Author: riste

Новото холандско фудбалско богатство кое ја засли екипата на Барселона Френки Де Јонг објаснил зошто се одлучил да ја прифати понудата на Барса, а да ги одбие другите понуди од водечките европски клубови. 21-годишниот фудбалер ќе се приклучи на Барселона во текот на летото за 75 милиони евра плус 11 милиони во вид на бонуси. „Париз беше една од најдобрите опции. Ме воодушевија: добар клуб, тим, тренер … Имав можност да играм редовно и Лига 1 можеби ќе беше предност, бидејќи требаше да ми даде време да израснам како играч. Секогаш сепак сум сонувал за Барселона и „Ла Лига“ која…

Read More

Првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис има намера да му понуди нов договор на тренерот на клубот, Карло Анчелоти. Според информациите во италијанскиот печат, Де Лаурентис е исклучително задоволен од работата на искусниот тренер и сака да биде човек кој долго ќе остане на тренерската позиција во тимот и ќе му донесе успеси на тимот. Сегашниот договор на 59-годишниот тренер е до 2021 година, но идејата на Де Лаурентис е повторно да потпише договорот со подобри услови и на тој начин да остане тренер на тимот до 2024 година. Наполи сега е на второто место и има 9 поени…

Read More

Француската фудбалска лига го казни Париз Сен Жермен со 100.000 евра, откако откриле дека неколку години наназад скаутите на клубот ги делат младите фудбалери по етничка основа. Дисциплинската комисија ја донесе одлуката откако ги сослуша сите поранешни и сегашни членови на тимот од 2013 до 2018 година, како и генералниот менаџер Жан-Клод Блан. Етничкиот скандал во Париз Сен Жермен излезе на виделина во ноември минатата година, кога „Медиапарт“ и „Фудбал Лијкс“ откриле документи од клубот и работата на скаутите на овој тим. Во него, младите играчи беа поделени во четири различни категории: Французи, Северно Африканци, Западна Индија и Црнокожни Африканци.…

Read More

Малиот авион со аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала исчезна од радарот над каналот Ла Манш за време на летот од Нант до Кардиф. Операцијата за пребарување не е успешна во првите неколку часа и ќе продолжи денес. Шансите за преживување на 28-годишниот фудбалер и пилот се минимални. Фановите на Нант и Кардиф Сити, каде што Сала требаше да ја продолжи кариерата, се простуваа од играчот, иако неговата смрт сè уште не е официјално потврдена. Во исто време, содржината на аудио порака која фудбалер ја испрати до блиските пријатели од авионот пред да се случи исчезнувањето е многу јасна. „Здраво, браќа, како…

Read More

Европскиот шампион Реал Мадрид подготвува понуда од 90 милиони фунти за една од најголемите ѕвезди на Јувентус Паоло Дибала, тврди во денешниот број британскиот весник „Сан“. Според еден од водечките медиуми на Островот интересот на „кралевите” во пракса му пречи на Пеп Гвардиола за да го убеди напаѓачот да пристигне кај него во Манчестер Сити. Желбата на Флорентино Перез е да се засили со напаѓачот уште во овој зимски преоден рок, но се уште не е јасно какво ќе биде мислењето на Јувентус во моментот кога предлогот ќе пристигне во нивната канцеларија. Не е исклучено „бјанконерите” да сакаат да го…

Read More

Менаџерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто беше казнет со парична казна од осум илјади фунти од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) за неспортската реакција за време на натпреварот од Премиер Лигата против Лестер Сити минатата недела. Португалскиот менаџер влезе на теренот на стадионот по победничкиот гол во последните неколку секунди од мечот кој „волците” го добија против „лисиците”, кој заврши со драматични 4:3. 44-годишниот тренер ја призна својата грешка и ја плати оваа финансиска казна наметната од страна на ФА.

Read More

Битката помеѓу Барселона и ПСЖ за потпишување на Френки де Јонг од Ајакс станува се по жестока. Во последните денови, медиумите наизменично го менуваа името на фаворитот меѓу овие два клуба како идна дестинација за Холанѓанецот. Според шпанските медиуми, Французите биле шокирани од посетата на претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу на Амстердам, па оттука и нивниот клучен адут кој беше објавен денес. Богатите сопственици на ПСЖ му понудиле на Де Јонг празен чек за сам да си ја напише висината на платата која сака да ја добие во Париз. Понудата е секако удар за Барселонаа, бидејќи оваа екипа нема…

Read More

Дефанзивецот на Милан Кристијан Запата може да ги пропушти натпреварите на својот тим во наредните 30 дена. Колумбиецот беше принуден да го напушти теренот во 14-та минута на средбата со Џенова, средба која ја доби Милан со 2:0. Денес стана јасно дека Запата има повреда на десниот бутен мускул и ќе биде подложен на понатамошно истражување во текот на следните две недели. Според ова тој и дефинитивно ќе ги пропушти двата натпревари на Милан со Наполи од италијанскиот шампионат и Купот на Италија.

Read More

Тимот на Торино е фаворит за потписот на Хесе Родригес од Париз Сен Жермен. Двајцата водечки луѓе на клубовите се состанаа да разговараат за трансферот на крилото во Торино, а притоа се согласија дека поранешниот играч на Реал Мадрид може да ги засили „биковите“ со опција да биде целосно откупен во текот на летото. Она што е интересно за ова е дека Парижаните се подготвени да платат помеѓу 60 и 70 отсто од платата на Хесе, кој дојде во Франција во летото 2016 година за сума од 25 милиони евра. Досега, овој фудбалер има одиграно само 14 натпревари за ПСЖ.

Read More

Екипата на Вест Хем ќе плати парична казна од 100 000 фунти поради влегувањето на навивачите на теренот за време на натпреварот во Премиер лигата против Барнли минатата сезона. Навивачи на популарните „чекани” влегоа на фудбалскиот терен неколку пати на теренот на Олимпискиот стадион во Лондон за време на мечот кој се играше на 10 март, а го доби Вест Хем со 3:0. Фановите предизвикаа инцидент со капитенот на Лондончани, Марк Нобл, а исто така изразија незадоволство од сопствениците на клубот Дејвид Голд и Дејвид Саливен. „Клубот нема потреба од вакви инциденти и ќе ги преземе неопходните мерки”, изјавија од…

Read More