Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку се придружил на своите соиграчи Пол Погба и Алексис Санчез кои се незадоволни на односот на менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, пишува „Сан”. Според изданието белгискиот репрезентативец е незадоволен од последните натпревари, во кои го загуби местото во стартниот состав место и се почесто останува на резервната клупа. 25-годишниот играч, кој пристигна на „Олд Трафорд” за сума од 75 милиони фунти минатото лето, тешко ќе биде продаден во јануари поради долгорочниот договор, кој истекува во 2022 година Негов агент сепак е Мино Рајола, кој го преставува и Пол Погба кој постојано е поврзуван со…
Author: riste
Изминатите денови во Белград се одржуваше Европското првенство во стрелаштво со воздрушно оружје, на кое учествуваа вкупно 122 спортисти од 27 држави. Нашата змеја беше преставена од делегација параолимпијци кои имаа свој настап , а најдобар резултат оствари Оливера Наковска Бикова, освојувајќи го седмото место во финалето. Македонската параолимпијка во квалификациите стрелаше 559 кругови и како третопласирана влезе во финалето. Сепак, во финалните борби нејзините стрелби не беа на посакуваното ниво и на крајот мораше да се задоволи со седмото место. Александар Јовановски оствари личен рекорд од 550 кругови и го зазеде 13. место во конкуренција на 26 натпреварувачи, додека Ванчо Каранфилов со 546 кругови беше на…
Лошите прогнози за дефанџивецот на Арсенал Роб Холдинг се потврдени и тој ќе биде надвор од теренот неколку месеци. Одбрандбениот играч е сериозно повреден на левото колено во натпреварот против Манчестер Јунајтед и ќе биде опериран наредните денови. Предвидувањата се дека ќе се опорави за период помеѓу 6 и 9 месеци, така што нема да го пропушти само останатиот дел од тековната сезона, можеби нема да биде подготвен за почеток на следната. „Огромна благодарност до сите фанови, играчи и тренери за поддршката што ја добив во текот на изминатите два дена. Јас сум исклучително разочаран што оваа повреда доаѓа во…
Две од најголемите ѕвезди на Манчестер Сити – Серхио Агуеро и Кевин де Бруин, не успеаа целосно да ги санираат своите повреди и нема да можат да земат учество во утрешното дерби со Челзи на „Стемфорд Бриџ”. Аргентинецот, кој има 10 гола во 16 натпревари оваа сезона, заработи повреда во понеделникот, поради која го пропушти гостувањето кај Ватфорд. Де Бруин доби уште една повреда на коленото за време на фудбалскиот натпревар од „Карабао Купот“ минатиот месец. Пред извесно време се појавија информации дека тој се опоравува побрзо од очекуваното и ќе биде спремен за гостувањето кај Челзи. Сепак, Пеп Гвардиола…
Поранешниот фудбалер и „легенда“ на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, не го смета Наполи за главен ривал на неговиот поранешен клуб во борба за титулата. Според него, тоа е Интер, кој вечерва гостува на стадионот Алијанц во дербито од ова коло во Серија „А“. „Пред неколку години тврдев дека Интер е најголемиот ривал на Јуве. Оваа година можам и да потврдам дека клубот е солиден, тренерот добро ја познава серија А и тимот е силен”, изјави Дел Пјеро за „Газета Дело Спорт“. Разликата помеѓу двата тима во моментов е 11 поени во корист на тимот од Торино. „Јасно е дека само…
Поранешниот фудбалски селектор на Италија, Чезаре Прандели е назначен за тренер на Џенова. Прандели исто така ќе ја извршува и функцијата на техничкиот директор на клубот. Прандели го заменува на функцијата Хрватот Иван Јуриќ, кој беше отпуштен по сензационалната елиминација од третолигашот Виртус Ентела во Купот на Италија кој се одигра синоќа. За Јуриќ ова беше трето заминување од Џенова во рамките на последните 20 месеци, овој пат 43-годишниот стратег се задржува на чело на тимот едвај два месеци. Во октомври Јуриќ беше назначен на местото на Балардини, кој исто како неговиот наследник беше отпуштен по трет пат од Џенова.…
Муамед Сејдини , в.д. претседателот на Фудбалската федерација на Македонија во „Куќа на фудбалот“ на работен состанок ги пречека градоначалниците на Чаир, Висар Ганиу и Охрид, Јован Стојаноски, општини кои заедно со ФФМ се дел од новиот инфраструктурен проект за реконструкција и изградба на две трибини на стадионите „Чаир“ и „Билјанини Извори“. Раководството на ФФМ одржа конструктивен ссотанок околу заедничкиот проект со двете општини поврзан со подобрување на фудбалската инфраструктура. Првите луѓе во општините Чаир и Охрид и в.д. претседателот на ФФМ се согласија околу важните прашања поврзани со изградбата на трибините и заклучија дека соработката меѓу локалната самоуправа и…
Барселона подготвува понуда од 60 милиони евра за играчот од средниот ред на Јувентус, Родриго Бентанкур, соопшти „Кориере дело Спорт“. Според информацијата,од „Камп Ноу” ќе ја тестира „Старата дама” колку долго може да го задржува својот нов бисер. Уругвајскиот репрерзентативец совршено би се вклопил во каталонскиот тим, но „бјанконерите” тешко дека ќе го продадат лесно. Бентанкур ја игра втората сезона во Јувентус, откако беше купен од Бока Јуниорс за скромни 9,5 милиони евра. Сумата беше толку ниска, бидејќи пред тоа екипата од Торино му дозволи на Карлос Тевез да се врати без пари на „Ла Бобонера“. Договорот помеѓу Јувентус и…
Големата ѕвезда на италијанскиот гигант Јувентус – Кристијано Роналдо е мотивиран да се врати на врвот на светскиот фудбал уште следната година. Ова го изјави тренерот на „бјанконерите“ Масимилијано Алегри. „Златната топка“ за 2018 година отиде во рацете на Хрватот Лука Модриќ од Реал Мадрид, што предизвика куп полемики. Португалскиот ас, кој ја доби оваа награда рекордно 5 пати, остана втор во годинешниот избор. „Разочарувачки е, бидејќи тој заслужи да победи поради успесите со Реал. На светското првенство Португалија можеше да стигне по далеку но загуби од Уругвај. Сега Кристијано е доста мотивиран да ја врати оваа награда наредната година…
Суперѕвездата на Челзи Еден Азар ќе добие над 15 милиони фунти годишно ако се согласи да остане на „Стемфорд Бриџ“ и потпише нов договор со клубот, објавија локалните медиуми. Договорот беше направен и според менаџерот Маурицио Сари, ако белгискиот фудбалер сака да се обврзе да остане во клубот, тоа може да се случи дури до крајот на оваа недела. Новиот договор ќе му донесе на Азар 300.000 фунти неделна плата. „Клубот е подготвен веднаш да го обнови договорот, но сега од играчот зависи дали тоа ќе се случи или не. Јас природно сакам да остане кај нас, но само ако…
