Author: riste

Менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон, стана највозрасниот менаџер кој водел тим во натпревар од Премиер Лигата. Тој ја предводеше екипата на Кристал Палас во победата од 4:1 како гостин кај Лестер Сити со наполнети 71 година и 198 дена и го собори за шест дена повеќе достигнување на покојниот Сер Боби Робсон. Третиот во клубот над 70 е Сер Алекс Фергусон, кој го предводеше Манчестер Јунајтед со наполнети 71-година и 139-дена на натпревар од Премиер лигата.

Read More

Хрватскиот фудбалер во редовите на Барселона Иван Ракитиќ побрза да ги демантира информациите околу својата иднина и најави дека себе се гледа само и единствено на „Ноу Камп”. Во последните денови тој е поврзуван со ПСЖ, Баерн (Минхен) и Интер. Се почесто се зборува дека во текот на летото играчот ќе си замине од Барселона, но искусниот фудбалер објави дека нема такво нешто. „Имам уште три години до крајот на договорот со Барселона и мојата желба е да си го исполнам договорот и да останам тука во текот на овој период”, изјави Ракитиќ на новинарите по победата со 4:2 над…

Read More

Ракометарите на Вардар победија на гоствањето кај Кристианштад, но многу потешко од очекувањата.Вардар победи со 32:30, благодарени на добрата игра во вториот дел. Вардар лошо го започна натпреварот и по стартното водство од 1:0 му дозволи на домашниот тим да има контрола над резултатот и константно да биде во предност. Само уште двапати во првото полувреме Вардар имаше предност од 10:9 и 16:15, додека во самата завршница на првиот дел Кристианштад успеа да дојде најнапред до израмнување, а потоа и до водство со кое замина на одмор од 17:16. Во второто полувреме нешто подобра игра на Вардар, но еден од…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација е поразена на дуелот со Романија одигран во Плоешти. Конечниот резултат на оваа средба беше 65:53), но поради повисоката победа на првиот меѓусебен меч во Скопје, Македонија патува во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2021 година. Нашиата репрезентација не одигра на посакуваното ниво и не успеа да дојде до победа на оваа средба, а Романија доминираше и имаше предност во текот на целиот натпревар. Сепак поразот од 12 поени разлика не носи во наредната фаза, меѓу најдобрите 32 селекции во Европа. По очајно прво полувреме или први две четвртини домашната селекција замина…

Read More

Секој од играчите во стартниот состав на Атлетико Мадрид во натпреварот со Јувентус вчера има барем 5 години стаж во тимот на „јорганџиите“, покажува оваа интересна статистика. Најмногу години во Атлетико има Коке (19), а по него се наоѓа еден друг играч – Саул Нигес (11). По 9 години во клубот имаат тројца фудбалери – напаѓачот Диего Коста, десниот бек Хуанфран и Уругвајскиот централен дефанзивец Диего Годин. Филипе Луис и домашниот играч од средниот ред Томас се осум години во клубот. Други двајца од стартерите вчера – Родри и Уругвајскиот централен дефанзивец Хозе Хименес имаат по 6 години во тимот,…

Read More

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) денес ја објави казната која му е определена на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Германскиот стручњак ќе треба да плати 45.000 фунти поради коментарите за судењето по натпреварот со Вест Хем. Неговиот тим одигра нерешени 1:1 на овој натпревар, а тој реагираше на судењето на помошникот на главниот судија, Кевин Френд. „Слушнав дека нашиот погодок беше офсајд. Сигурен сум дека судијата знаеше за тоа“ , биле зборовите на Јирген Клуп по натпреварот со Вест Хем. Оваа висока парична казна ФА ја образложи со објаснување дека Клоп го „нарушил интегритетот на судијата и имплицирал пристрастност“. Очигледно дека…

Read More

На вчерашниот натпревар одигран на „Енфилд“ кој заврши без голови меѓу Ливерпул и Баерн Минхен, една од ѕвездите на Баерн Минхен, крилото Франк Рибери се појави на теренот во 81-та минута како замена на Кингсли Коман. На овој начин тој го запиша својот натпревар број 100 во дресот на Баерн во европските клубски натпреварувања. Рибери игра за Баварскиот гигант од 2007 година. Токму овој резултат 0:0 го остави Баерн непоразен како гостин во Лигата на Шампионите по деветти пат по ред. Последното пораз на тимот при гостување беше во септември 2017-та година, кога загубија со 0:3 во Париз од Пари…

Read More

Само еден ден откако ја прекинаа соработката со српскиот стратег Ѓорѓе Чирковиќ, ракометниот клуб Еурофарм Работбик го назначи новиот предводник, со кој тимот ќе ги продолжи со настапите во ЕХФ Купот и домашниот шампионат. Од денес, официјално нов стратег на оваа екипа е легендата на македонскиот ракомет, Стевче Алушовски. Поранешниот член на Пелистер, Вардар, Преспа и Металург, како и долгогодишен репрезентативец на Македонија, по пауза од една година се враќа во родната Битола, откако во првиот дел од минатата сезона со голем успех и 11 победи во низа го водеше Пелистер. „Ја информираме јавноста дека РК Еурофарм Работник во реализација на своите зацртани…

Read More

По сигурниот трансфер на Диего Годин по крајот на сезоната, Интер подготвува уште една сериозна зделка со која значително ќе ги засили своите редови. Раководството на „нероазурите” преставувано од Џузепе Марота и Пиеро Аузилио започна преговори со Барселона за потписот на хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ. Веста беше објавено на насловната страница на „Газета дело Спорт“, а изданието додава дека Интер веќе им понудил 35 милиони евра на каталонците. Барса одговори дека се подготвени да се разделат од нејзиниот играч за 45 милиони евра, но сигналите за трансферот на Ракитиќ во Интер се прилично позитивни. Хрватскиот фудбалер има договор со Барселона…

Read More

Во вториот вечерашен натпревар, во Гелзенкирхен на „Фелтинс Арена“ домашниот Шалке го пречекува Англискиот гигант Манчестер Сити кој ќе се обиде да го реши исходот на судирот со Шалке уште вечерва на ова гостување во првиот 1/8-финален меч од Лигата на шампионите. „Граѓаните” се тотален фаворит, а оваа улога беше призната дури и од менаџерот на оваа екипа Пеп Гвардиола. Од почетокот на 2019 година Манчестер Сити играше 12 натпревари, победи на 11 од нив и постигна 46 гола. Во исто време Шалке има една тешка и торбулентна сезона и се блиску е до зоната за испаѓање. Во составот на…

Read More