Author: riste

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез, првпат направи измена во составот на нашата селекција на Светското првенство во Германија и Данска. Шпанскиот стручњак на клупата на Македонија се одлучи за двојна замена за последниот натпревар на нашиот национален тим. Имено, за дуелот за 15. место против Чиле ќе дебитираат единствените двајца ракометари кои досега не играа на ова СП. На трибините се селат Борко Ристовски и Марио Танковски, а нивните места ќе ги заземат Златко Даскалоски и Милан Лазаревски. Нашата репрезентација на ова СП досега одигра шест натпревари, ги доби првите два, а потоа доживеа четири порази.Со победа над Чиле ќе продолжи нашата…

Read More

Дуелот на ракометните гиганти го доби Франција која беше подобра од актуелниот европски првак Шпанија со 33:30 (18:16). Ова беше натпревар во кој се вратија две големи ракометни легенди како Никола Карабатиќ и Арпад Штербик. Шпанија скоро да ги загуби шансите за полуфинале, а светскиот првак е на чекор до Хамбург. Дуелот започна добро за Франција којауспеа да направи рзалика и да се одлепи на 7:4. А таа предност ја одржуваше во текот на целото прво полувреме за на одмор да заминат со 18:16. Франција беше во позитива во текот на целото  второ полувреме и имаше контрола над резултатот ,…

Read More

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде даде јасна слика за состојбата на централниот дефанзивец Семјуел Умтити кој има проблеми со сериозна повреда на коленото. Светскиот шампион со Франција не тренира со првиот тим, туку го прави тоа сам. Никој не знае колку долго ќе трае неговото опоравување и колку е сериозна повредата. Пред неколку недели стана јасно дека недостасува дел од р‘скавицата во коленото, но тоа се среќава кај доста постари фудбалери. Токму таков беше случајот со поранешниот капитен на Барса Карлес Пујол, кој дури беше принуден да ја прекине кариерата. „Семјуел тренира и продолжува со рехабилитацијата. Изгледа добро, но не…

Read More

Над 1500 навивачи на Лацио го испрати својот тим во Неапол, каде што утре популарните „орли” ќе се соочат со второпласираниот тим во серија А. Приврзаниците на римскиот клуб се собраа во станицата Термини во главниот град на Италија за да ја покажат својата поддршка и љубов кон клубот. На утрешниот натпревар, секторот за гостински навивачи на стадионот „Сан Паоло“ ќе биде празен. Безбедносната мерка е поради големото нетрпение кое владе меѓу навивачите на овие два клуба и омразат која ја има меѓу „тифозите“ на Лацио и оние на Наполи.

Read More

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Раул Гонзалез по натпреварот изјави дека една од причините за поразот од Исланд е поголемата свезина која ја имале противничките ракометари и дека како и на другите натпревари Макеоднија играла многу подобро во првотополувреме. „Исланд беше подобар, играше добро во двата правци и заслужи да победи. Во првиот дел игравме  одлично, но подоцна се уморивме, нивната одбрана беше цврста и тоа беше решавачко за победникот на мечот. Загубивме во вториот дел каде бевме уморни, како и на скоро секој натпревар на ова СП. Мора да ја прифатиме реалноста, Исланд има одлични млади ракометари и тие…

Read More

Македонија не успеа да го добие натпреварот кој ја водеше во втората фаза на СП во ракомет, со поразот од Исланд со 22:24, нашите репрезентативци останува да играат во „Президент купот“ односно за пласман од 13 до 16 место на ова СП.

Read More

Македонија одигра одлично прво полувреме против селекцијата на Шпанија, но очигледно лошиот старт на вториот дел беше пресуден за лошиот резултат на крајот на натпреварот. Крилото на Македонија, Мартин Поповски бешереален дека лошто второ полувреме не донесе до убедлив пораз против Шпанија. „Во првиот дел бевме одлични, нашиот голман беше одличен. Но, вториот дел го почнавме лошо, противникот тоа го искористи  и плативме превисока цена. Сепак, нашето финале е мечот со Исланд и верувам дека сме подготвени за тој дуел со Исланд. Честитки за Шпанија и многу успех понатаму на ова СП“, изјави ракометарот на Македонија и Вардар.

Read More

Нашата репрезентација одигра самоедно добро полувреме против селекцијата на Шпанија и тоа не беше доволно за добар резултат на овој натпревар. На почетокот на второто полувреме Шпанија направи серија од 5:0 и со тоа го натера селекторот Раул Гонзалез да ги одмара нашите главни играчи за мечот со Исланд, а помладите не успеаа дапарират на Шпанија која на крајот славеше 21:32.

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва во 20.30 часот во Минхен го игра својот четврти натпревар од групата Б на СП во ракомет што се одржува во Германија и Данска. Противник на Македонија е силната селекција на Шпанија која е еден од главните фаворити за освојување на првото место во нашата група, но и еден од претендентите за медал на ова СП. Досега со Шпанија сме одиграле 6 натпревари, од кои сите ги има добиено репрезентацијата на Шпанија. Од нив 4 беа на големите натпреварувања, првиот пат се сретнавме на ЕП во Италија кога загубивме со 26:19. Потоа следуваа два натпревари…

Read More

Нашите ракометари го одржаа денешниот тренинг и се подготвуваат за утрешниот натпревар против селекцијата на Шпанија. Сите репрезентативци се подготвени да одиграат уште еден квалитетен натпревар против селекција која е кандидат за висок пласман на ова СП.

Read More