Лионел Меси, лидерот на Барселона, чие седење на клупата за резервни играчи е многу ретко, го подобри неговиот неочекуван рекорд. Со неговиот влез во игра на мечот против Легањес во неделата вечер, напаѓачот стана најуспешниот фудбалер кој бил резерва во историјата на „Ла Лига“ во овој век, со постигнати 22 гола. Во сите натпреварувања, Лео Меси влезе од клупата во 76 натпревари за Барселона, успеа да постигне 34 погодоци и да направи 5 асистенции. 31-годишниот Аргентинец е доследен во својот резултат, имајќи најмалку 40 гола во девет последователни сезони. Исто така го држи рекордот за најмногу голови во една календарска…
Author: riste
Барселона го загуби Осман Дембеле за околу 2 недели, по повредата во натпреварот против Легањес кој со играше синоќа. Французинот се запиша во листата на стрелци при победата од 3:1, но во текот на второто полувреме заработи повреда на зглобот и денес од клубот потврдија дека нема да игра во следните 15 дена. Повредата доаѓа во лош момент, бидејќи Дембеле се наоѓаше во многу добра форма, но сега нема да биде на располагање на Ернесто Валверде за натпреварите со Севиља за Купот на кралот и за дуелот со Џирона од првенството. Во најдобар случај ќе се врати за натпреварот со…
Пред само еден месец, шпекулациите за иднината на Пол Погба во Манчестер Јунајтед беа меѓу омилените теми на англиските медиуми. Сепак, промената на Жозе Мурињо со Оле Гунар Солскјаер видливо го промени расположението на Французинот кој постигна пет гола во последните пет натпревари за „црвените ѓаволи“. Погба, исто така, експлицитно нагласил колку добро се чувствува во новата шема за игра, каде што добива многу повеќе слобода. Според „Сан“, светскиот шампион со Франција е толку задоволен од промената на статусот, што тој повеќе не само што не помислува да замине, дури е подготвен повторно да потпише со Манчестер Јунајтед. Ова, секако…
Селекторот на нашата ракометна репрезентација Раул Гонзалез даде свое видување најнапред на средбата со Чиле, а потоа и за начинот на игра на нашата репрезентација на ова СП. „Честитки за моите ракометари, но и за селекторот на Чиле кој одлично го подготви натпреварот. Беа брзи и создадоа многу проблеми за нашата одбрана. Жалиме што не ја минавме групата, но барем со победа го завршивме тунирот. Очекувавме да ја поминеме групата, да се пласираме во главната фаза, но не успеавме. Овие натпревари во Келн не се играа како во Минхен и тоа е видливо. Би сакале да ја водам Македонија и…
Еден од оние кои блескаа на денешниот последен натпревар на Македонија на СП во Германија и Данска беше голманот Никола Митревски кој даде свое видување на оваа средба. „Одигравме не толку добар натпревар, но сепак на крајот најважен е резултатот. Завршивме со победа и одиграме онолку колку што требаше. На моменти беше тешко, пресуди искуството на нашите играчи. Победата значи многу за помладите играчи кои допрва треба да собираат искуство за да покажат подобра игра во следните големи натпреварувања. Ниту еден од поразите од европските репрезентации не беа застрашувачки за нас. Игравме солидно против сите, а имавме пад во играта пред се…
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, по натпреварот против Чиле и победата која ни донесе пласман на 15. место на Мундијалот, истакна дека е добро што го завршивме првенството со победа и дека оваа селекција во иднина може да биде многу подобра. „Овие натпревари се најтешки за играње. Не решаваат ништо, но многу поубаво е да се заврши со победа отколку со пораз. Сите играчи добија шанса, посебно младите, кои видоа како е да се игра на СП и како е да се победи. Убаво е да се заврши со победа, без разлика што се случуваше на овој шампионат. Тешко…
Македонската ракометна репрезентација на крајот се најде на 15-то на Светското првенство во Германија и Данска. Во последниот натпревар од разигрувањето со многу проблеми ја совладавме селекцијата на Чиле со 32:30 (16:16). Македонија добро го започна натпреварот и по неколку минути игра имаше предност од 3 гола разлика (6:3) но веднаш следуваше пад во играта кој го искористи Чиле и дојде до израмнивање. Во текот на поголемиот дел од првото полувреме бевме во предност со 10:8, 12:10 и 13:11, но во финишот од првиот дел дозволивме Чиле да направи пресврт и да дојде до водство од 14:16, но сепак со головите во…
Ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах се запиша на два пати во листата на стрелците при вчерашната победа со 4:3 над Кристал Палас и така ја заокружи бројката од 50 погодоци во 72 натпревари од Премиер лигата. На овој начин тој се израмни со поранешниот напаѓач на Ливерпул Фернандо Торес, кој дојде до толку голови за ист број средби во англиската фудбалска елита. Салах е четвртиот играч во историјата на ова првенство во однос на најбрзо постигнати 50 гола. Пред него се само легендите Енди Кол (во 65 дуели), Алан Ширер (во 66) и Руд Ван Нистелрој (во 68), оставајќи зад…
Еден од главните играчи на Арсенал, Ектор Белерин, веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната. Десниот бек беше дел од екипата која синоќа дојде до победа над Челзи, но заработи повреда на коленото, односно има скинати вкрстени лигаменти на коленото. Белерин се повреди при еден дуел и мораше да биде изнесен на носила во 72-та минута, а тоа беше очигледно бидејќи веднаш реагираше откако почувствува болката во левото колено. Ова е голем удар за Унаи Емери кој ќе мора да смета само на Лихтштајнер на десната бековска позиција.
Денешниот ден ќе биде последен натпреварувачки ден за оние репрезентации кои разигруваат за пласман од 13. до 24. место на ова СП. Ќе биде познат распоредот на репрезентациите откако ќе бидат одиграни овие натпревари кои се на програмата во текот на попладневните и вечерните часови. Останатите 12 најдобри селекции ги играат натпреварите од главната фаза и се борат за пласман во полуфиналето на Мундијалот во Германија и Данска. Не очекуваат неколку интересни натпревари, но еве кој со кого игра денес на СП:
