Поранешниот тренер на Реал Мадрид Јулен Лопетеги поднел тужба во судот во шпанската престолнина против поранешните работодавците, а предмет на жалбата е обештетувањето кое го бара Лопетеги во износ од 28 милиони евра, тврдат медиумите во Мадрид. 52-годишниот шпански тренер беше отпуштен од „Кралскиот клуб“ во октомври 2018 година. Лопетеги сака да му биде испалетн целиот износ кој му бил договорен како вкупен приход од плата. Поранешниот голман, исто така, изрази незадоволство што претседателот Флорентино Перез не му кажал за разрешувањето лично. Стратегот го предводеше тимот од јули 2018 година и тоа започна веднаш со скандал, напуштајќи ја репрезентацијата на…
Author: riste
Тренерот на Рома Еузебио ди Франческо размислува да поднесе оставка по поразот од Порто и елиминацијата на тимот уште во 1/8-финалето од Лигата на Шампионите. Тренерот одби да зборува пред медиумите по натпреварот на таа тема, но за неговите размислувања зборуваше крилото на Рома Диего Пероти. „Тренерот е разочаран, како и сите ние. Елиминирани сме по 120 минути и болно е да бидеш елиминиран на тој начин. Мислам дека заслужуваме повеќе. Порто одигра добро дома и навивачите му дадоа сила, но имавме шанса да победиме. Ние секогаш сакаме да одиме до крај, никој не сака да испадне од Лигата на…
Популарниот британски весник „Телеграф“ објави дека речиси е сигурно доаѓањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид. „Мурињо се враќа во Мадрид речиси 100%”, напиша весникот и тоа наиде на големо внимание кај мадридските медиуми. Англиското издание не е сигурно дали португалецот ќе се врати во Реал Мадрид сега или во текот на летото. Весникот „АС” тврди дека раководството на Кралскиот клуб започнале преговори со Мурињо. „Клубот започна вчера контакти со агентот на португалскиот тренер Жорже Мендеш, за да преговара за враќање на тренерот, кој го водеше Реал Мадрид меѓу 2010 и 2013 година. Од Мадрид мора да го убедат тренерот…
Италијанскиот тим Милан има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума. Според медиумите во Италија, новиот договор со 20-годишниот Италијански голман ќе биде со важност до јуни 2024 година. Платата на Донарума исто така ќе биде зголемена со новиот договор. Во моментов младиот голман на „росонерите“ заработува по 6 милиони евра за сезона. Овој договор кој во моментов го има италијанска надеж истекува во 2021 година. Во тековната сезона, Донарума играше 29 натпревари за Милан, во кои прими 23 гола.
Предводникот на ПСЖ, Томас Тухел немаше логично објаснување за поразот од Манчестер Јунајтед со 1:3 и елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите и то аво оваа 1/8 финална фаза. Според него, овој резултат е необјаснив со оглед на тоа што покажаа двата тима и тој воопшто не верувал во играта што гостите ќе ја одиграат и ќе ги направи како конечни победници. „Лесно е да се објасни што се случи: Примивме два гола по две наши грешки во првата половина од натпреварот. Целосно го контролиравме натпреварот во првите 30 минути. Ние покажавме класа, психологија и добар одговор по…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер откри дека неговиот план за натпреварот со Пари Сен Жермен од 1/8-финалето во Лигата на Шампионите беше токму таков каков што се случи. Тој призна дека немал намера неговиот тим да се надиграва со ПСЖ, а сакал да ги задржи шанси до последните минути, кога ќе го нанесе својот удар. „Отсекогаш сме верувале дека можеме да продолжиме понатаму. Планот не вклучуваше идеја да се надигруваме со ПСЖ, бидејќи ако дадеш премногу простор на овој тим, тој може да те казни. Видовте што се случи неколку пати во првото полувреме, кога направивме некои грешки…
Тренерот на Порто Серџо Консисао беше пресреќен по успехот на неговиот тим и победата од 3:1 над Рома, а со тоа и пласман во ¼ финалето од Лигата на Шампионите. Тој ги преплави со пофалби своите играчи и изјави дека нивната презентација била фантастична. „Фантастични перформанси од мојот тим. Го поздравувам секој од играчите за тоа како добро се подготвија, мислам во однос на тактиката и стратегијата со сите можни промени во шемата на игра. Сакав да создаваме шанси и да победиме, но најважно беше дека вечерва знаевме што треба да правиме, кога топката не е во наш посед”, изјави…
Ракометарите на Металург претрпеа нов пораз во рамките на регуларниот дел од сезоната во СЕХА лигата. На гостувањето против Татран Прешов, „металурзите“ загубија со 30:20 (16:11) во меч во кој домашните беа подобар противник од самиот почеток. Домашните имаа предност уште од самиот старт, која на полувреме ја сведоа во плус 4. Во вториот дел падна темпото на игра кај нашиот преставник, а Татран тоа успеа да го претвори во убедлива победа со 10 гола разлика. Димитар Димитриоски и Анте Токиќ со по четири гола беа најефикасни во редовите на македонскиот првак.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) во координација со клубовите учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите и ТВ куќите што ги имаат правата ги одредија термините за одигрување на натпреварите. Нашиот шампион Вардар во оваа фаза ќе игра против ППД Загреб. На првиот натпревар домаќин е хрватскиот тим и тој е закажан за 23 март (сабота) во 20:30 часот во „Арена Загреб“. Реваншот во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ ќе се игра на 30 март (сабота) 2019 година во 19:30 часот. Во текот на наредните денови од Вардар ќе излезат со дополнителни информации околу продажбата на билетите за осминафиналниот меч што се…
Манчестер Јунајтед ова лето ќе се обиде да го привлече Паоло Дибала. Според весикот „Сан“, од овој клуб веќе неколку пати имаат испратено свои преставници за да го следат Дибала во живо и ги гледаат натпреварите на Јувентус за да го следат убаво 25-годишниот Аргентинец. Италијанскиот шампион е подготвен да го продаде Дибула за 140 милиони евра. Друга опција би можела да биде размена во која ќе биде вклучен Ромелу Лукаку. Дибала исто така е интересен за уште еден тим, италијанскиот Интер. Во текот на оваа сезона, Дибала одигра 32 натпревари за Јувентус, постигна девет гола и имаше четири асистенции.
