Author: riste

Тренерот на Рома Еузебио ди Франческо, рече дека италијанските навивачи често одат на стадионот за да ги навредуваат противничките играчи, а не да го поддржуваат нивниот тим. „Јас целосно се согласувам со Анчелоти, и во такви ситуации слободно можеме да го повлечеме својот тим од теренот, ако државата не може да се справи со проблемот на расизмот, ние треба да одговориме на тоа. За жал, навивачите одат на стадионот за да го навредуваат противникот, а не да го поддржуваат својот тим. Дури и навивачите на Рома ги напаѓаат со навреди противничките играчи. Треба да бидеме посилни за да спречиме ваков…

Read More

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, рече дека клубот треба да одлучи за иднината на напаѓачот Еден Азар. Договорот на 27-годишниот белгиски интернациопналец е до летото 2020 година. Тој е веќе на списокот на желби на Реал Мадрид. „Мислам дека треба да го решиме овој проблем, ако сакаме да размислуваме за иднината, мора да го решиме ова прашање, не знам што мисли Азар за тоа, но мислам дека е време да донесеме одлука”, рече Маурицио Сари за „Скај Спортс“. Во тековната сезона Азар одигра 22 натпревари за Челзи, постигна 12 гола и имаше 9 асистенции.

Read More

Град Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје денес ги прогласи најдобрите спортисти наГрад Скопје за 2018 година. На свеченоста најнапред се обрати Градоначалникот Петре Шилегов кој ги поздрави спортистите и спортските работници,им се заблагодари за постигнатите резултати, но исто така им посака многу поголеми успеси во наредната година. Признанијата за 2018 година година отидоа кај наши познати, но и перспективни спортисти. Добитници на наградите за 2018 година се:   Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени) Евгениј Поп Ацев – Академски Пливачки клуб Студент 3 место во вкупен пласман на Светски куп во маратонско пливање на…

Read More

Екипата на Сампдорија официјално објави на својот веб сајт, дека го продолжува договорот на напаѓачот Фабио Кваљарела кој во јануари ќе наполни 36 години. Новиот договор на овој играч е до јуни 2020 година. Кваљарела го игра својот втор период во Сампдорија, откако пристигна во 2016 година. Инаку играше од 2006-та до 2009-та година, а потоа настапуваше и за тимовите на Торино, Фиорентина, Наполи, Асколи, Удинезе и Јувентус. Три пати е шампион на Италија, а го освои Суперкупот на Италија. Во дресот на националниот тим беше од 2007 до 2010 година. Оваа сезона, во тимот на Сампдорија има постигнато 10…

Read More

Виктор Моузес ќе се пресели во Кристал Палас за време на преодниот период во јануари, објавија англиските медиуми. 28-годишниот напаѓач се враќа во оваа екипа, каде што играше во периодот од 2007-2010. Кристал Палас ќе му плати на Челзи околу 12 милиони фунти за правата на поранешниот нигериски репрезентативец. Менаџерот на „сините“  Маурицио Сари веќе даде дозвола на крилото да го напушти „Стемфорд Бриџ“. Виктор Моузес е поранешен фудбалер на Виган, а тој исто така помина одредени периоди како позајмен играч во Ливерпул, Стоук Сити и Вест Хем. Во саботата, Кристал Палас дојде до голема победа од 3:2 како гостин…

Read More

ПСЖ ќе се вклучи во битката за полудефанзивецот на Ватфорд Абдулај Дукуре во јануарскиот преоден рок, тврди весникот „Мирор”. Поранешниот младински репрезентативец на Франција импресионира со своите настапи во дресот на тимот од Премиер лигата и кон него интерес има и од страна на Евертон. Сепак се смета дека можеби Дукуре ќе сака да се врати во Франција, бидејќи ако премине во ПСЖ ќе има многу поголема шанса да дебитира за сениорскиот национален тим на Франција за кој сеуште не играл. Според последните информации од ПСЖ ќе понудат 30 милиони евра за полудефанзивецот. Сé уште не е јасно дали оваа…

Read More

Дефанзивниот играч на Челзи, Гери Кејхил бил понуден на Интер и на Рома. 33-годишниот ветеран не спаѓа во плановите на лондонскиот менаџер Маурицио Сари. Затоа, англискиот репрезентативец веќе бара нов клуб. Интерес за Кејхил има и од Милан, но неодамна тој се откажа од оваа намера, а се фокусираа кон Сеск Фабрегас. Сега одбрандбениот играч е понуден на два други клуба од Серија „А“ – Интер и Рома. Но, тие исто така не се премногу заинтересирани за опцијата да го земат Кејхил во нивните редови. Интер има доволно опции во овој дел од теренот, па дури и Жоао Миранда се…

Read More

Македонската кошаркарска федерација на свечена церемонија синоќа ги прогласи најдобрите во мак-баскетот за 2018 година, а наградата за најдобар ја добија двајца кошаркари и тоа за првпат во историјата. За најдобри кошаркари во мак-баскетот прогласени се Бојан Трајковски и Војдан Стојановски. Поради клупски обврски, двајцата ја пропуштија свечената церемонија, а наградите во нивно име ги примија членови на нивните семејства. За најдобра македонска кошаркарка прогласена е Анжелика Митрашиновиќ, македонска репрезентативка и член на ЖКК Будуќност. И таа не беше присутна на церемонијата на МКФ, исто така поради клупски обврски. Признанието за најдобар млад кошаркар за првпат во кариерата го понесува…

Read More

Крајниот дефанзивец на Јувентус, Алекс Сандро, вели дека потпишал нов договор со тимот откако разговарал со претседателот на италијанскиот шампион Андреа Ањели. „Многу сум среќен што потпишав нов договор, ќе останам во Торино многу години, се определив да останам во овој тим, затоа што сакам да бидам дел од историјата на оваа екипа, но исто така, бидејќи разговарав со претседателот, и знам каде сака да биде оваа една нова убава приказна”, рече Алекс Сандро. Како што е познато, Бразилецот потпиша нов договор со Јувентус до летото 2023 година.

Read More

Македонската ракометна репрезентација попладнево го имаше својот собир со што и официјално стартуваат подготовките за настап на СП во Герамнија и Данска. Капитенот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров, на првиот собир на ракометарите ги најави активностите и претстојниот настап на Мундијалот кој на стартот на 2019 година ќе биде во центарот на вниманието. Најискусниот ракометар вели дека се наоѓаме во една тешка група, во која ќе влеземе со доста подмладен состав. Вели дека треба да се остане скромен во најавите пред Светското првенство, но истовремено да се работи напорно, за да се мине првата рунда. „Се наоѓаме во една тешка…

Read More