Author: riste

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изјави дека ѕвездата на тимот Лионел Меси не сакал да биде променет на синоќешниот натпревар со Валенсија, во кој тој ги постигна двата гола за својот тим. Меси ги „стресе“ Каталонците дваесет минути пред крајот на натпреварот кога почувствуваа болка во десниот бутен мускул и му требаше медицинска помош. „Не можам да кажам точно што е проблемот на Меси, ќе почекаме. Но претпоставувам дека не е нешто сериозно. Ќе видиме. Ако е во добра состојба, ќе игра на мечот од Купот против Реал. Лео не ми кажа дека сака да го сменам“, изјави Валверде. „Веројатно…

Read More

Македонската футсал репрезентација вечерва го игра решавачкиот натпревар за пласман на првата позиција на претквалификацискиот турнир за СП кој се игра во Скопје. По првите две кола Македонија и Албанија се селекциите кои остварија по две победи и на вечерашниот меч ќе одлучат која селекција каде ќе игра во главните квалификации. Македонија има мала предност и е поблиску до првото место поради повеќе постигнати голови, односно гол разлика +9, додека Албанија има +7, па на некој начин на нашите репрезентативци им одговара и нерешене резултат за да бидат први. Но во футсало е многу тешко да се игра на таков…

Read More

Голманот Џанлуиџи Буфон сака да остане во ПСЖ и следната сезона. 41-годишниот ветеран минатото лето се приклучи на францускиот шампион откако му заврши договорот со Јувентус. Во договорот за една година постои опција да се продолжи за уште една сезона. Буфон е категоричен дека не сака да го заземе местото на голманот на парижаните Алфонс Ареола. „Ако на Алфонс не му пречи и клубот ме сака, би можел да останам уште една сезона”, изјави Буфон за медиумите. Буфон има одиграно 656 натпревари за Јувентус и 176 за Италија. Џиџи Буфон се очекуваше да се откаже од фудбалот по крајот на…

Read More

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој постигна два гола при нерешените 3:3 против Парма, коментираше за резултатот од средбата. Според него, нема причина за загриженост, бидејќи играчите веруваат во себе и тренерскиот штаб. „Тоа е фудбалот. Среќен сум за головите, но не и за резултатот. Парма чекаше да направиме грешка и го искористи тоа. Бевме премногу деконцентрирани во последните минути. Не мислам дека има нешто заедничко со нивото на физичките вежби или дополнителните оптоварувања. Ова е само фудбал, сите го гледаат Јуве, бидејќи ние сме најдобриот тим и тие се обидуваат да најдат начини да не победат, но ние едноставно…

Read More

Арсенал е најновиот тим кој е заинтересиран за фудбалерот на ПСЖ Адриен Рабио, чиј договор истекува ова лето, тврди весникот „Мирор”. Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери веќе бил тренер на 23-годишниот играч токму при престојот во парискиот клуб и според изданието тренерот сака да располага со услугите н аовој играч и во неговиот сегашен тим. Како што е познато, Барселона се смета за најголем фаворит за неговиот потпис, се верува дека Ливерпул и Тотенхем исто така, сакаат да го привлечат Французинот. Во моментов тој е одвоен од првиот состав на ПСЖ поради неговата желба да го напушти клубот.

Read More

Македонскиот преставник во СЕХА лигата , Металург со пораз ги започна официјалните натпревари во 2019 година откако во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од фаворитот ППД Загреб со убедливи 24:36. Младиот тим на Металург изгледаше добро во првите 20 минути од натпреварот и имаше предност од 8:6, но потоа гостите направија серија од 6:0 и дојдоа до предност од 12:8 која до крајот на првото полувреме ја задржија и надополнија за 10:15. Во вториот дел уште по лоша беше играта на металург кој како да не можеше да го најде вистинскиот ритам и дозволи противникот да дојде до двоцифрена предност (15:25)…

Read More

Американката Михаела Шифрин е победничка на денешната слаломска трка одржана во Марибор, со оваа победа таа стихна до својот 56-ти триумф во кариерата. Со овој триумф и вчерашната победа во велесллом, Шифрин е освојувачка на „Златната лисица“. Лидерката во генералниот пласман оваа година имаше две одлични возења по кои зад себе ја остави Швеѓанката Ана Свен Ларсон која заостана 77 стотинки. На третото место се пласираше Швајцарката Венди Холденер, додека една од главните ривали на Шифрин за малиот критален глобус во слалом, Петра Влхова, ја освои само петтата позиција. Со оваа победа американската скијачка ја зголеми предноста во генералниот пласман…

Read More

Кружниот напаѓач, бразилецот Рожерио Мораеш кој настапува занашиот шампион Вардар од наредната сезона ќе ги брани боите на унгарски Веспрем. Ова беше најавувано во текот на изминатите неколку недели, но денес се официјализираше. Бразилецот денес потпиша договор со унгарскиот тим кој ќе стапи на сила од 1 јули, 2019 година, а ќе важи во наредните две години, со можност за продолжување на уште една. Рожерио Мораеш дојде во Вардар од германскиот тим Кил и веднаш се наметна во екипата како клучен играч на оваа позиција. Сигурно дека Давид Дејвис Камара кој го води тимот на Веспрем добро ги познава квалитетите на Мораеш…

Read More

Следната недела ќе гледаме фудбалско „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид. Ова стана јасно откако овие две екипи се паднаа да играат еден против друг во полуфиналето на Купот на кралот. Првиот натпревар ќе биде на „Камп Ноу“ на 6 февруари, а реваншот на 27-ми февруари на „Сантијаго Бернабеу“. Само неколку дена по тој натпревар овие два тима ќе имаат нов меч на „Сантијаго Бернабеу“ , но тоа ќе биде во шампионатот на Шпанија. Во другата полуфинална средба се среќаваат Бетис и Валенсија. Финалистите ќе бидат определени во два натпревари. Барселона е освојувач на трофејот во последните четири години.…

Read More

Најпопуларниот турски клуб Фенербахче го привлече словенечкиот репрезентативец Миха Зајц, кој досега играше за италијанскиот Емполи. Официјалната страна на турскиот клуб објави дека личниот договор на играчот е за период од 4 години. Според некои медиуми, износот на трансферот изнесува 6,5 милиони евра, што ќе влезат во касата на Емполи. Извори блиски до Фенербахче сепак тврдат дека станува збор за 4,5 милиони евра и 25-годишниот Салих Уџан кој оди во Калчо лигата, како дел од договорот. Уџан до сега беше позајмен во Емполи, а сега неговите права се пренесуваат целосно на Италијанскиот клуб. 24-годишниот Зајц има 20 натпревари и 5…

Read More