Македонската ракометна репрезентација го има вториот слободен ден на СП во Германија и Данска, а го искористи за одржување на еден тренинг кој ќе биде во функција на рекуперација по вчерашниот натпревар и подготовка за следниот со Шпанија кој го играме утре. Нашите репрезентативци имаа можност да ги видат своите грешки од мечот со Хрватска и се задоволни од играта, пред се во одбраната, но не и во нападот кој немаше завршница во неколку чисти ситуации. Токму тоа ќе биде предмет на анализа и подготовка за средбата со Шпанија, но од друга страна сите се прашуваме дали Македонија ќе влезе…
Author: riste
Крилниот играч на нашата репрезентација Дејан Манасков беше реален дека Македонија беше далеку од победа на оваа средба против Грватска , пред се поради неискористените чисти шутеви. „Знаевме пред натпреварот дека ќе биде тешко, Хрватска е квалитетна репрезентација, ние се обидовме да направиме нешто и се подготвувавме за овој натпревар, се обидовме да ги разбиеме со 7 на 6, создадовме шанси а на почетокот промашивме доста чисти шутеви. Доколку не прамашевме толку многу зицери можеби резултатот немаше да биде таков, но далеку бевме денеска од победата“ – вели нашето крило. „Како и на претходните натпревари имавме добри и лоши моменти,…
Нашата репрезентација го доживеа првиот пораз на СП во Германија и Данска, поразени сме од Хрватска со 31:22, но сепак остануваме во трка за пласман во вториот круг со победа на следните два натпревари против силната Шпанија и незгодниот Исланд:
Голмаот на нашата репрезентација Борко Ристовски по мечот со Бахреин истакна дека не се многу потрошени и дека доволно ги сочувале силите за денешниот натпревар со Хрватска. Противникот е фаворит , но Макеоднија ќе се обиде да се спротистави на селекција која е еден од кандидатите за медал. „Задоволни сме од пврите две победи, но треба да бидеме претпазливи , ова е само почеток на СП, допрва следува тешкото. Не очекуваат три тешки натпревари кои ќе бидат далеку по сериозни од првите два и не треба да не фаќа еуфорија. Овие две победи треба да ни дадат самодоверба за она…
Откако ја забележавме првата победа на СП во ракомет во стартниот натпревар против Јапонија и еден ден одмор, македонската репрезентација денеска продолжува со натпреварите на Светското првенство кое се одржува во Германија и Данска. Македонија денес ќе атакува кон нови бодови на СП , а за противник ја има селекција на Бахреин, натпреварот започнува во 14 часот. Селекторот на нашата репрезентација Раул Гонзалез не планира да прави во составот на нашата селекција за оваа средба, па повторно на трибините ќе останат пикерот Милан Лазаревски и голманот Златко Даскаловски. Во конкуренција за настап на оваа средба остануваа истите кои беа во…
Бекот на нашата репрезентација Филип Талески е задоволен од првата победа остварена на СП во ракомет, тој смета дека разликата меѓу Бахреин и Јапонија е голема, нашиот следен противник е многу повисок и поагресивен и затоа мора да играме многу стрпливо во нападот. „Посакувавме ова СП да го отвориме со победа, тоа и го направивме. Преспавме по овој натпреварот, а следат уште четири натпревари. Синоќа видовме дека и Бахреин е незгоден противник како и Јапонија, се држеше до самиот крај против Шпанија. Потребно е максимално да се подготвиме и за нив. Ако имаме уште една победа, потоа се ќе биде…
Крилниот играч на нашата репрезентација Гоце Георгиевски смета дека Бахреин е селекција која игра многу поагресивно од Јапонија и имаат различен тип на ракомет. „Мислам дека утрешниот натпревар ќе биде многу поразличен од оној со Јапонија. Бахреин е непознаница за нас, никогаш не сме играле против нив. Ова е СП и нема лесни противници, сите играат ракомет. Ако не влеземе максимално, ќе имаме проблеми со секој противник, без разлика дали се вика Бахреин, Чиле или некој друг. За разлика од Јапонија , селекцијата на Бахреин игра со многу поголема агресивност и тоа може да ни биде проблем во нападот“ изјави…
Селекторот на нашата ракометна репрезентација Раул Гонзалез веќе разработува тактика за следниот противник на нашата селекција, Бахреин. Тој смета дека е добро што сме ја победиле Јапонија и тоа со голема разлика, но сепак Бахреин е различен од Јапонија и дека имаат сосема друг тип на играчи. „Ја победивме Јапонија, а Бахреин ни е следниот противник. Треба да имаме ист пристап како на дуелот со Јапонија. Доколку имаме шанса порано да го решиме натпреварот би било добро. Мислам дека против Шпанија, Бахреин играше добро и во еден момент во вториот дел имаа негатива од три разлика и тоа против европскиот шампион,…
Нашата ракометна репрезентација денешниот слободен ден го искористи за утрински тренинг и подготовка за утрешниот натпревар со Бахреин. Во убава атмосфера и зголемен оптимизам , но од друга страна и претпазливост нашите ракометари најавуваат ист пристап во играта и на меот со Бахреин. Она што е добро по првиот натпревар е тоа што победивме, ја остваривме почетната победа, но и сите ракометари се здрави и се подготвуваат за следниот противник. Попладне ќе се гледа видео анализа на противникот и ќе се бара начин како да се дојде до планираната втора победа.
Еден од оние кои го одбележаа првиот натпревар на Македонија на ов СП е голманот на нашата репрезентација, Борко Ристовски кој имаше 19 одбрани и со тоа не им дозволи на противничките играчи да се надеваат на позитивен резултат. „Резултатот кажува едно, но натпреварот беше далеку од лесен, иако победивме со голема разлика, Јапонија не намачи, видовте како трчаат, доста се физички подготвени и малку се незгодни во тие напади еден на еден, а посебно во транзицијата брз центар, контра и полуконтра. Можеби половина од головите ни ги дадоа од брз центар и полуконтра и тоа е еден показател каде…
