Author: riste

Голгетерот на Атлетико Антоан Гризман одлично се чувствува на „Ванда Метрополитано“, тоа го истакна во пресрет на мечот од Лигата на шампионите против Јувентус. „Знам дека сум важен за тимот и ќе дадам се за да му помогнем на овој клуб да оди колку што е можно подалеку во сезоната. Ние го сакаме стилот на Атлетико, нема да го промениме за ништо на светот. Токму тоа ни помага да победиме”, изјави Гризман. „На почетокот беше тешко. Доколку сакате да стоите напред и да чекате да ви додадат топка, тоа овде не е можно. Тука треба да му помогнете на тимот,…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне изрази задоволство од новиот договор со „јорганџиите“. Вчера од „Ванда Метрополитано“ официјално го објавија новиот договор. „Потпишав нов договор поради играчите. Сакам да им се заблагодарам за нивната напорна работа во текот на годините. Тие ми даваат моќ да ги преземат предизвиците што ќе се случат. Фудбалерите се најважни и благодарение на нив ќе продолжиме понатаму, бидејќи се млади и талентирани”, изјави Симеоне на прес-конференција пред саботната средба со Рајо Ваљекано. „Против Бетис и Реал Мадрид, клучните ситуации не беа на наша страна. Ние се стремиме да ги разгледаме деталите и да ги елиминираме…

Read More

Системот „ВАР“ работеше совршено на сите стадиони кои беа домаќини на натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите оваа недела, изјави првиот човек за судиите во УЕФА, Роберто Розети. Технологијата за видео повторување беше за првпат претставена на најпрестижното клубски натпреварување и беше искористена во некои контроверзни ситуации. „Многу сум среќен со начинот на работа на „ВАР“, системот функционира перфектно и судиите се на многу високо ниво”, коментираше Розети. Најмногу се дискутираше за ситуацијата во Амстердам на мечот Ајакс – Реал Мадрид, каде што гол на Ајакс беше поништен од судијата Таљафико поради офсајд на Душан Тадиќ. До моментот кога…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација како дел од квалификациите за ЕП 2020 година ќе игра против селекциите на Полска, Словенија, Австрија, Израел и Летонија. Токму Израелската фудбалска федерација го одреди стадионот „Јаков Тарнер“ во Беер Шева за место каде што ќе го одигра квалификацискиот натпревар против Македонија  на 5 септември. Овој стадион е со капацитет од 16.126 гледачи и е еден од најмалите каде што се играл официјален натпревар. Израелците на овој стадион ќе играат и против селекциите на Летонија и Полска. Станува збор за стадион кој е отворен во септември 2015 година и на него своите натпревари ги игра екипата на…

Read More

Ф1 тимот на Ферари официјално го претстави новиот болид за претстојната сезона 2019 во Формула 1, со надеж дека ќе ја прекине петгодишната доминација на Мерцедес. Големата цел е враќање на светската титула повторно во Маранело, откако за последен пат тоа успеаа да го направат пред повеќе од десет години, кога Кими Раиконен во 2007 година стана светски шампион. Од оваа сезона Финецот веќе не е дел од Ферари, а неговото место до лидерот на тимот и четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, го зазеде младиот талент Шарл Леклер.

Read More

12 фудбалски навивачи на Динамо Загреб биле повредени пред натпреварот кој нивната екипа го одигра синоќа против Викторија Плзен во првиот натпревар од 1/16 финалето на Лигата на Европа. Еден од нив е посериозно повреден и однесен во болница. Околу 1500 хрватски фанови патувале во чешкиот град за да го следат овој натпревар, но само 400 од нив имале влезници. Инцидентот се случи кога останатите се обидувале да влезат на стадионот без билети, а настанал конфликт со редарите и полицијата која користела и палки за да ги растераат. Хрватските медиуми уште еднаш потврдија дека овие навивачи уште еднаш покажале дека…

Read More

Македонскиот скијач Лука Божиновски ќе ја преставува нашата земја на денешната велеслаломска трка од Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Оре. Нашиот национален тим го избра да настапи по правилото на ФИС на Светските првенства најмалку по еден скијач да учествува во финалата трка, без разлика на резултатите од квалификациите. Лука Божиновски во квалификациите беше на 44-то место со заостанување од 7.76 секунди зад најуспешниот во квалификациите. Од останатите наши скијачи, Дардан Дехари го освои 66-то место, а Виктор Петров беше 85-ти. Антонио Ристевски не успеа да ја заврши првата трка и остана без пласман. Божиновски денес на велеслаломот го има стартниот…

Read More

Голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема најверојатно ќе добие одмор за натпреварот со Џирона, пишува весникот „Марка“. Французинот игра многу добро во последно време и е еден од основата на добрите игри и победи на Реал Мадрид на последните три гостувања каде славеа имаа позотивен резултат. Одиграа нерешено кај Барселона, а победија на гостувањата кај Атлетико Мадрид и кај Ајакс во Амстердам. Бензема се запиша во листата на стрелци во Холандија, но по натпреварот почувствувал болки и покрај тоа што не се пријавил за некоја посериозна повреда. Сепак очекувањата се тој да го пропушти дуелот со Џирона кој се игра…

Read More

Менаџерот на Арсенал Унаи Емери се обиде да ги смири навивачите по неочекуваниот пораз во Белорусија од БАТЕ Борисов со 0:1 и верува дека лондончани ќе ги свртат работите во своја корист. Станислав Драгун му ја донесе победата на домашниот тим непосредно пред крајот на првиот дел, а лондончани не успеаа да го најдат патот кон голот на противникот во текот на вториот дел, а кон крајот на мечот Александар Лаказет беше исклучен поради намерно удирање на противнички играч и ќе го пропушти реваншот. Сепак, Емери ја има довербата во своите играчи. „Ова е само прв натпревар. Треба да одиграме…

Read More

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде и раководството на каталонскиот клуб се договорија за нов договор, објавија од „Камп Ноу”. Стратегот ќе потпише договор до летото 2020 година, со можност за уште една сезона. Формалното овој настан ќе се случи денес и тоа на стадионот „Камп Ноу”. Сегашниот договор на тренерот истекува на крајот на сезоната и имаше големи прашалници дали тој ќе остане по летото. Валверде застана на чело на „каталонците” во текот на летото 2017 година и во првата сезона ја освои шампионската титулата и Купот на кралот, како и Суперкупот на Шпанија неколку месеци подоцна. До моментов тренерот…

Read More