Еден од најпознатите фудбалери од блиското минато на Атлетик (Билбао) Гаиска Гаритано беше назначен денес за тренер на тимот на местото на отпуштениот Едуардо Берисо. Синоќа, Атлетик Билбао загуби на гостувањето кај Леванте и паднаа на 18 место на табелата во „Ла Лига“. Атлетик (Билбао) има само една победа оваа сезона и дури 8 нерешени средби, а последниот пораз беше причина за неговиот отказ. Во историјата на „Ла Лига“, Атлетик Билбао е единствениот клуб заедно со Реал (Мадрид) и Барселона кои не испаднале од лигата, но сега имаат 11 поени од 14 натпревари и се на -3 од Виљареал кој…
Author: riste
Шпанскиот шампион Барселона е заинтересиран за играчите на Ајакс Матијас де Лигт и Франки де Јонг кој можат да одат во друг клуб заедно. Според шпанските медиуми, одбрандбениот фудбалер и младиот играч од средниот ред ги имаат сите шанси да се преселат во Барселона, бидејќи Шпанците веќе преговараат за нив. Оваа опција е исто така привлечна за самите играчи. Според истиот извор, Каталонците ќе мора да платат вкупно од 140 до 180 милиони евра за двајцата играчи на Ајакс.
Дефанзивецот на италијанскиот гигант Јувентус Андреа Барѕаљи ќе отсуствува од терените околу два месеци, соопштија од клубот. Според информацијата, 37-годишниот дефанзивен играч има повреда на мускулот и ќе се врати во игра по Нова Година. Ветеранот нема да биде на располагање на тренерот Масимилијано Алегри за натпреварите од Серија „А” со Интер, Рома и Торино, како и против Јанг Бојс во Лигата на Шампионите и Милан за „Суперкупот“ на Италија. Барѕаљи одигра 200 минути за Јувентус оваа сезона. Тој главно беше користен како резерва поради својата возраст и голема конкуренција. Во центарот на одбраната „бјанконерите” ги имаат уште Џорџо Киелини,…
Ракометарите на Металург и Вардар ги завршија свите обврски во ЛШ за оваа календарска година, но сега ги очекуваат настапи во СЕХА лигата. Токму натпреварот меѓу двете екипи од 10 коло ќе биде на програмата во среда. На денешната прес-конференција пред овој натпревар зборуваше тренерот на Металург, Данило Брестовац кој истакна дека и покрај тоа што Вардар е голем фаворит тие ќе се обидат да се надигруваат. „Играме со една од најдобрите европски екипи, кои се наоѓаат во ТОП 4. Играта ни е во нагорна линија, очекуваме дека ќе напредуваме. Во Нови Сад учевме боречки вештини, во Прешов малку судиите…
Напаѓачот на Атлетико Мадрид Диего Коста ќе отпатува вечерва за Бразил за да се подложи на операција во среда, пренесуваат шпанските медиуми. Лекарите, раководството и фудбалерот сфатиле дека најдобро е да се изврши хируршка интервенција за да се решат проблемите. Играчот кој не беше повикан во репрезентацијата на Шпанија на последните натпревар сакаше да игра на вчерашниот меч против Џирона (1:1), откако беше свесен дека на крајот ќе мора да оди на операција. Нема болка која може д аго спречи Диего Коста. Напаѓачот се бореше 90 минути и благодарение на неговите напори тимот од Мадрид дојде до израмнување. Играчот се…
Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге е уверен дека кризата е веќе зад баварскиот гигант. Баерн имаше успешна недела откако ја совлада Бенфика со 5:1 во Лигата на Шампионите, а во саботата стави крај на неуспешна серија во Бундеслигата со победа од 2:1 над Вердер во Бремен. „Кај нас навистина имаше криза, но таа веќе е зад нас! Во Бремен повторно се покажавме во карактеристичниот стил за Баерн Минхен, игравме фудбал со многу голем посед на топката. Од сите идеални гол шанси треба сепак да постигнуваме многу повеќе голови”, коментираше Румениге. „Но и тоа ќе се случи. Се чувствувам…
Одбраната на Барселона е доста неубедлива оваа сезона, но вчера против Виљареал, каталонците успеаа да ја сочуваат својата мрежа и конечно имаа „сува мрежа“ во лигата по повеќе од 3 месеци. Настапот на екипата повторно не беше толку импресивен, но тимот не дозволи да прими гол. Шампионот започнаа со две чисти мрежи во август против Алавес и Ваљадолид, но потоа започнаа проблемите и имаа серија натпревари кога Барселона секогаш примаше гол. Повредата на Самуел Умтити дефинитивно влијаеше и во овие 11 натпревари екипата прими дури 19 погодоци, што покажува дека Ернесто Валверде има што да подобрува на дефанзивен план. Во…
Вечерва во Париз ќе биде крунисан новиот победник на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот – „Златната топка” на „Франс фудбал“. Едно нешто е речиси сигурно – победникот нема да се вика Кристијано Роналдо или Лионел Меси, кои доминираа во последните 10 години, и редовно ја добиваа оваа награда. Аргентинецот дури не се најде во топ 3, додека во Италија минатата недела открија дека Роналдо нема да патува за француската престолнина, бидејќи е информиран дека ќе биде втор. Според најавата добитник на наградата е хрватскиот играч од Реал Мадрид, Лука Модриќ, кој веќе ја освои наградата ФИФА за „The best“. Во…
Тренерот на Лацио Симоне Инзаги беше лут на своите фудбалери по нерешениот резултат 1:1 против Киево од 14-то коло на Серија „А“. „Не е можно да се игра полошо од она што играше Лацио во првото полувреме. Тоа беа најлошите 45 минути, на кои бев сведок, откако сум тренер на Лацио во последните три години. Сакав да ги променам сите 11 фудбалери, но тоа беше невозможно. На полувремето ги замолив момчињата да ја променат играта. Јас разбирам дека дел од одговорноста е моја, но сè уште очекувам повеќе од тимот. На крајот на натпреварот можеби заслуживме повеќе. Три последователни нерешени…
Македонија ќе игра во грпата Г во квалификациите за ЕП 2020 година, а противници ни се Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија. Дел од овие репрезентации беа и желба на нашиот селектор во пресред на извлекувањето на групите, но тој вели дека сепак се ке зависи од нас и тоа како ние ќе играме. „Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротивстави со сите противници, само сплотено и тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние…
