Author: riste

Италијанскиот Лацио ќе се обиде да го привлече бразилскиот играч Малколм. Крилото разочара со неговиот настап во Барселона по трансферот од Бордо во текот на летото. За време на летниот трансфер период за трансферот на Малком се водеше голем битка, тој најнапред беше договорен со Рома, но во последен момент се предомисли и потпиша за Барселона. Сега има повторно шанса да се пресели во главниот град на Италија, но овој пат во друг тим. Менаџментот на Барселона инвестираше 41 милион евра во трансферот на Малком, кој не успеа да се избори за место во стартниот состав на Ернесто Валверде. Претседателот…

Read More

Јувентус планира да се раздели со Миралем Пјаниќ и Сами Кедира во текот на летото, за да направи место за Арон Рамзи и Пол Погба, тврди „Тутоспорт”. Во последните недели на големо се пишува дека „бјанконерите” веќе се договориле со Велшанецот, кој ќе го засили тимот како слободен агент во текот на летото, кога истекува неговиот договор со Арсенал. Според информациите на Италијанскиот весник сепак во Јувентус не се откажале и од идејата да си ги вратат Пол Погба од Манчестер Јунајтед, кој игра во добра форма по заминувањето на Жозе Мурињо. За да соберат средства за овие два трансферот,…

Read More

Менаџерот на Арсенал Унаи Емери рече дека на тимот му се потребни нови засилувања. Тој ова го кажа по победата со 3:0 против Блекпул од третото коло на ФА Купот. „Можеби трансфер пазарот ќе ни помогне да се засилиме со централен дефанзивец, но ситуацијата не е лесна, бидејќи Мавропанос наскоро ќе се врати по повредата. Исто така ни треба и крило, лево или десно. Некој кој може да ни помогне на оваа позиција”, рече Емери. „Ни требаат играчи со таква посветеност, кои се подготвени да блеснат, кога тимот има потреба од нив. Тие ќе добијат шанса токму во такви средби.…

Read More

Поранешниот англиски репрезентативец, Џермејн Дефо, ги помина медицинските прегледи во Манчестер, пред да го финализира трансферот во шкотскиот тим Глазгов Ренџерс, соопшти „Скај Спортс“. 36-годишниот напаѓач веќе преговараше за неговите лични услови и ќе му биде позајмен на тимот од „Иброкс“ во наредните 18 месеци од Премиерлигашот Бурнемаут. Дефо се очекува да се приклучи на Ренџерс во понеделник во Тенерифе, каде што „сините” на Глазгов накратко ќе се подготват за време на 4-недела зимска пауза во шампионатот. Менаџерот на шкотскиот тим Стивен Џерард се надева дека ќе може да го привлече капитенот на националниот тим на Северна Ирска, Стивен Дејвис…

Read More

Македонската ракометна репрезентација забележа победа и во вториот контролен натпревар против селекцијата на Србија. Благодарение на голот кој го постигна Филип Лазаров на десет секунди до крајот од натпреварот репрезентацијата на Македонија славеше со 28:27. Во текот на целата средба Македонија беше во предност, а на крајот успеа да ја круниса добрата игра со уште една победа, па сега останува со тренинзи да се подготват пред патувањето на Светското првенство. Во првиот дел од средбата Македонија имаше константна предност која ја оджуваше и на одмор замина со водство од 16:13. Селекторот Раул Гонзалез се одлучи да им даде шанса на…

Read More

Челзи и Тотенхем влегуваат во сериозна битка за играчот од средниот ред на Милан Франк Кеси, објавија медиумите во Италија. Според последните информации „росонерите” може да се одлучат да продаваат играчи, за да може тимот да не биде во проблеми со правилата на УЕФА за финансиски фер-плеј. Раководствот на Милан знае дека доколку сака да не добие тешки санкции, не смее да ги надмине границите за трошење на пари. На крајот се претпоставува дека при понуда од 45 милиони евра, тимот најверојатно ќе се согласи да се раздели со репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, кој е еден од најдобрите…

Read More

Во сериозна трка по ѕвездата на Фиорентина, Никола Миленковиќ влегувата две екипи од Манчестер. Манчестер Јунајтед и шампионот Манчестер Сити го посакуваат српскиот дефанзивец како засилување на одбраната. Двата гиганти се подготвени да понудат 50 милиони евра на Фиорентина. Миленковиќ беше поврзан со трансфер во Атлетико Мадрид за сума од околу 40 милиони евра во текот на изминатата лето. 21-годишниот дефанзивец се смета за еден од најдобрите одбрандбени играчи во Серија „А”, а досега има одиграно 18 натпревари оваа сезона. Во нив, Миленковиќ успеа да постигне гол двапати. Србинот беше купен од Фиорентина летото 2017 година. Тогаш „виолетовите” му исплатија…

Read More

Тренерот на италијанскиот гигант Јувентус, Масимилијано Алегри, одлучи да ја напушти својата екипа по завршувањето на оваа сезона. Тоа е она што денес го објави весникот „Мундо Депортиво“. Договорот на Алегри со Јувентус е до летото 2020 година, но тој има намера да си замине по оваа сезона, без разлика на нејзиниот исход. При триумф во Лигата на Шампионите, Алегри ќе постигне се во Јувентус, а при евентуален неуспех не е исклучено и раководството да го ослободи. Токму поради тоа тој одлучил самиот да замине. Тој ја одработува својата петта година кај шампионот на Италијаи за овој период освои историски…

Read More

Италијанскиот тим Интер постигнал договор со дефанзивецот на Атлетико (Мадрид) Диего Годин да се пресели во нивниот клуб во текот на летото како слободен играч , објави „Скај Италија”. Уругвајскиот дефанзивец е пред завршување на договорот со сегашниот клуб и нема намера да го обнови, а најверојатно во наредните денови ќе го стави потписот на прелиминарниот договор со „нероазурите” и од следната сезона ќе настапува на „Џузепе Меаца”. Според последните информации тој ќе потпише двегодишен договор со гигантот од Милано. Во преговорите меѓу неговите претставници и раководството на Интер останува да бидат одредите некои ситни детали пред договорот да стане…

Read More

Утринава стигна информација од ФК Црвена Ѕвезда дека ноќеска починал Легендата на југословенскиот фудбал и на Црвена Ѕвезда, Драгослав  Шекуларац – Шеки. Популарниот Шеки не напушти во својата 81. година, пренесуваат српските медиуми. Еден од најдобрите фудбалери кои некогаш играле на овие балканските простори е роден во Македонија , односно во Штип во 1937 година. Во дресот на „црвено-белите“ дебитираше во 1955 година, а одигра вкупно 470 натпревари и постигна 119 гола. Освои седум титули во националното првенство и пет куп титули. Во дресот на репрезентацијата на Југославија одигра 41 натпревар и шест пати се запиша во листата на стрелци. Како…

Read More