Интер планира да го продаде играчот од средниот ред Раџа Наинголан и тоа веќе во оваа зима, пишува „Газета дело Спорт“. Вчера белгискиот фудбалер беше отстранет од тимот поради „дисциплински престап”. Се верува дека тој неколку пати е доцнел на тренинг, што го налутило тренерскиот тим на Интер. Интер се лути на Наинголан, кој беше привлечен во текот на летото од Рома за 38 милиони евра. Ова значи дека сопствениците на Интер се одлучиле да го продадат Наинголан, доколку во јануари добијат понуда за него. Тие се надеваат дека барем ќе ги намалат своите загуби. Се верува дека постои интерес…
Author: riste
Јувентус го убеди Арон Рамзи да го потпише договорот следното лето, велат извори од Италија, вклучувајќи ги и „Кориере дело Спорт“ и „Тутоспорт“. Италијанскиот првак победи на натпреварот за потписот на велшкиот интернационаелц, нудејќи му солидна плата од 10 милиони евра годишно. Интересот за Рамзи, чиј договор со Арсенал истекува по крајот на сезоната, имаше од Париз Сен Жермен и Интер. Сепак, последните вести велат дека Јуве веќе се договорил со играчот кој ја прифатил неговата понуда. Значи, Јувентус втора година по ред ќе го зацврсти средниот ред со класа фудбалер, без да плати за трансферот. На ист начин, Емре…
Реал Мадрид ја освои својата 4-та титула, 3-та во серија, а еден од играчите кои го решија полуфиналето ја доби наградата за најдобар фудбалер на натпеварите од светското клупско првенство. Герет Бејл по завршувањето на мечот беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот, најмногу поради хет-трикот против екипата на Кашима Антлерс во полуфиналето. Герет Бејл беше добар и во финалето иако на оваа средба одлично одигра Лука Модриќ, сепак наградата отиде кај Бејл. „Сребрената топка“ ја освои Бразилецот Кајо, кој го предводеше тимот на Ал-Аин до финалето на ова светско превенство за клубови, а Сантос Боре од Ривер Плата е…
Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид ја одбрани титулата и во светското клупско првенство кое се играше во Абу Даби. Во денешниот финален натпреавр Реал Мадрид беше поуспешен од Ал Аин со 4:1 и со тоа ја освои својата 4-та титула на светското клупско првенство. По оние во 2014, 2016 и 2017 година, сега ја освоија титулата и во 2018 година и со тоа се сами на врвот пред Барселона која има три титули. Головите за Реал Мадрид во ова финале беа дело на Модриќ, Љоренте, Рамос и автогол на Надер. Единствениот гол за Аи Аин го постигна Шиотани. Овој денешниот…
Вечерва Фудбалската федерација на Mакедонија (ФФМ) на гала вечер во МНТ ќе ги додели наградите за најдобрите во Мак фудбалот за 2018 година. Како никогаш досега на една свеченост на која ќе се прогласуваат најдобрите за една сезона ќе доминира една екипа. Тоа е Шкендија, апсолутно заслужено ако се знае дека овој клуб ја освои двојната круна, убедливо беше најдобра во првата лига, а ги освои во најголем дел и пехарите во младинските категории во првенството и Купот на Македонија. За најдобара фудбалер ќе биде прогласен Бесарт Ибраими кој е и најдобар стрелец. Ќатип Османи ќе ја добие наградата за…
Еден од играчите на Манчестер Јунајтед, за кој се мислеше дека се во затегнати односи со Жозе Мурињо – Алексис Санчез, добил опклада со својот соиграч Маркос Рохо за разрешувањето на португалецот, објави весникот „Сан“. Според информациите веднаш штом ја дознал информацијата за смената на Мурињо, Алексис Санчез испратил порака до своите соиграчи, велејќи: „Ви реков! Потребно е само трпеливост. Рохо ми должиш 20.000 фунти”. Во моментов, Санчез, кој е најскапиот играч во клубот, е во неговата родна земја Чиле, каде што ја санира повредата.
Голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа е само на чекор до потпишување на нов договор со Манчестер Јунајтед, објави „ESPN“. Тековниот договор на шпанскиот репрезентативен голман со 20.кратниот шампион на Англија истекува следното лето. Во моментов, 28-годишниот Де Геа е интересен за Јувентус и Париз Сен Жермен, но Шпанецот не сака да оди во друг клуб. Давид Де Геа се пресели на „Олд Трафорд“ во 2011 година, а потоа успеа да го освои англискиот шампионат и трофејот во Лигата на Европа.
Спортското радио 90,3 ФМ како организатор на „Турнирот во мал фудбал на медиуми“ синоќа на посебна свеченост ги додели наградите за најуспешните на овогодинешното издание на овој турнир. Во присуство на многу гости, меѓу кои градоначанлникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалниците на општините Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, директорот на Агенцијата за млади и спорт и многу други гости беа доделени наградите за освоеното прво место на екипата на Спортско радио 90,3 ФМ, а беа прогласени и најдобриот фудбалер Дејан Крајчевски од МРТВ, најдобриот голман Мики Црнокрак од екипата на Спортско радио 90,3. Исто така беа доделени уште…
Откако заврши терминот за пријавување, ФФМ односно комисијата за лиценцирање објави дека сите македонски прволигаши, согласно утврдениот рок, аплицирале за добивање УЕФА лиценца за настап на натпреварите под капата на УЕФА во сезоната 2019/2020. Одделението за лиценцирање на Фудбалската федерација на Македонија во текот на изминатиов месец испрати покани до клубовите од Прва и Втора лига за доставување на пријави за лиценцирање за натпреварувачка сезона 2019/2020. Согласно доставените пријави, и сите актуелни прволигаши аплицираа за добивање на УЕФА лиценца очигледно сите до еден очекувајќи да се изборат за европски настап под капата на УЕФА во сезона 2019/2020. За добивање УЕФА…
Дисциплинската комисија за француската фудбалска лига му изрече дополнителна казна за играчот на Монако, Александар Головин. Русинот доби црвен картон при поразот од Олимпик Лион со 0:3 поради груб прекршок над Набил Фекир. Овој фудбалер поради овој негов потег доби казна од 4 меча неиграње за својата екипа. Според тоа тој нема да може да им помогне на своите соиграчи на средбите против Гингамп, Олимпик Марсеј, Ница и Стразбур. Судијата Клеман Турпен одлучи да го исклучи Головин по консултации со „ВАР“ Видео системот му дозволи на судијата да види дека Головин бил остар со копачките на ногата на Фекир. Ова…
