Виљареал го врати на својата клупа тренерот Хавиер Каљеха и тоа за помалку од два месеци по неговото отпуштање, заменувајќи го Луис Гарсија Пласа. Луис Гарсија беше отстранет од функцијата вчера, откако неговиот тим успеа да оствари само една победа од девет натпревари од почетокот на декември. Хавиер Каљеха беше отпуштен од Виљареал на 10 декемви 2018 година, а сега на 29 јануари 2019 година е повторно назначен за тренер на екипата. Виљареал во моментов е на претпоследно 19 место во „Ла Лига“, пет поени од зоната за опстанок. Последниот натпревар го загубија со 0:3 од Валенсија, што значеше серија…
Author: riste
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не се откажува од борбата за титулата во Премиер Лигата. „Граѓаните” дозволија изненадувачки пораз од 1:2 на гостувањето кај Њукасл и сега може да бидат на минус 7 бода зад Ливерпул, ако тимот од „Енфилд“ го добие натпреварот против Лестер кој се игра вечерва. Сепак, шпанскиот тренер не се откажува, бидејќи има уште многу натпревари до крајот на сезоната. „Ако победи Ливерпул, разликата ќе стане поголема, но се уште е јануари, а не е април или мај. Се уште има многу натпревари за играње. Ние нема да се предадеме. Ќе биде потешко сега, но…
Менаџерот на Њукасл Рафаел Бенитез беше во добро расположение по победата со 2:1 над Манчестер Сити. По натпреварот Шпанецот изјави дека верува дека клубот ќе го направи потребното, за да остане во елитата, тоа вклучува и привлекувањето на неколку нови играчи. „Не знам што ќе се случува со трансферите во клубот, но пред натпреварот ми рекоа дека имаме напредок. Ова е добра вест, но најважно е да ги земеме потребните играчи, а не д аја гледаме нивната цена. Верувам дека ќе го направиме неопходното за да останеме во елитата. Треба да останат играчите смирени. Кога имаат самодоверба, тогаш шансите за…
Уште еден фудбалер на Баерн Минхен е пред преселба на Далечниот Исток. Откако вчера стана јасно дека Сандро Вагнер е на пат да заигра во Кина, денеска со екипа од Јапонија е поврзан и ветеранот Ариен Робен. Холанѓанецот веќе објави дека ја игра последната сезона на стадионот „Алијанц Арена”, но досега се сметаше дека Интер и ПСВ Ајндховен се фаворити за неговиот потпис. Јапонските медиуми известуваат дека Робен може многу брзо да потпише со екипа од Јапонија. Силен интерес за овој фудбалер има од неколку јапонски клубови. Таткото на Ариен Робен кој е и негов агент, ги нарече овие информации…
Предводникот на Наполи, Карло Анчелоти, не го криеше разочарувањето од поразот против Милан во 1/4 финалето од Купт на Италија. Тој призна дека неговиот тим не беше на вистинско ниво во оваа средба и поразот е заслужен. „Вечерва не бевме на вистинско ниво. Нашата игра беше многу лоша и тешка по двата гола кои ги примивме. Милан потоа се смири. Покрај овие два гола, тие не направија многу шанси, но во моментов не сме доволно опасни за да се справиме со таква одбранбена игра. Без овие две грешки, ќе имаме повеќе слободен простор во играта. Тоа е само еден натпревар,…
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо ги пофали своите играчи по победата со 2:0 над Наполи и обезбедениот пласман во 1/2 финалето од Купот на Италија. Најголемите комплименти, сепак, беа за главниот јунак на натпреварот, Кшиштоф Пјатек, кој ги постигна двата гола за успехот на Милан. „Им честитам на момчињата затоа што покажаа одлична игра против силниот тим на Наполи. Ние добро се браневме, а класата на Лукас Пакета и брзината на Саму Кастељехо создадоа предуслови за успех. И самиот Пјатек направи одличен потег при вториот гол. Тој е опасен напаѓач. Многу ми е драго, но сакам да им честитам на…
Играчот од средниот ред на Наполи Марко Рог официјално е даден со позајмица во Севиља до крајот на сезоната. Договорот беше потврден и од двата клуба и не вклучува опција за купување. Марко Рог беше привлечен од Динамо Загреб во 2016 година за 14,5 милиони евра. Сепак, хрватскиот интернационалец не можеше да се истакне во екипата на Наполи каде има жестока конкуребција, а имаше место во стартниот тим само на 6 натпревари. Вкупно Марко Рог играше на 46 натпревари за Наполи. Сега останува да се бори за место во составот на Севиља и да се обиде да покаже зошто за…
Бразилскиот напаѓач Каиуби и австрискиот дефанзивец Мартин Хинтерегер биле информирани денес од раководството на Аугсбург дека се слободни да си бараат нов тим, а тоа било дел од санкциите кои им се наметнати. Досега првиот беше отстранет од тренинзите, бидејќи задоцни сериозно за почетокот на зимските подготовки. Хинтерегер пак беше казнет со сериозна финансиска казна, бидејќи си дозволи да го критикува јавно тренерот Мануел Баум. И за двајцата е потврдено дека ќе продолжат да тренираат одделно од главната група и ќе се обидат преку менаџерите да најдат нови тимови до четврток, кога се затвора јануарскиот трансфер период. Хинтерегер пропуштил само…
Кардиф ќе се обиде да го ангажира со позајмица напаѓачот на Рома Патрик Шик до крајот на сезоната. Тимот од Велс бара замена за Емилијано Сала, кој се уште пронајде по падот на неговиот авион, а потрагата по неговиот авион продолжува. Според информациите објавени во Велс, Кардиф се подготвува да плати 2 милиони евра на Рома за позајмицата во наредните 6 месеци. Цената може да скокне на 3 милиони ако тимот успее да се спаси од испаѓање од Премиер Лигата. На крајот од сезоната, Кардиф може да плати 30 милиони евра ако сака да ги купи целосните права на чешкиот…
Рома преговара со Бешикташ за хрватскиот репрезентативец Домагој Вида. Според медиумите во Италија, разговорите се во напредна фаза и дефанзивецот е многу веројатно да ја доигра сезоната во Серија „А“. 29-годишниот дефанзивец отиде од Динамо Киев во Бешикташ во јануари минатата година, но по неговиот добар настап на Светското првенство, интересот за него беше многу голем. Информациите од Италија велат дека Вида им бил понуден на Интер и Фулам, но сепак им се видел многу скап на двата клуба.
