Author: riste

Една од ѕвездите на Ливерпул Мохамед Салах втора година по ред ја освои наградата во анкетата на „BBC“ за најдобар африкански фудбалер. Египетскиот репрезентативец собра најголем број на гласови и беше подобар од од сенегалскиот соиграч во Ливерпул Садио Мане, како и од Мехди Бенатиа (Јувентус / Мароко) Калиду Кулибали (Сенегал /Наполи) и Томас Парти (Атлетико Мадрид / Гана). Минатата сезона Мохамед Салах постигна 44 гола за Ливерпул во сите натпреварувања и стигна со Ливерпул до финалето во Лигата на Шампионите. Потоа учествуваше со „фараоните” на Светското првенство во Русија, а од почетокот на оваа сезона има 13 погодоци за…

Read More

Денес е 3-от ден од „Турнирот во мал фудбал на медиумите 2018“, а по одигрувањето на последните натпревари по групи во која Канал 5 ја совлада ТВ Шења со 4:1, 1 ТВ беше подобра од Сител со 2:1 и Алфа го победи тимот на МТВ 2 со 2:0. Познати се екипите кои ќе играат во денешните ½ финални средби . Според распоредот попладбнево по 17 часот ќе играат МРТВ – МТВ 2, а од 17.40 часот Спортско радио 90,3 против екипата на АЛФАТВ. Денес се играат уште неколку ревијални натпревари меѓу „петлињата“ од неколку фудбалски школи од СКопје , но…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл нема да игра на мечот против Рајо Ваљекано кој се игра вечерва. Велшкиот напаѓач беше изоставен од списокот на играчи за оваа средба поради повредата на зглобот. На прес-конференцијата вчера, Сантијаго Солари не даде прецизен одговор за тоа дали Бејл е подготвен да игра, чекајќи ги часовите пред натпреварот. Велшкиот интернационалец има девет гола во шест натпревари против „Пчелите”. Надвор од составот за денешната средба се уште Каземиро, Маријано Дијаз, Начо Фернандез и Серхио Регилон. Натпреварот се игра вечерва од 18.30 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

Read More

Капитенот на Интер Мауро Икарди е подготвен да потпише нов договор со клубот. Договорот ќе го поврзе напаѓачот со „Нероазурите“ до 2023 година. Икарди ќе добие 7 милиони евра за сезона, сума на која ќе бидат додадени дополнителни бонуси. Сопругата на Икарди Ванда Нара, која е и негов агент, призна дека го разгледуваат предлогот на Интер , а то аго потврди на профилот на „Twitter“. Сеуште не се знае што ќе се случи со откупната клаузула на Иакрди која е 110 милиони евра. Иако интересот од Реал Мадрид и Челзи сеуште постои, капитенот на Интер на неколку пати изјави дека…

Read More

Дефанзивниот играч на Јувентус, Жоао Кансело, нема да биде во можност да настапува за својата екипа до крајот на годината поради повреда на коленото. Тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри ја потврди оваа информација дека португалскиот интернационалец ќе биде подлегнат на операција на менискусот, која ќе го оддалечи од терените до крајот на јануари наредната година. Тоа не е единствениот удар за Јувентус, исто така и Хуан Квадрадо ќе биде отсутен наредните неколку недели, поради истегнување на лигаментите на  десното колено на дуелот против Јанг Бојс од ЛШ. Јувентус денес го игра градското дерби против Торино на гостински терен, дуел во кој ќе се…

Read More

Италијанскиот гигант Јувентус пропушти уникатна шанса да ја заврши календарската година 2018 без да загуби како гостин. Тоа се случи, откако синоќа „бјанконерите” загубија со 1:2 при готувањето кај швајцарскиот Јанг Бојс во Лигата на шампиони. Така, успешната серија на тимот од Торино од 26 натпревари без пораз на гостински терен (23 победи, 3 нерешени) е завршена. Меѓу гостувањата се издвојуваат оние кај Реал Мадрид (3:1), Манчестер Јунајтед (1:0), Милан (2:0), Интер (3:2), Тотенхем (2:1) и др. Претходно, Сампдорија беше последниот тим кој го победи Јуве дома со 3:2 во ноември 2017 година. Серијата можеше да продолжи, ако голот на…

Read More

Најскапиот фудбалер на Валенсија, Гонзало Гуедеш ќе биде надвор од теренот околу два месеци. Португалското крило одлучи да се оперира, потврдија од клубот. Ова е уште еден хендикеп за екипата од „Местаља“ која има доста проблеми со ефикасноста затоа што на 15 натпревари оваа сезона во „Ла Лига“ има постигнато само 12 гола и се наоѓа во долниот дел од табелата. Валенсија го откупи Гуедеш од Париз Сен Жермен во август за 40 милиони евра, но оваа есен не ги исполни очекувањата и сè уште нема постигнато гол во 10 натпревари одиграни во шампионатот на Шпанија.

Read More

Со натпреварите кои ќе бидат одиграни вечерва стартува новото издание на традиционалниот турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија. И оваа година Спортското радио 90,3 е организатор на овој турнир каде настапуваат вработените од медиумите од нашата земја. Поделени во 3 групи, 9 медиуми ќе се натпреваруваат, но пред се ќе се забавуваат. Вечерва турнирот го отвараат МРТВ и Канал 5 со мечот во 19.50, а потоа ќе играат Канал 77 – Алфа ТВ и Спортско радио 90,3 – Сител ТВ. Исто така вечерва не очекуваат и два ревијални натпревари меѓу Општина Гази Баба и Општина Ѓорче Петров, како…

Read More

Напаѓачот на Јувентус Паоло Дибала секако дека беше незадоволен од поразот со 1:2 од Јанг Бојс во последниот натпревар во групата Х“ од Лигата на шампионите. Средбата беше без значење и за двата тима, но Швајцарците постигнаа успех и победија за престиж. Аргентинскиот голгетер, смета дека овој пораз ќе биде лекција на неговиот тим. Токму тој беше стрелец на голот за екипата од Торино, а на крајот постигна уште еден погодок кој беше оправдано поништен поради офсајд. „Не сум го гледал поништениот гол, но најважно е дека победивме во групата, благодарение на победата на Валенсија над Манчестер Јунајтед. Пропуштивме многу…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид Сантијаго Солари ја презеде одговорноста за поразот со 0:3 од ЦСКА (Москва) во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. Ова беше најлошиот домашен натпреваи и најубедлив пораз за Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Тој призна дека не бил задоволен од играта и секако од овој резултат. „Жалам за овој резултат. Знам дека презедовме некои ризици. Натпреварот можеше да е различен, но сето тоа зависи од силата, а ние не бевме силни во ниеден сегмент од играта. Не ми се допадна втората половина. Јас ја обновувам екипата и не успеав да го направам…

Read More