По неколку дена одмор, нашите ракометни репрезентативци од денес ги продолжуваат подготовките за СП во Германија и Данска. Селекторот Раул Гонзалез од денес има на располагање 20 ракометари со кои ќеги реализира следните тренинзе. Според програмата додека репрезентацијата се подготвува за настап на СП, утре (четврток) РФМ заедно со репрезентативците ќе го промовира новиот дрес со кој ќе настапуваат во Германија и Данска. На 3 јанауари од 14 часот во продавницата на „Д-Спорт“ која се наоѓа под Јужната трибина на националната арена „Филип Втори“ ќе може да го видиме новиот дрес на нашата ракометна репрезентација, а ракометарите пред спортската јавност…
Author: riste
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, рече дека може да ги напушти Каталонците по крајот на сезоната. „Не знам што ќе правам следната сезона, никогаш не мислам премногу далеку во иднина, два месеци – тоа е многу долг период”, рече Валверде во интервјуто за клубската телевизија. „Секојпат по победата, јас сум среќен, но по поразот секој го гледа тренерот, сакам сите да уживаат во сопствената работа, а ако не ја освоиме титулата, сите ќе бараат виновник”, додаде Валверде. Овој тренер седна на клупата на Барселона пред почетокот на сезоната 2017/2018. Под негово водство, каталонците ја освоија титулата, купот и супер-купот во…
Монако е близу до привлекувањето на играчот од Челзи Сеск Фабрегас, пренесе весникот „Л’Екип“. 31-годишниот Шпанец сака да игра под водство на неговиот поранешен тимски колега, Тјери Анри, кој го предводи францускиот тимво моментов. Трансферот се очекува да биде финализиран следната недела. Оваа сезона, Фабрегас има одиграно 14 натпревари за Челзи во сите натпреварувања и постигна еден гол. Досега, уште два тима беа заинтересирани за Фабрегас, тоа се Милан и Фенербахче.
Премиерлигашот Челзи ја започна новата година со првото официјално засилување, се работи за младиот фудбалер на Борусија Дортмунд , Кристијан Пулишиќ кој преставува еден од најголемите светски таленти. Утрово стигна и потврдата, дека тој и официјално е нов член на „сините“ од Лондон. Како што пренесуваат британските медиуми, по неколкунеделните преговори, германскиот клуб одлучил да ја прифати понудата, а воедно да му ја исполни желбата на Пулишиќ. Челзи за реализација на овој трансфер на Борусија ќе ѝ исплати 58 милиони фунти, односно 64 милиони евра но американскиот интернационалец ќе дојде во Лондон дури по завршувањето на тековната сезона. Според договорот…
Првиот трансфер за пристигнување на играч во Серија „А“ во новата 2019 година беше дело на Фиорентина. Клубот од Фиренца го привлече колумбискиот напаѓач од Севиља Луис Муриел. Фудбалерот ќе игра како позајмен играч на „Артемио Франки“ до крајот на сезоната и ќе ги помине медицинските тестови во среда, по што ќе го потпише договорот. Договорот помеѓу Фиорентина и Севиља содржи клаузула за откуп од 13 милиони евра, која раководството на Фиорентина ќе може да ја искористи во текот на летото.
Тимот на Челзи се откажа од својата намера да го привлече играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објави весникот „Сан“. Од „Стемфорд Бриџ“ беа убеден во договорот откако беше подготвена понуда од 75 милиони фунти за играчот. Но, тој знаеше за интересот на ПСЖ, за што побара повисока плата отколку што веќе добива. Претходно, лондончани се согласија да му платат неделна плата од 250.000 фунти, заедно со 10% агенциска провизија и бонуси за настапите. Сепак последните промени во барањата го натерало раководството на Челзи да се откаже од Иско. Во меѓувреме, „сините“ се многу поблиску до привлекувањето на…
Играчот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил категорично демантираше дека ќе направи трансфер во друг тим во јануари. Ова го изјавиле за „ESPN“ луѓе блиски на фудбалерот. Германецот неколку пати не влезе во игра оваа сезона, а менаџерот Унаи Емери ја оправда својата одлука со „тактички причини”. Се шпекулираше дека Озил ќе замине од Лондон за време на зимскиот преоден рок. Но, тој е сигурен дека може да ја добие довербата на менаџерот. Плејмејкерот го обнови договорот со клубот минатата сезона и добива по 300.000 фунти неделно. Играчот ги пропушти последните два натпревари против Ливерпул и Фулам поради повреда…
Јапонскиот ски-скокач Рјој Кобајаши ја забележа втората победа во рамките на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ откако успеа да скокне најдалеку на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен. Кобијаши дојде до триумфот со вкупно 266,6 бодови, благодарение на скоковите од 136,5 и 133 метри. Второто место му припадна на Маркус Ајзенбихлер кој имаше два бода помалку, додека третопласиран беше Давид Кубацки од Полска. По вториот триумф на втората станица од новогодишната турнеја, Кобајаши во генералниот пласман кој на победнкот ќе му го донесе „златниот орел“ дојде до бројката од 548,9 бода, а зад него се Ајзенбихлер со 546,6 бода и Кубацки со 526 бода. Сега натпреварувачите…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер ќе стори сé за да ги задржи во тимот Антони Марсиал и Давид де Геа. Двајцата одбиваа да ги обноват своите договори додека менаџер беше Жозе Мурињо, но сега ситуацијата е друга. Солскјер има намера да реализира сериозни разговори со Марсиа и Де Геа, за да ги убеди да не го напуштаат „Олд Трафорд”. „Знам дека клубот сака да потпише со нив, се разбира, бидејќи тие се најдобри играчи. Тоа зависи само од фудбалерите, но тие се на најдоброто место во најголемиот клуб во светот. Се надевам дека ќе можам да помогнам во…
Претседателот на Кралската шпанска фудбалска федерација Луис Рубиалес ќе се обиде радикално да го промени натпреварувањето во Кралскиот куп, пишува весникот „АС“. Првиот човек на шпанскиот фудбал подготви нов формат за ова натпреварување и ќе го предложи на следното Генерално собрание. Идејата на Рубиалес е во раната фаза (до 1/4 финале) се играат само по еден елиминациски натпревар, а не како сега по два. Тој мора да ги убеди тимовите од „Ла Лига“ дека натпреварите ќе се играат на теренот на екипата која е послабо рангирана, односно е од понизок ранг на натпреварување. Главната промена што Рубиалес ќе ја понуди…
