Каратистите од Карате клубот Макпетрол – Скопје, денеска заминуваат за Салзбург, Австрија. Во Салзбург ќе се одржи третиот по ред овогодишен турнир од најпрестижните натпревари во карате спортот, тоа е турнир од така наречената А серија. На овој турнир пријавени се каратисти- ки и национални репрезентации од рекордни 99 држави со исто така до сега рекорден број на натпреварувачи вкупно 2057. Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски пред тргнувањето изјави: „Во Салзбург ќе биде пеколно тешко да се освои медал или пак да се оствари пласман помеѓу најдобрите 10 од целиот свет. Ова што се случува во карате спортот од како станавме олимписки спорт, до…
Author: riste
Фудбалската федерација на Македонија денес и официјално објави дека ја исплати рекордната премија во износ од 500.000 евра за освоеното прво место на А репрезентацијата на Македонија во групата од УЕФА Лига на нации. Раководството на ФФМ за пласманот во баражот за ЕП 2020. ја вети најголемата премија во историјата на македонскиот спорт, а паричната награда ја поделија репрезентативците и стручниот штаб во најдобарата фудбалска репрезентација на Македонија. „Фудбалската федерација на Македонија ја исплати премијата за пласман во завршана фаза од Лига на нации и со тоа поставивме стандард како ќе работиме и во иднина. Пласманот на ЕП 2020 година…
Речиси сите играчи од стартниот состав на Манчестер Јунајтед се повредени, но привремениот менаџер Оле Гунар Солскјер е оптимист. Во среда навечер неговиот тим гостува на Кристал Палас во дуел од вонредното колона Премиерлигата и тој ќе мора да прави доста промени. Како сигурни стартери се дефинираат Алексис Санчез и Ромелу Лукаку, кои во принцип не се редовно меѓу старните единаесет. „Ова е шанса за Ромелу и Алексис да го потврдат својот потенцијал – изјави Солскјер. „Репутацијата е едно, но потенцијалот е друго. Верувам во можности кои ги имаат, бидејќи двајцата се добри момци и се разбираат одлично на теренот.…
Судијата Розарио Абисо е суспендиран и нема да суди на наредните три натпревари. Абисо го навлече гневот на „нероаузрите” од Милано при драматичниот финиш на мечот кој заврши 3:3 со Фиорентина на „Артемио Франки” во Фиренца. Абисо донесе контрадикторна одлука да досуди контраверзен пенал во корист на „виолетовите” и тоа во дополнителното време и со тоа им овозможи на Фиорентина да дојдат до бод во 101-та минута. Судијата досуди пенал во корист на домаќините за игра со рака на Данило Д’Амброзио, иако топката удри во градите на фудбалерот. Абисо нема да суди практично еден месец до 24-ти март. Покрај тоа,…
Раководството на Интер е подготвено да ја укине клаузулата за откуп на својата ѕвезда Мауро Икарди, пишува весникот „La Repubblica“. Одлуката беше донесена на инсистирање на новиот генерален директор на клубот Џузепе Марота. Тој е на мислење дека новиот, проширен договор за напаѓачот, со фиксна цена од 80 милиони евра, ќе биде добар за двете страни. Овој договор со Иркарди е до 2021 година. Постои точка во која се вели дека неговата клауза за откуп е 110 милиони евра, важи само за еден месец во лето и за клубовите надвор од Италија. Двете страни преговараат за обновување неколку месеци, но…
Раководството на Челзи нема да наметнува никаква казна на голманот Кепа Аризабалага за одбивањето на овој голман да биде заменет за време на вчерашното финале во Лига Купот против Манчестер Сити. Најскапиот голман во светот доби повреда на мускулот во последните минути од продолженијата и Сари одлучи да го замени со Кабајеро. Кепа, сепак, одби да го напушти теренот, објаснувајќи дека е добар и може да одигра до крај. Сепак, менаџерот на Челзи настојуваше да биде направена промената и Кабајеро да ги брани пеналите. Шпанскиот голман спак одби да ја напушти средбата. По натпреварот кој Манчестер Сити го доби по…
Италијанскиот тим Милан ќе може да смета на Пепе Реина и Сусо за натпреварот кој се игра утре во рамките на ½ финалето од Купот на Италија против Лацио. Шпанскиот голман се враќа во составот на „Росонерите“ по пауза од еден месец по санирањето на повредата, додека Сусо паузираше поради акумулирани жолти картони. Што се однесува до Матија Калдара, Џакомо Бонавентура и Кристијан Запата тие остануваат и понатаму надвор од комбинација и одделно се подготвуваат за враќање на теренот.
Победник на велеслаломската трка од Светскиот куп одржана во Банско – Бугарија е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој успеа да ги искористи грешките на Марсел Хиршер од Австрија и да дојде до победа со време 2.26,87. Хиршер кој беше водечки по првата трка направи неколку мали грешки во втората, што на крајот го доведе до победа Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој ги надокнади 22 стотинки кои ги имаше како заостанување по првата трка зад Хиршер. Французинот Томас Фанара заврши на трето место по крајот на денешните две трки во Банско.
Лестер Сити го отпушти својот менаџер Клод Пуел по вчерашниот пораз од Кристал Палас во ова коло од Премиер Лигата. Лестер Сити загуби на домашен терен со 1:4 и то аго натера раководството на поранешниот шампион на Премиер лигата на ваков потег. Ова беше трет последователен пораз за „лисиците” кои не победија во последните седум натпревари. 52-годишниот Французин го презеде Лестер Сити на 25 октомври 2017 година. Под негово водство, тимот забележа 19 победи и 24 порази во 56 натпревари. Клод Пуел го напушта својот тим оставајќи го на 12-то место во Премиер Лигата со 32 поени.
Сеуште се свежи сеќаваата на дебаклот кој на „Итихад“ го доживеа Челзи и Маурицио Сари на првенствениот натпевар со Манчестер Сити, а овие две екипи денес го играат финалето од „Карабао Купот“. Екипата на Пеп Гвардиола ја освои титулата минатата сезона и ќе се обиде да ја одбрани против Челзи кој секако дека влегува со многу проблеми во оваа средба. Маурицио Сари има голем притисок, а тој може да биде намален со евентуална победа, доколку се случи спротивното постојат големи шанси Италијанецот да си замине на крајот од сезоната. Џон Стоунс, Бенџамин Менди и Габриел Хесус поради повреди ќе го…
