Германскиот интернационалец и фудбалер на италијанскиот шампион Јувентус Сами Кедира ќе се врати во игра на крајот од март, објавија медиумите во Италија. 31-годишниот играч од средниот ред беше подложен на операција на срцето на 19-ти февруари поради срцева аритмија, но тој се опоравува побрзо отколку што се очекуваше. Фудбалерот од средниот ред го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Атлетико (Мадрид), кој неговата екипа го загуби со 2:0. Оваа сезона Кедира одигра 15 натпревари за Јувентус, во кои постигна два гола.
Author: riste
Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс е свесен за реалностите на фудбалот и сфаќа дека ќе биде вистински подвиг за неговиот тим да го елиминира Реал Мадрид од Лигата на шампионите. Холанѓаните одиграа одлично на првиот натпревар, но загубија 1:2. „Мојата работа е да се изгради тим од врвна класа, но ние не можеме да ги задржиме играчите како што тоа го прават во Мадрид или Барселона. На пример, Силесен четири години се наоѓаат на клупата на Барса. Пред две години игравме финалето на Лигата на Европа и го обновивме тимот, бидејќи загубивме некои играчи”, изјави популарниот Холанѓанец во интервју…
Француските медиуми утринава објавија информација дека 21-годишниот фудбалер на Бордо, Самуел Калу се соочува со вистинска семејна драма, откако неговата мајка била киднапирана во Нигерија. Киднаперите ја грабнале неговата мајка Жулиет Калу од нејзината кола во местото Абиба, а за да ја ослободат барале откуп од 400.000 евра. Полициските власти во Нигерија изјавија дека сè уште нема осомничени за овој немил настан и посочија дека работат на расветлување на случајот. Самуел Калу е играч на Бордо од 2018 година и досега има одиграно 13 натпревари, а притоа постигна два гола. Тој исто така е член на репрезентацијата на Нигерија за која дебитираше…
Тренерот на Ајакс од Амстердам Ерик тен Хаг се надева дека неговите фудбалери ќе го искористат отсуството на капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос и ќе успеат да победат на „Сантијаго Бернабеу” на реванш средбата од осминафиналето на Лигата на шампионите. Рамос доби жолт картон кон крајот на првиот дуел кој Реал го доби со 2:1 и поради акумулирани картони ќе го пропушти денешниот меч. Казната на Серхио Рамос е сега два натпревари откако УЕФА одлучи дека тој намерно го направил жолтиот картон против Ајакс. Начо Фернандез најверојатно ќе го замени Рамос во одбраната на Реал. „Ова е огромен удар…
Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон призна дека бил следен од скаути на Манчестер Јунајтед, но исто така дека во минатото одбил сериозна понуда на Манчестер Сити, а тоа се случило кога започнал мултимилионскиот проект на „граѓаните”. Сега Џиџи ги брани боите на ПСЖ и ќе се соочи со Манчестер Јунајтед во реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампиони. „Кога бев момче и играв за тимот на Парма, Алекс Фергусон ме следеше нон-стоп во тек на три години. Секогаш испраќаше скаути да ме гледаат. Во тоа време Парма беше мојот свет и не сакав да го напуштам клубот. Подоцна одбив сериозна…
Мауро Икарди повторно нема да се најде во составот на Интер, откако одбил да се приклучи на тимот пред најважно гостување на „нероазурите” кај Ајнтрахт (Франкфурт). Аргентинецот му рекол на Лучијано Спалети дека сѐ уште чувствува болка во колената и не сака да го ризикува своето здравје. Последниот натпревар на Икарди во дресот на Интер беше на 9 февруари, а четири дена подоцна клубот му ја одзеде капитенската лента на Аргентинецот. Битката меѓу Интер, Мауро Икарди и Ванда Нара продолжува со полн интензитет. Тешко би можело да се предвиди што ќе се случи до крајот на сезоната, но барем засега…
Фудбалерот на Реал Мадрид Марко Асенсио е предмет на интерес од страна на италијанскиот гигант Јувентус, каде во текот на минатото лето премина Кристијано Роналдо, соопштува „Тутоспорт”. Марко Асенсио го загуби својот статус како првотимец и е подготвен да го напушти Реал, иако неговиот договор со Реал истекува во 2023 година. Во следното летото Реал Мадрид се подготвува за големи промени во тимот, што исто така ќе го олесни ваквиот договор. Проблем може да биде релативно високата цена на Асенсио кој во оваа сезона има 20 натпревари за Реал, во кои постигна 1 гол и имаше пет асистенции. Во календарската…
Ракометарите на Еурофарм Работник ја забележаа првата победа во ЕХФ Купот и испишаа нова страница во својата историја. Во рамки од четвртото коло на ова натпреварување, битолскиот тим успеа пред својата публика во салата „Боро Чурлевски“ со голема поддршка од публиката да дојде до победа против екипата на Нексе од Нашице со 29:28. И покрај тоа што тренерот Стевче Алушовски и на овој меч останаа без помошта на Пецаковски и Чурлевски, а поради повреда во составот не беше и Михаил Петровски сепак неговата екипа играше добро и на крајот се радуваше на првата победа оваа сезона во групната фаза од…
По комплетирањето на последното коло во ракометната Лига на шампиони, познати се сите парови во првата нокаут-фаза од ова натпреварување, односно во осминафиналето. Македонскиот шампион Вардар ќе игра против добриот познаник ППД Загреб во балканското дерби. Но Македонија има своои преставници и во уште неколку екипи кои ќе играат во оваа фаза, па така Кире Лазаров и француски Нант ќе играат против Рајн Некар Левен каде настапува Филип Талески. Дејан Манасков кој е дел од екипата на Веспрем би требало да има лесна задача против Спортинг Лисабон. Во останатите натпревари се срешаваат Мешков Брест против германскиот бундеслигаш Флензбург, Висла Плок…
Раководството на Манчестер Сити ќе му предложи нов шестгодишен договор на Бернардо Силва, вели весникот „Сан“. Менаџерот на „граѓаните” Пеп Гвардиола е исклучително задоволен од португалскиот репрезентативец и сака да го задржи за долг период на „Етихад”. 24-годишниот фудбалер е главна фигура во редовите на шпанскиот стручњак од почетокот на сезоната и игра исклучително стабилно, па неслучајно веќе успеа да го привлече вниманието на шпанските гиганти Барселона и Реал (Мадрид). Манчестер Сити ќе му понуди речиси двојно поголема плата на својот играч за да го убеди да потпише нов договор. Во моментов, Бернардо Силва добива 100.000 фунти неделно во клубот…
