Атлетико Мадрид е првата сериозна пречка за амбициите на италијанскиот гигант Јувентус за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона. Двата тима се среќаваат во меч кој секако дека ќе биде со многу голема борба, вечерва од 21 часот го играат својот прв 1/8-финален натпревар, а само трет меѓусебен дуел во Лигата на Шампионите по сезона 2014/15 кога играа во иста група. Во досегашните средби Атлетико има една победа, а еднаш одиграа нерешено. Ова ќе биде прв дуел меѓу нив во фазата на елиминација од Лигата на шампионите. Денешните ривали не можат да се пофалат со многу среќа во ова…
Author: riste
Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач изрази задоволство од нерешените 0:0 на гостувањето кај Ливерпул во првиот 1/8-финален дуел од Лигата на шампионите. Резултатот дава добри шанси на баварците да продолжат понатаму по реваншот во Минхен на 13 март. „Чашата е половина полна и половина празна. Не можам да се сетам на многу клубови кои не загубиле или не примиле гол на „Енфилд“. Игравме компактно и на високо ниво, и тактички и ментално. Ние не постигнавме гол, но исто така и не дозволивме да примиме. Домашните натпревари носат предност, бидејќи кога ќе играте пред 75 000 сопствени навивачи, работите се…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека резултатот 0:0 против Баерн Минхен на „Енфилд” во првиот 1/8-финален дуел од Лигата на шампионите го „задоволува”, иако не е премногу среќен. „Ние сами си го комплициравме животот при последното додавање. Имавме доста опасни шанси пред голот на противникот, можеме да играме подобро и должни сме да играме подобро. Имавме шанси во првиот дел, во вториот не можам да се сетам ниту на една шанса од двата тима, не е лесно да се игра во Лигата на шампионите. Ние добро се браневме, не сум на седмото небо од среќа, но овој резултат ми…
Поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти, аргентинската легенда на Интер, Хавиер Занети и тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, ќе влезат во италијанската фудбалска куќа на славните на церемонијата која ќе се одржи во мај. Од судиите место во истата куќа на славни ќе добие Никола Рицоли. Посмртно место меѓу славните ќе добијат пранешните тренери на Италија и Рома Џузепе Виани и поранешниот тренер на Наполи Амадео Амадеј.
И двата 1/8 финални натпревари во Лигата на шампионите одиграни синоќа завршија со идентичен резултат и без постигнат гол 0:0. Ливерпул, Баерн и Лион и Барселона не успеаа да постигнат гол во противничката мрежа, иако во двата натпревари беа создадени многу шанси. Вакво нешто не е честа појава на натпреварите од Лигата на шампионите и тоа во фазата на елиминација. Во фазата на 1/8-финале ова се случило само еднаш. На 15 март 2016 година, натпреварите на Атлетико Мадрид – ПСВ и Манчестер Сити – Динамо Киев завршија исто така без голови.
Суперкупот на Шпанија веќе ќе се игра во странство и ќе биде во изменет формат, објави претседателот на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес. Во новиот формат ќе учествуваат четири, наместо традиционалните два тима. Во моментов сепак Рубиалес не даде повеќе детали ниту каде ќе се одржуваат средбите, ниту кои тимови, освен шампионот и носителот на Купот на кралот, ќе имаат право да играат. Единственото нешто што е познато е дека четирите тима ќе бидат поделени во две полуфинални двојќи и дека победници од овие натпревари ќе се сретнат во финалето. Рубиалес беше избран за претседател на Шпанската фудбалска федерација во…
Фудбалерот кој официјално е играч на Атлетико Мадрид, Шиме Врсаљко може да пропушти осум до десет месеци поради повреда, писшува весникот „Спортске новости“. Хрватскиот репрезентативец ја започна сезоната во Интер на позајмица, а во јануари тој беше подложен на операција на колено и неодамна се врати во клубот од Мадрид. Операцијата беше успешна и самиот играч рече дека ќе се врати на терен само кога ќе биде 100% подготвен. Оваа сезона тој одигра 13 натпревари имаше 2 асистенции во дресот на Интер.
Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, призна дека разговарал со тренерот на екипата, Масимилиано Алегри. Од страна на Алегри на Дел Пјеро му било потенцирано дека Јуве во Мадрид ќе бара гол за да го направи реваншот полесен. Дел Пјеро, исто така, коментираше за тоа што се случи во Интер во однос на случајот со Мауро Икарди. „Не знам како ќе заврши мечот Атлетико Мадрид – Јувентус. Сè може да се случи. Атлетико е многу силен тим, а Симеоне му даде на тимот солиден идентитет. Од друга страна е Јувентус, кој може да ја освои Лигата на шампионите. Разговарав со…
Херта (Берлин) има проблеми со повредените дефанзивци пред да се соочи со шампионот Баерн (Минхен). Марвин Платенхарт заработи повреда за време на тренингот, а Џордан Торунарига има повреда на Ахилова пета, соопштија од клубот. И двајцта се очекува да не бидат во составот на својата екипа за гостувањето во сабота во Минхен, но и за домашниот натпревар против Мајнц на 2-ри март. Оваа сезона екипата на Херта од Берлин двапати им правеше проблем на Баварците. Прво, Херта победи со 2:0 дома во првенство, а потоа – повторно на „Олимпискиот стадион”, но во дуел за Купот на Германија, играа продолженија, во…
Во Ливерпул продолжуваат проблемите во пресрет на дуелот со Баерн Минхен, откако и Роберто Фирмино го пропушти денешниот тренинг поради вирусна болест. Она што се случува во екипата на Ливерпул е нешто навистина чудно. Бразилецот е четвртиот кој се разболува по одржувањето на кампот во топлиот Дубаи кон крајот на јануари. „Црвените“ неодамна беа во шпанскиот туристички центар Марбела. Дејан Ловрен исто така е под прашање поради лесна повреда и Јирген Клоп ќе одлучува во последен момент за составот против Баварците. „Се надевам дека во вторник ќе имаме поголема јасна слика” изјави Германецот, кој сеуште не знае дали ќе може…
