Ѕвездата на Оклахома Сити, Расел Вестбрук го забележа својот 11-ти последователен „трипл-дабл“ во НБА. Тој заврши со 44 поени, 14 скока и 11 асистенции на мечот меѓу Њу Орлеанс и Оклахома кој заврши со резултат 122:131. Вестбрук го подобри својот рекорд откако зад себе го остави легендарниот Вилт Чембрлен со девет последователни „трипл-дабл“ ефекти во сезоната 1967/68. За Расел Вестбрук ова е 24-ти „трипл-дабл“ оваа сезона и вкупно 128-ми во кариерата. И покрај одличната игра на Вестбрук, Оклахома загуби по втор пат во последните 11 натпревари. Кај Њу Орлеанс предводник во победата беше Џулиус Рандал кој заврши со 33 поени…
Author: riste
Завршниот турнир од Купот на Македонија во кошарка ќе се одигра во средината на април, откако денес беше одложен поради сообраќајната несреќа која им го одзема животот на четиринаесет наши сограѓани. Осум тимови во машка конкуренција и четири тима во женска сениорска конкуренција ќе се надигруваат викендот од 12-14 април во Гевгелија, по истиот распоред како што требаше да се натпреваруваат претстојниот викенд (12 април, 2019 година) 13:00 Блокотехна – АВ Охрид (четвртфинале 1) 15:15 Работнички – Куманово 2009 (четвртфинале 2) 17:30 МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (четвртфинале 3) 20:00 Гостивар – Фени Индустри (четвртфинале 4) (13 април, 2019 година) 12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1) 14:15 Вардар – Работнички (натпревар…
Тренерот Диего Симеоне го обнови договорот со Атлетико Мадрид до летото 2022 година. Така се ставени крај на шпекулациите за разделба меѓу него и клубот по крајот на сезоната. Популарниот „Чоло“ е прв човек на клупата на Атлетико од 2011 година. Под негово раководство до овој момент тимот одиграл 412 натпревари, од кои победил на 252 средби. Во 216 од нив Атлетико Мадрид не примил гол. Симеоне има седум трофеи како тренер на „јорганџиите” – титула во „Ла Лига“, Куп на Шпанија, Суперкуп на Шпанија, две титули од Лига Европа и две Суперкуп титули на Европа. Покрај тоа, тимот играше…
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, рече дека ѕвездата на тимот, Лионел Меси, се чувствува многу добро и го одработил совршено денешниот тренинг. Како што е познато, Аргентинецот почувствувал болка во ногата по еден удар на мечот со Валенсија. „Тој е многу добар, денес совршено трениреше, не можам да кажам повеќе, затоа што е добар”, изјави Валверде за состојбата со Меси. Што се однесува до состојбата на Самуел Умтити, тој одговори: “Тоа е поинаков случај. Мораме да видиме не само како да се опоравил, туку и во каков ритам е, но нема да брзаме” додаде Валверде за сосојбата на овој фудбалер.
Отпуштањето на менаџерот Жозе Мурињо од Манчестер Јунајтед го чини англиски клуб 19,6 милиони фунти. Португалскиот тренер беше заменет од Оле Гунар Солскјер во декември минатата година. Норвежанецот ќе го води тимот на „црвените ѓаволи” до крајот на сезоната, а во текот на летото ќе биде донесена конечна одлука кој ќе биде на чело на тимот. Од раководството на 20-кратниот шампион на Англија се надеваат дека ги исполнат своите финансиски обврски, како последица на прераното разрешување на Мурињо и исплатата на казна по неговиот договор. Манчестер Јунајтед, во чиј состав се забележуваат имињата на светските ѕвезди Давид де Геа и…
Напаѓачот на Реал Мадрид Герет Бејл ризикува да биде казнет до 12 натпревари поради гестот кој го направи при прославувањето на голот против Атлетико Мадрид од дербито во „Ла Лига“ изминатиот викенд. Шпанската фудбалска лига подигна постапка пред Дисциплинската комисијата на шпанската фудбалска федерација поради положбата на рацете на фудбалерот. Според сигналот, Бејл направил непристоен и арогантен гест кон навивачите.Постојат три опции: Дисциплинската комисија да ја процени како намерна провокацијата кон навивачите, која довела до непријателска реакција од нивна страна. За тоа казната е од 1 до 12 натпревари. Дисциплинската комисија да ја процени како намерна провокацијата кон навивачите која…
Денес беше промовирана книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од доајенот на македонското спортско новинарство, Зоран Михајлов. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, содржи помалку познати приказни за успесите на македонските спортисти низ историјата и за средбите со светските спортски асови. Од прва рака, легендарниот спортски коментатор сведочи за важни спортски, но и историски моменти. Се сеќава на најзначајните личности, натпревари, олимпијади и првенства ширум светот, што ги следи како новинар-коментатор во својата 55-годишна кариера. На промоцијата, покрај Зоран Михајлов, зборуваа уредничката на книгата Бисера Бендевска, писателот Владимир Плавевски и уредникот…
Атлетико (Мадрид) го загуби дефанзивецот Лукас Ернандез за неодредено време, Французинот има проблеми со коленото и допрва ќе се види колку е сериозна неговата состојба. Од Атлетико Мадрид ја потврдија неговата повреда, но не кажаа за колку време тој ќе биде надвор од игра. Ова е непријатен момент за тренерот на екипата Диего Симеоне, кој исклучително многу смета на овој играч во својот стартен состав. Дефанзивецот се повреди за време на натпреварот против Реал Мадрид во кој тимот загуби со 1:3 на својот стадион „Ванда Метрополитано”. Во декември, Ернандес исто така имаше проблеми со коленото и беше отсутен од теренот…
Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Буфон, на вчерашниот натпревар со Манчестер Јунајтед ја забележа својата 50-та средба без да прими гол во Лигата на шампионите. 41-годишниот чувар на голот на ПСЖ сочува својата мрежа во победата од 2:0 над Манчестер Јунајтед во првиот осминафинален натпревар од ЛШ. Италијанската легенда има 121 настап во Лигата на шампионите. Тој е само третиот голман кој постигна повеќе од 50 „суви мрежи” во ова натпреварување, а пред него се само Едвин Ван дер Сар (51) и Икер Касиљас (57) натпревари. Може да се случи веќе на следниот натпревар Буфон да се изедначи со…
Рома го доби првиот натпрева со Порто во 1/8 финалето од Лигата на шампионите,а тренерот на Рома Еузебио Ди Франческо остана задоволен од победата со 2:1 над Порто. Тој изјави дека жали само поради тоа што неговиот тим прими гол на „Олимпико” и најави дека „Волчицата“ нема да го брани резултатот на реваншот, и дека ќе напаѓаат и ќе се обидат да победат и на „Драгао”. „Малку жалам за овој резултат, но ги поздравувам фудбалерите за солидна игра, за тоа што направивме толку многу шанси и дека не дозволивме такви пред нашиот гол. Голот кој го примивме не беше всушност…
