лигата на шампионите. Капитенот на Ливерпул беше принуден да ја напушти играта во првата половина од натпреварот, а навивачите на тимот беа во неизвесност за тоа колку е сериозна оваа повреда. „Џордан има непријатно извртување на зглобот, се надевам дека неговата повреда не е толку сериозна”, рече Клоп, кој им даде надеж на навивачите дека можеби англискиот репрезентативец наскоро ќе…

Read More

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде беше е задоволен од големата победа од 5:1 над Лион и пласманот на неговиот тим во 1/4финалето на Лигата на шампионите. „Секој ме прашува за последните 20 минути во кој буквално експлодиравме, но очигледно забораваме дека игравме против многу добра екипа и  бевме многу добри и во првото полувреме во кое успеавме да постигнеме два гола и да дојдеме до предност што ни ја олесни работата. Ова натпреварување е тешко и секој може да ти биде животот покомплициран. Но, добро игравме во двете средби и едноставно бевме поефикасни во офанзивата на оваа. Имаме сериозни амбиции…

Read More

Првиот трансфер на Зинедин Зидан по неговото враќање во Реал Мадрид ќе биде дефанзивецот Едер Милитао од Порто, пишува денеска весникот „Марка“. Фудбалерот беше поврзуван со Реал Мадрид и порано, но сега се тврди дека се е прецизирано и овој трансфер ќе биде потврден или до крајот на март или на почетокот на април. Реал успеа да ги реши проблемите поврзани со поранешниот клуб на играчот Сао Паоло, кој сеуште држи дел од неговите права и на тој начин ќе биде првото ново засилување на тимот за следната сезона. Во оваа сезона Реал Мадрид има имаа сериозни проблеми во центарот…

Read More

По одигрувањето на последните два натпревари од 1/8-финалето во Лигата на шампионите, веќе се познати сите екипи кои продолжуваат понатаму и ќе играат во ¼ финалето. Во оваа фаза од ЛШ видовме некои големи дуелии многу изненадувања. Најголемото изненадување беше елиминацијата на носителот на трофејот од последните три сезони Реал Мадрид, кој беше елиминиран од Ајакс по поразот со 1:4 на „Сантијаго Бернабеу” (2:1 за Реал во првиот дуел). Другиот голем подвиг го направи Манчестер Јунајтед, кој го елиминираше ПСЖ, по успехот со 3:1 во реваншот на „Парк де Пренс”, покрај поразот со 0:2 во првиот натпревар. Доста тешко помина…

Read More

Иднината на тренерот на Шалке Доменико Тедеско во германскиот прволигаш станува под сериозно знак прашање по поразот на германскиот тим со 7:0 на гостувањето кај Манчестер Сити. Новиот спортски директор на оваа екипа Јохан Шнајдер јасно стави до знаење одговарајќи на прашање поврзано со оваа тема. „Ќе ги искористиме следните неколку часа, за да разговараме за ситуацијата. Ќе го објавиме нашето решение утре”, изјави Шнајдер пред медиумите во Германија. Тој додаде дека не може да гарантира кој ќе биде предводник на тимот во неговиот следен официјален натпревар. 33-годишниот Доменико Тедеско е под сериозно притисоци поради исклучително променливата сезона на тимот…

Read More

Јувентус победи со 3:0 против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите и обезбеди место во 1/4 финалето на Лигата на шампионите, тоа секако носи дополнителен приход на клубот, но интересно е тоа што оваа средба беше рекордна и според приходот од продажбата на влезници за еден натпревар. Самиот клуб се пофали дека имале приход од 5,5 милиони евра, а претходниот најголем приход беше исто така оваа сезона во истото натпреварување кога загубија со 1:2 од Манчестер Јунајтед во групната фаза. Тогаш собраните пари од влезници изнесуваа 5 милиони евра. Синоќа, стадионот беше преполн, па дури и од трибината „Курва суд“,…

Read More

Зинедин Зидан го имаше првиот тренинг со фудбалерите на Реал Мадрид по враќањето како тренер на тимот, објавија денес од страна на шпанскиот фудбалски гигант на „Твитер”. 46-годишниот Французин потпиша договор до летото 2022 година во понеделникот, заменувајќи го на функцијата Сантијаго Солари. Францускиот тренер се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ каде претходно освои се што можеше да се освои, а аа прв пат Зидан го презеде Реал Мадрид во јануари 2016 година. Реал е домаќин на Селта Виго на натпреварот од 28-то коло на Шпанскиот шампионат. Реал во моментов е на третото место на табелата со вкупно 51 бод. Лидер…

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри призна дека тимот ќе се потпира многу на поддршката на своите фанови во вечерашниот натпревар со Атлетико Мадрид. Стратегот на Јувентус смета дека евентуалниот успех во дуелот помеѓу двата тима не значи дека Јувентус е фаворит за освојување на Лигата на Шампионите. „На половина пат сме во двомечот со Атлетико. Даглас Коста доби болки на последниот тренинг и нема да биде на располагање за овој натпревар. Сите останати се чувствуваат добро и се подготвени за овој голем натпревар. Треба да се обидеме да го добиеме овој натпрева. Ќе биде тешко да играме со сите сили…

Read More

Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, призна дека трофејот во Лигата на шампионите е попрестижен од Премиер лигата, но тој е подготвен да го жртвува својот сон за неговиот клуб и за градот. „Ќе бидам искрен со вас, најпрестижното натпреварување за мене е Лигата на шампионите. Но сонот за целиот град и клубот е титулата во Премиер Лигата. Затоа ќе бидам среќен да го жртвувам мојот сон за нив, но ако победиме и во двете конкуренции, би било одлично. Тоа е она што ние се обидуваме да го направиме. Конкуренцијата е многу голема и имаме тешки натпревари до крајот, како…

Read More

Интер нема да може да смета на Мауро Икарди во неделното „Дерби делла Мадонина” со Милан, објави весникот „Тутоспорт“. Разговорите меѓу Аргентинецот, неговата сопруга Ванда Нара и извршниот директор Џузепе Марота не довеле до потребниот резултат и напаѓачот нема да ги обнови тренинзите со тимот. Во четврток на Интер му претстои многу тежок реванш натпревар со Ајнтрахт (Франкуфрт), а опциите пред тренерот Лучиано Спалети за избор на почетниот состав се крајно ограничени. Интер има точно 11 играчи кои можат да настапат на оваа средба, а Икарди нема да му помогне на својот тим во 1/8 финалето на Лига Европа. Ситуацијата…

Read More