Италијанскиот шампион Јувентус е подготвен да даде добра понуда во летниот преоден рок во висина од 40 милиони евра за младиот играч од средниот ред на Рома, Никола Заниоло, тврди „Газета Дело Спорт“. 19-годишниот фудбалер минатото лето се пресели во главниот град на Италија од Интер. Тој е младински репрезентативец на Италија и е сметан за еден од најталентираните млади играчи во Италија. Неговите импресивни настапи во составот на Еузебио Ди Франческо ги натераа во Торино да размислат за добра понуда со која би го донеле во своите редови. На тренерот Масимилијано Алегри многу му се допаѓа младиот играч и…
Author: riste
Екипата на Атлетико Мадрид го загуби градското дерби со Реал Мадрид, а тоа беше првата победа на „Кралевите“ на новиот стадион на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“. Тренерот на домашната екипа Диего Симеоне, по мечот му честиташе на градскиот ривал и порача дека победата е сосема заслужена. „Нашиот ривал беше подобар и добро организиран. Одиграа еден одличен натпревар. Му честитаме, а нам ни следува да се подготвиме за она што ни претстои. Не би сакал да зборувам дека ВАР технологијата имаше влијание на средбата. Знам дека технологијата не е перфектна и дека допрва ќе се надоградува и ќе не прави позадоволни.…
Со погодокот од пенал на мечот против Атлетико вчера, Серхио Рамос го собори рекордот на постигнати голови во рамките на една сезона и тоа на 3 месеци пред крајот на оваа сезона. Тој веќе постигна 11 гола, со што го надмина постигнувањето од 2016/17, кога 10 пати успеа да ги совлада противничките голмани. 6 од головите му се во првенството, 3 во Кралскиот куп и по 1 во Суперкупот на УЕФА и светското клубско првенство. Дуелот против Атлетико Мадрид се покажа среќен за Рамос и од друга причина, откако тој се израмни со клупската легенда Хозе Антонио Камачо по настапи…
СП во алпско скијање продолжи денес со нова дисциплина, алпска комбинација во женска конкуренција. Швајцарската скијачка Венди Холденер успеа да ја одбрани титулата во комбинација откако беше поуспешна од Петра Влхова од Словачка и заврши на првото место. Холденер стигна до златото по една голема битка со словачката скијачка, која ја доби за 0.03 секунди. Швајцарката направи разлика во финишот и прва ја мина целта. Третото место ѝ припадна на Рагхилд Мовинкел од Норвешка, со заостанување од 0.45 секунди. Со овој златен медал Швајцарката дојде до одлично достигнување – три златни медали на три големи натпреварувања по ред. Таа е…
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско го напуштил порано денешнаиот тренинг на својата екипата, бидејќи има проблеми во грбот, објавија медиумите во Шпанија. Шпанскиот репрезентативен играч ќе го пропушти дербито помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид на 9-ти февруари. Дуелот ќе се игра на стадионот „Ванда Метрополитано“. Играчот од средниот ред му се придружи на Маркос Љоренте, кој исто така е повреден и нема да игра за европскиот клубски шампион против градскиот ривал. 26-годишниот Иско не е во добри односи со тренерот Сантијаго Солари и ретко е во комбинацција за настап во Реал Мадрид. Играчот од средниот ред,…
Голманот Мануел Нојер веројатно нема да брани за Баерн Минхен на утрешниот натпревар против Шалке 04. Тренерот на Баварците Нико Ковач повеќе сака да го има Нојер на голот на својот тим на претстојните натпревари од Лигата на шампионите. Нојер го повреди палецот од десната рака на тренингот минатата недела. „Играчот мора да одлучи дали е подготвен да игра или не. Нојер не играше против Херта, истото најверојатно ќе биде против Шалке и не сакаме да ризикуваме пред натпреварите против Ливерпул во Лигата на шампионите”, рече Нико Ковач. Тренерот на Баерн не знае кога повредениот Ариен Робен ќе се врати…
Тотенхем ќе го пречека Арсенал во дербито на северен Лондон на стадионот „Вембли“, мечот ќе се одигра на 2-ри март. Ова беше објавено денеска на официјалната веб-страница на Тотенхем. Кај навивачите на тимот постоеше надеж дека тоа ќе биде првиот натпревар кој Тотенхем би можел да го одигра како домаќин на нивниот нов стадион, чие отварање беше одложено неколку пати. Клубот уверува дека работат на безбедносните системи, а тоа е причината за одложувањето на официјалното отворање на објектот. Во тек е тестирање на пожарниот и алармен систем. Стадионот потоа мора да добие сертификат за безбедност. Кога тоа ќе се случи,…
Главната задача пред Арсенал е тимот да го подобри своето претставување на гостувањата. „Топџиите” не успеаја да добијат ниту една од последните шест гостувања во Премиерлигата и тоа е најголемата загриженост на менаџерот на тимот Унаи Емери. Другата загриженост е претставувањето на „топџиите” во дефанзивен план. „Јас сум првиот критичар на нашата игра. Можеме да завршиме во Топ 4, но знаеме дека нема да биде лесно. Играме добро дома, но мислам дека треба да се играме подобро на гостувањата. Започнавме добро во овој поглед, менувајќи го менталитетот на тимот, за да може да се освојат повеќе поени како гостин. Сега…
Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, потврди дека нема да може да смета на Робин Олсен и Костас Манолас во натпреварот против Киево кој се игра во петок. Двајцата имаат мали повреди. „Олсен ќе го пропушти утрешниот натпревар поради мала повреда, истото важи и за Манолас. Но, се надеваме дека и двајцата ќе бидат во составот за натпреварот против Порто во вторник во Лигата на шампионите. Ние ќе ја следиме состојбата на Де Роси, бидејќи тој сеуште не е 100 проценти здрав. Жуан Жесус тренира со нас и тој е добар. Треба да бидеме внимателни со Карсдроп во следните неколку…
Младиот играч од Реал Мадрид, Маркос Љоренте, има нова повреда што ќе го извади надвор од теренот некое време. 24-годишниот фудбалер на кого Сантијаго Солари сметаше на вчерашното дерби со Барселона ја напушти средбата во 62-та минута, откако сам побара замена. Првите тестови покажаа дека станува збор за мускулна повреда на препоните на левата нога, која е на истото местоа, поради која пропушти неколку натпревари пред повеќе од еден месец. На Љоренте му претстојат нови испитувања, но првичните прогнози се дека нема да игра барем 3 недели, па најверојатно ќе ги пропушти дуелите до крајот на месецот. Во оваа сезона…
