Author: riste

Една од легендите, а воедно и член на раководството на Баерн (Минхен), Карл-Хајнц Румениге коментираше за гласините за престојна разделба со Матс Хумелс. Дефанзивецот доста често од почетокот на сезоната завршува на клупата и не е задоволен од тој факт, а интерес кон него од други клубови не недостасува. „Пред неколку дена разговаравме со Матс. Тој ќе остане во Баерн и на пролет”, изјави Румениге. „Хумелс се чувствува среќен во Минхен. Се разбира, кога не играш на секој натпревар, почнуваат шпекулациите. Матс побара да разговараме за ситуацијата и го направивме тоа. Мислам дека дојдовме до разбирање”, додаде спортскиот директор Хасан…

Read More

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид Филипе Луис може да премине во противникот на неговиот тим во осминафиналето во Лигата на шампионите – Јувентус. Според информации на „Тутоспорт“, италијанскиот гигант сака да потпише преддоговор со левиот бек и да го земе бесплатно идното лето, кога истекува неговиот договор со Атлетико Мадрид. Пред почетокот на сезоната Атлетико го донесе овој играч кој малку играше во ПСЖ. Бразилецот продолжи да е главна фигура во составот на Диего Симеоне, но не се согласи за нов договор со клубот и е речиси сигурно дека ги поминува последните месеци во клубот. Во актуелната сезона, 33-годишниот играч има…

Read More

Европскиот шампион Реал Мадрид се пласираше во финалето на Светското клубско првенство, откако го победи без многу проблеми јапонскиот тим Кашима со 3:1. Герет Бејл беше херојот за „кралевите”, откако постигна хет-трик во голот на Јапонците, а головите ги постигна во 44-та, 53-та и 55-та минута од натпреварот. Дои го постигна голот за кашима во 78-та минута. Дуелот меѓу овие два тима се одигра на стадионот „Шеик Зајед Спортс Сити” во Абу Даби. Во финалето „кралевите” ќе се сретнат со Ал Аин, кој успеа изненадувачки да го елиминира шампионот на Јужна Америка, Ривер Плата по подобро изведување на пенали.

Read More

Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис потврди за понудата од страна на Манчестер Јунајтед за дефанзивецот Калиду Кулибали. Ова се случило пред разрешувањето на менаџер на „црвените ѓаволи“  Жозе Мурињо. Предлогот за трансфер на 27-годишниот дефанзивец бил со вредност од 95 милиони фунти. Плановите за евентуално привлекување на Кулибали најверојатно се промениле по разделбата на 20-кратниот шампион на Англија со Мурињо. Де Лаурентис е убеден дека репрезентативецот на Сенегал вреди за поголема сума. „Мурињо го сакаше и ние отфрливме понуда за 95 милиони евра. Сега е невозможно тој да го напушти Наполи”, коментира за локалните медиуми претседателот на клубот од…

Read More

Претставниците на Вест Хем заминале за Турција да преговараат со Бешикташ за трансферот на играчот од средниот ред Гари Медел. Чилеанскиот репрезентативец, кој исто така може да игра како централен дефанзивен играч, има искуство во Премиер лигата откако беше дел од тимот на Кардиф во сезоната 2013/14. Потоа Медел играше за Интер во три последователни сезони, а сега е веќе втора година во Бешикташ. „Скај Спортс“ објави дека Вест Хем веќе дал понуда за купување на играчот од средниот ред. Раководството на гигантот од Истанбул е подготвен да се раздели со 31-годишниот Медел, а договорот би бил потпишан во јануари.…

Read More

Играчот на Реал Мадрид, Иско продолжува да бидње во центарот на вниманието откако најави дека не се чувствува добро на „Сантијаго Бернабеу“ и дека не ја сака улогата на резервист. Во моментов има неколку клубови кои се заинтересирани за неговите услуги, но најголем интерес има од Англија и Италија. Весникот „Сан“ објави дека Челзи е подготвен да понуди 77 милиони евра за овој играч од средниот ред во јануари и неделна плата од 250.000 фунти. Сепак претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез не планира да седне на разговори со понуда помала од 100 милиони евра.

Read More

Последниот натпревар за оваа календарска година на ракометарите на Вардар беше во СЕХА лигата. Вардар дојде до лесна  и очекувана победа на гостувањето во Букурешт кај Стеауа со 30:34. Шампионот на СЕХА лигата остана на врвот на табелата по 13 одиграни кола на своето конто додаде уште три планирани бодови, и покрај тоа што настапи со изменет состав. Вардар уште  во првото полувреме покажа дека е дојден во Букурешт по победа и дека нема намера да дозволи изненадување, па првиот дел го добија со двоцифрене предност од 11 голови разлика (10:21). Се останато во второт дел беше рутина за ракометарите на Вардар…

Read More

Арсенал е еден од фаворитите за ангажманот на младата ѕвезда на француската Лига 1 – Николас Пепе, објави весникот „Л Екип”. Напаѓачот на Лил се проценува на 45 милиони евра, а Унаи Емери инсистира кај сопственицците на клубот дека сака да го има во тимот. 23-годишниот Пепе е еден од најзаслужните за добрите настапи на неговата екипа во овој дел од сезоната, постигнувајќи 12 гола, а со тоа му помогна на Лил да биде втор зад Пари Сен Жермен. Напаѓачот на Брегот на Слоновата Коска има клаузула во неговиот договор, овозможувајќи му да замине за 45 милиони евра. Арсенал ќе…

Read More

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт е прогласен за најдобар менаџер во Англија за оваа година во анкетата на „Би-Би-Си“. 48-годишниот Герет Саутгејт, е на клупата на селекцијата на Англија по отказот на Сем Алардајс, а успеа да ја препороди репрезентацијата и сосема заслужено го доби големото признание. Тој со Англија успеа да обезбеди полуфинале на Мундијалот во Русија оваа година, а во Лигата на нации избори пласман на завршниот турнир во Португалија. Претходно Саутгејт беше предводник на младата репрезентација на Англија, а во периодот од 2006 до 2009 година беше на челот на тимот на Мидлзброу. Ова признание оди…

Read More

Белгискиот дефанзивец ви екипата на Барселона Томас Вермален добил повреда на мускулот на потколеницата и ќе отсуствува од терените околу еден месец, објавија од клубот. Дефанзивецот беше заменет, откако доби повредата синоќа при победата на каталонците како гостин кај Леванте со 5:0. Барса е лидер на табелата во „Ла Лига“, со предност од три бода пред второпласираната Севиља, како и пред Атлетико Мадрид. „Тестовите покажаа дека Вермален има кинење на мускулот на потколеницата на десната нога и ќе се опоравува околу четири недели”, објавија од „Камп Ноу”. Семуел Умтити се лекува од повредата на коленото во Катар, а тоа значи…

Read More