Италијанската полиција го утврдила идентитетот на фанови на Болоња и Торино кои предизвикале инцидент и искршиле автобус, откако се сретнале случајно на еден паркинг на автопатот А1 во текот на вчерашниот ден. Околу 100 луѓе беа вклучени во инцидентот кој што се случил во Тоскана. Фановите на Торино го разбиле стаклото на автобус откако фрлале камења кон него. Полициските патроли успеале да ги идентификуваат навивачите на Торино откако го сопреле автобусот кој бил без стакло, а биле запрени на влегување во Рим. Овие на Болоња пак биле запрени во близина на Арецо, а полицијата ги извадила од патувањето навивачите, за…
Author: riste
Ливерпул речиси сигурно ќе се откаже од десниот бек Натаниал Клајн, а тоа ќе го стори во првите денови од новата година. Според англискиот „Мирор” најголемиот фаворит да ангажирање на дефанзивецот е тимот на Кардиф. Клајн одигра 14 натпревари за Англија , но фудбалерот имаше проблеми со повредите, а во моментов нема шанси да влезе во првиот состав на тимот од „Енфилд” и ќе мора да бара промена на тимот, а до крајот на сезоната ќе биде добро решение за него и неговата кариера да игра во друг клуб. Клајн беше еден од најважните играчи на тимот пред да се…
Со натпреварите кои ќе се одржат на скокалницата во Оберсдорф денес од 16.30 часот ќе започне традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“, натпреварување кое секоја година го одбележува овој пред и по новогодишен период. Австриецот Крафт вчера имаше најдобар скок во квалификациите од 138,5 метри, а второто место му припадна на Јапонецот Рјоји Кобајаши. Пјотр Жила од Полска беше трет во клавилифациите. Камил Штох, која минатата година победи на сите четири скокалници, беше дури осмопласиран во вчерашните квалификации. Со натпреварувањето на скокалницата во Оберсдорф стартува ова натпреварување во скијачки скокови, а потоа следуваат натпреварите во Гармиш-Партенкирхен (1 јануари), Инсбрук (4 јануари) и Бишофсхофен (6 јануари)…
Италијанскиот скијач Доминик Парис е победник на денешната супер велеслаломска трка во машка конкуренција која се одржа во Бормио, Италија. Домашниот натпреварувач успеа да ја мина патеката за време од 1:29.95 минути и беше побрз за само една стотинка од второпласираниот Матиас Маер од Австрија. Третото место му припадна на Александар Омод Килде од Норвешка, кој заостануваше 0.46 секунди зад победникот парис. Оваа победа во Бормио е втора за Парис во само 24 часа, откако претходно успеа да победи и во спуст трката. Тој досега има остварено четири победи на оваа патека во рамки на Светскиот куп, со што тој…
Со својот прв гол против Сампдорија во втората минута од натпреварот суперѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо веќе имаше 13 постигнати голови во Серија „А“. Така на само 19 одиграни средби тој постави рекорд за најмногу постигнати голови на еден португалски фудбалер во една сезона во Калчо лигата. Претходното постигнување го имаше поранешниот напаѓачки играч, Руи Барош. Во сезоната 1988/89, повторно со тимот на „Старата дама“, тој постигна 12 погодоци во 29 натпревари во италијанската елита. Кристијано Роналдо постигна уште еден гол од пенал во вториот дел со што веднаш го подобри овој рекорд на еден португалски фудбалер кој има 14…
Францускиот шампион ПСЖ е голем фаворит за ангажирање на играчот од Реал Мадрид Иско, пренесуваат медиумите во Париз. Лично претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи се сретнал со агентот на шпанскиот репрезентативец – неговиот татко Пако Аларкон. Самиот играч е заинтересиран да оди во Париз, иако сака да игра под раководство на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Клубскиот колега од „Сантијаго Бернабеу” Карим Бензема сепак му кажал одлични зборови за француската престолнина и Иско се согласил да премине кај „принцовите”. Проблем за можниот трансфер може да биде тоа што ПСЖ има проблем со финансискиот фер плеј. Купувањето на Шпанецот ќе бара…
Спортскиот директор на Милан Леонардо категорично негираше за евентуално ослободување на Џенаро Гатузо од функцијата тренер. „Гатузо е нашиот тренер и не постои и никогаш немало алтернативен план. Никогаш не сме се поврзувале со Арсен Венгер и Антонио Конте, чии имиња беа споменати во овој период. Сеуште сме на пат за остварување на својата цел, која е четвртото место” рече Леонардо. „Разговараме со (директорот на клубот) Паоло Малдини и Леонардо секој ден. Постои голема искреност меѓу нас. Се чувствувам поблиску до нив, никој не ми кажал дека имам ултиматум. Од 1 јули слушам дека „Гатузо мора да си оди” ,…
Повеќето членови на клубот сакаат Барселона да го продолжи договорот со Ернесто Валверде. Според „Мундо Депортиво”, анкетата направена во медиумите во Каталонија покажа дека поддршката на актуелниот тренер на Барселона е огромна. Повеќето од нив мислат дека Валверде треба да остане во тимот. Продолжувањето на договорот со тренерот има поддршка од 80% од членовите. 18,33% мислат дека одлично ја извршува својата работа, 60,33% сметаат дека тој добро работи. 54-годишниот тренер е на чело на Барса од 2017 година. Водејќи ја оваа екипа успеа да ја освои „Ла Лига„, „Купот и Супер Купот на Шпанија“, а оваа година приоритет ќе му…
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија Герет Саутгејт и носителот на „Златната копачка” од Светското првенство во Русија Хари Кејн беа одликувани од кралицата Елизабета II. Саутгејт беше удостоен со орденот – Офицер на Редот на Британската империја поради пласманот на Англија во полуфиналето на Светското првенство во Русија. „Јас сум неверојатно горд Англичанец, бидејќи имав можност да преставувам својата земја како играч повеќе од 50 пати, а потоа да го водам тимот на Светското првенство, а тоа беше апсолутна привилегија. Се надевам дека сите кои ме поддржуваат во целата моја кариера , се чувствуваат горди на фактот дека сум…
Играчот од средниот ред на Арсенал Арон Рамзи ќе се пресели во Јувентус следното лето. Според весникот „Daily Express“, 28-годишниот велшки интернационалец ќе потпише 4-годишен договор со клубот од Торино. Рамзи има договор со Арсенал кој истекува на 30 јуни 2019 година. Тој ќе се пресели во Јувентус како слободен агент. Платата на овој фудбалер во италијанскиот шампион ќе изнесува 8 милиони евра годишно. Во тековната сезона Рамзи одигра 22 натпревари за Арсенал, постигна 2 гола и имаше 6 асистенции.
