Author: riste

Една од ѕвездите на Челзи Еден Азар се споменува како првата трансферна цел на Зинедин Зидан по повторното враќање на француската легенда на чело на Реал Мадрид. Според британското издание „Телеграф” на „Бернабеу” дури веќе се ангажирале за евентуалното реализирање на оваа зделка и направиле контакт со своите колеги од „Стемфорд Бриџ” со барање под какви услови може да им биде продаден белгискиот репрезентативец. Не е тајна дека Зидан посакува да го види Еден Азар во својата екипа и тоа е јасно одамна. Желбата на „кралевите” е да го привлечат Белгиецот со тригодишен договор до 2022 година, а трансферната сума…

Read More

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез го врати доброто расположение кај него и кај навивачите на екипата по враќањето на Зинедин Зидан на чело на Реал Мадрид. Неговата екипа оваа сезона ќе остане без освоен трофеј, но Перез веќе гледа со ентузијазам кон иднината. Веднаш по претставувањето на Зидан на „Сантијаго Бернабеу”, Перез се појави на добротворен настан во шпанската престолнина. Тој веднаш бил „нападнат” од новинари со прашања во врска со фудбалот. „Меѓу Реал Мадрид и Зинедин Зидан има убава приказна која трае веќе 18 години. Тој е човек кој предизвикува ентузијазам, не само во Шпанија туку и во…

Read More

Она што беше најавувано полека се реализира, а официјалната веб страница на Реал Мадрид потсети за успесите кои ги има Зинедин Зидан како тренер на Реал Мадрид и потсетува дека токму тој го држи рекордот за клупски тренер според резултатите во првите 70 натпревари – 51 победа, 14 нерешени и само 5 порази. Под негово раководство Реал Мадрид постави рекорд исто така за најмногу последователни натпревари со постигнат гол во Шпанија – 73, како и најмногу последователни средби без пораз (40). Во Италија веднаш потенцираа дека со ова се стави крај на шпекулациите дека Зидан ќе го замени Масимилиано Алегри…

Read More

И покрај тоа што беше поврзувам со трансфер во неколку европски гиганти, еден од најдобрите леви бекови во моментов , Жорди Алба, се реши да ја продолжи соработката со Барселона, и денес потпиша нов договор. Со новиот договор, шпанскиот репрезентативец ќе остане на „Камп Ноу“најмалку до 2024 година, кога ќе наполни 35 години, па многу веројатно својата кариера ќе ја заврши како член на овој тим. „Ова е емотивен и посебен ден за мене. Навистина многу сум среќен. Сакам да ѝ се заблагодарам на Барса за довербата која ми ја дава“, изјави Жорди Алба по потпшишувањето на новиот договор. Алба е…

Read More

Зинедин Зидан ќе се врати како спасител во Реал Мадрид и ќе го преземе тимот како прв тренер. Ова беше објавено во исклучиво популарната шпанска телевизиска емисија „Jugones на La Sexta TV“, подоцна веста беше потврдена од страна на водечките шпански медиуми „Марка“ и „АС“. Од „Сантијаго Бернабеу“ одлучиле дека Сантијаго Солари не треба повеќе да го води тимот, а вечерва ќе го објават името на францускиот тренер и тој уште утре ќе го води тренингот на првиот тим. Зидан одговорил позитивно на второто барање на Флорентино Перез. Тој ќе потпише договор до летото 2022 година. Французинот беше првиот избор…

Read More

Клаудио Раниери кој важи за еден од најискусните фудбалски стратези во светот имаше само неколку слободни денови откако го напушти кормилото на Фулам, затоа што  веднаш пронајде нов ангажман и потпиша за италијанскиот гигант Рома. Раниери по осум години се враќа во редовите на „волчицата“, а по денешната промоција изјави дека било невозможно да се одбие понудата на својот клуб. „Среќен сум што се враќам дома. Кога Рома те бара, невозможно е да се одбие“, изјави Раниери на денешната промоција. Клаудио раниери кој е роден во Рим ќе има можност да го поправа впечатокот на оваа екипа и да избори…

Read More

Играчот од средниот ред на Севиља, Пабло Сарабија, одби да биде продаден во екипата на Челзи. Според весникот „Ел Мундо Депортиво“, лондонскиот клуб понудил договор за 26-годишниот играч од средниот ред во текот на изминатиот преоден рок во јануари, но тој сепак избрал да остане во Шпанија. Оваа сезона, Пабло Сарабија одигра 25 натпревари во „Ла Лига“, постигнувајќи осум гола. Во Лигата на Европа има одиграно 12 натпревари и постигнато осум гола. Токму овие настапи го натерале Челзи да му понуди договор, но тој бил одбиен од страна на играчот.

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро сосема очекувано  беше прогласен за најдобар играч во Премиер Лигата за месец февруари, по неговата одлична игра на натпреварите за својата екипа. Аргентинецот постигна 7 гола, реализирајќи два хет трика против Арсенал и Челзи, а неговиот тим победи на сите четири натпревари, а со тоа го надмина Ливерпул на врвот на табелата. Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола исто така логично ја доби наградата за најдобар менаџер за изминатиот месец. Ова е шести пат како тој ја освојува оваа награда, но ова е прв пат оваа сезона наградата да заврши кај него. Агуеро, исто…

Read More

Фудбалската легнда на „Кралскиот клуб“ Уго Санчез не за првпат отворено се предложи самиот за тренер на Реал Мадрид. „Секогаш сум подготвен да помогнам и да работам во мојот дом, бидејќи Реал Мадрид е мојот дом. Претседателот Флорентино Перез веќе знае низ директен разговор дека сум на располагање да помогнам само доколку тој посака”, изјави 60-годишниот Мексиканец за „ESPN“. „Во моментов по продажбата на голгетер како Кристијано Роналдо, немаме централен напаѓач. Ќе земам двајца централни напаѓачи. Ако некој не е во форма, ќе го вклучам другиот”, вели Санчез. „Ако Реал Мадрид ме ангажира, нема да го изневерам. Се надевам дека…

Read More

В.Д. претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини заедно со селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски одржаа состанок со амбасадорот на Република Мексико од Белград, Марко Антонио Гарсија Бланко и почесниот конзул на Мексико во Македонија, Енвер Малиќи во хотел „Парк“ во Скопје. Во таа пригода првиот човек на ФФМ му врачи дрес од македонската репрезентација на амбасадорот од Мексико истакнувајќи дека „Амбасадорот Гарсија Бланко е голем поддржувач на фудбалот и нас ни е мило што добивме пријател кој е влијателен во еден сериозен и моќен фудбалски сојуз како мексиканскиот. Овој продуктивен состанок секако ќе биде од…

Read More