Водечкиот тенисер на АТП листата Новак Ѓоковиќ се наоѓа на само една победа до рекордна седма титула во Австралија. Во полуфиналето Србинот буквално го „прегази“ со 6:0, 6:2, 6:2 Французинот Лука Пуј и во финалето ќе се соочи со големиот ривал во текот на овие години Рафаел Надал. „Ова беше еден од моите најдобри натпревари. Се во играта ми одеше. Лука е одличен тенисер но лошо го отвори мечот, но му посакувам се најдобро. Тој има квалитети да биде играч од Топ 10 и овој натпревар ќе биде многу важен за него. Минатата година, кога бев повреден, верував дека можам…
Author: riste
Централниот дефанзивец на Атлетико Диего Годин е многу близу до трансфер во Интер. Според „Скај Италија“, уругвајскиот одбрандбен фудбалер успешно ги помина медицинските прегледи и е во фаза на потпишување на преддоговор со Интер. Годин кој ќе наполни 33 години за по помалку од еден месец, ќе го напушти „Ванда Метрополитано“ следно лето како слободен агент. Јужноамериканецот се очекува да го започне договорот со клубот од Милано од јули и за период од две плус една година. „Неговата плата ќе се зголеми на 4,5 милиони евра, со бонуси до 6 милиони евра”, објавиле медиумите во Италија. Диего Годин сега може…
Синоќа беа извлечени групите за претстојното издание на „Копа Америка“ кое оваа година ќе се одржи во Бразил, а главни фаворите за освојување на трофејот секако се домашната селекција на Бразил и Аргентина. Домаќинот Бразил се наоѓа во групата А, заедно со селекциите на Боливија, Венецуела и Перу. Во групата Б ќе играат Аргентина, Колумбија, Парагвај и Катар, кој ќе настапи на ова натпреварување откако доби специјална покана за учество. Групата Ц ја сочинуваат актуелниот шампион Чиле потоа Уругвај, Еквадор и репрезентацијата на Јапонија, која исто така ќе биде гостин. Бразил кој е домакин ќе се обиде да стигне до својата прва…
ФК Вардар денес го официјализираше првото засилување за овој преоден рок. Бразилскиот интернационалец Леовигилдо Жуниор Реис Родригез, е нов фудбалер на „црвено-црните“. Жуниор го стави потписот на договор кој е во траење на една година, со можност истиот да се продолжи на плус уште една година. Тој дојде од екипата на Македонија Ѓорче Петров, има 23 години и игра на позицијата лев бек. „Среќен сум што станав дел од Вардар. Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим и чест ми е што можам да играм во Вардар. Ќе дадам се од себе екипата да бележи добри резултати, да освојува…
Играчот од средниот ред на Наполи, Алан Маркез е се поблиску до трансфер во редовите на Париз Сен Жермен. Според последните вести, двата клуба се согласиле за договорот, кој ќе чини околу 100 милиони евра. Претставниците на клубовите се сретнале во Доха во декември и јануари. Исто така, беше разговарано и за можноста „Катар Ервејс“ да стане главен спонзор и да се најде на дресот на Наполи, но и други компании исто така да инвестираат во клубот. Се верува дека самиот Алан Маркез веќе преговараше за своите лични услови со ПСЖ. Бразилецот ќе потпише договор со Французите за следните 4,5…
Италијанскиот прволигаш Џенова се обидува да го привлече крилото на Фиорентина Марко Пјаца. Клубот веќе започнал разговори со агентот на играчот, во обид да го убеди да се пресели „Луиџи Ферарис“. Во Џенова се решени да ги искористат парите од трансферот на Кшиштоф Пјатек во Милан за да го засилат тимот со најмалку двајца нови играчи. Првиот е Антонио Санабрија од Бетис, а вториот е Марко Пјаца, кој во моментов е на позајмица од Јувентус во Фиорентина. Меѓутоа, во овој момент, хрватскиот фудбалер се размислува дали да ја прифати понудата на Џенова и сé уште не дал конечен одговор. Поради…
Кристал Палас го ангажираше со позајмица бразилскиот голман Лукас Пери од Сао Паоло за период до крајот на сезоната. 21-годишниот голман може да започне како стартер на голот на својата нова екипа уште овој викенд на натпреварот со Тотенхем од ФА Купот на Англија, бидејќи Кристал Палас имаат само еден голман во моментов – 39-годишниот Џулијан Сперони, кој бранеше при поразот од 3:4 од Ливерпул минатиот викенд. Двајцата голмани – Вејн Хенеси и Висенте Гуаита се повредени и наскоро ќе бидат во можност да се вратат на голот на Кристал Палас.
Дефанзивецот на Јувентус Меди Бенатија побара да биде продаден до крајот на трансфер периодот. Мароканецот добил доста добра понуда од Катар и сака да ја продолжат својата кариера токму таму. Катарскиот тим Ал Дуаил е подготвен да плати 10 милиони евра за правата на одбрандбениот играч на Јувентус. Јувентус нема желба да се раздели со 31-годишниот дефанзивец, но раководството може да го промени своето размислуување ако најдат соодветна замена. Ова може да биде дефанзивецот на Валенсија, Езекиел Гарај, кој веќе долго време е во плановите на Јувентус. Аргентинецот ги надмина проблемите со повредите и беше стартер во последните 7 натпревари…
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Алексис Санчез е целосно опоравен од неговата повреда, соопшти „Скај Спортс“. Чилеанецот ќе може да игра во натпреварот од Купот на Англија против Арсенал кој ќе се одигра утре. Санчез се повреди во еден друг натпревар од ова натпреварување против Ридинг (2:0) на 5 јануари. Ова впрочем ќе биде првото појавување на Алексис Санчез против неговиот поранешен клуб, кој го напушти пред една година. Во Арсенал одигра 166 натпревари и постигна 80 гола.
Играчот на Реал Мадрид, Иско не сака да го напушти тимот и покрај интересот на Манчестер Сити, Интер, Јувентус и Париз Сен Жермен. Неговиот приоритет е да продолжи да игра на „Сантијаго Бернабеу“ и следната сезона, но тоа зависи од една многу важна работа: дали Сантијаго Солари ќе остане на клупата на тимот. Ако Аргентинецот го задржи своето место и следната сезона, тогаш играчот ќе побара трансфер во текот на летото. Иско ќе стане татко по втор пат во наредните месеци, а неговата намера е да остане во главниот град на Шпанија. Неговите лоши односи со Солари и времето на…
