Author: riste

Ракометаритена Вардар ја победи екипата на Татран Прешов во последниот натпревар ова агодина на домашен терен со 23:21 и со тоа ја задржа лидерската позиција во СЕХА лигата. Тренерот на Вардар Роберто Парондо по натпреварот изјави дека главен фактор за победата на оваа средба била промената во играта на неговата екипа во второто полувреме што го одлучи победникот. „Татран одигра добар натпревар и покажа дека е квалитетен тим. Се надевам дека гледачите во салата и пред ТВ екраните уживаа во она што можеа да го видат зашто и за двата тима одиграа добар натпревар. Ние не одигравме најдобро во текот на…

Read More

Спортскиот директор на Баерн Минхен Хасан Салихамиџиќ изјави дека тековната сезона најверојатно ќе биде последна во клубот за францускиот интернационалец Франк Рибери. Французинот премина во тимот од Минхен во 2007 година, исто како Ариен Робен тој ќе го напушти клубот по долгогодишна верност и тоа следното лето. „Ова го изјави претседателот Ули Хенес минатата недела за време на состанокот со навивачи. Мислам дека тоа ќе се случи. Ова е годината на промени. Но се радувам што Френк сеуште игра толку добро. Тој е еден од нашите водачи”, изјави Хасан Салихамидџиќ . Во тековната сезона, Рибери одигра 19 натпревари во кои…

Read More

Навивачот на Челзи Колин Винг, кој беше обвинет за расистички навреди кон напаѓачот на Манчестер Сити Рахим Стирлинг негираше дека го навредувал англискиот репрезентативец. 60-годишниот Винг изјави во интервју за „Дејли Меил”, дека го користел зборот „Manc”, со што се карактеризираат луѓето од Манчестер, а не „black” (црн) на адреса на Рахим Стирлинг. „Сакам да се извинам најискрено на Рахим. Разочаран и засрамен сум од однесувањето. Тоа не беше расистички, но и покрај тоа не беше правилно. Знам дека псовката е лоша работа, но ја бев изгубил контрола. Од 50 години наваму ги посетувам натпревари на Челзи и секогаш седам…

Read More

Напаѓачот на ПСЖ Едисон Кавани може да го промени тимот по крајот на оваа сезона. Како што објави „Франс фудбал“, неколку клубови се заинтересирани за Уругвајскиот интернационалец . Меѓу нив на списокот се Челзи, Наполи и Атлетико Мадрид. Тие веќе контактирале со парижаните за да разговараат за евентуалниот договор. Договорот на Кавани со ПСЖ е со важност до летото 2020 година. Сумата која е во неговата откупна клаузула е во висина од 50 милиони евра.

Read More

Ракометарите на Металург се поразени во последниот домашен натпревар оваа година од СЕХА лигата и тоа од екипата на Мешков Брест со 28:34. Домашната екипа се надеваше на изненадување и со победа на домашен терен да ја завршат 2018 година, но неуспеаа во оваа нивна намера. Металург лошо го започна натпреварот и уште од самиот старт му дозволи на противникот да ја има играта под контрола и да биде во предност, за во средината на првиот дел, Мешков да има водство од 4:8, па и 5:9, за подоцна, Металург фати приклучок и дојде до 9:10, но потоа следеше уште еден…

Read More

Челзи ќе упати понуда од 20 милиони фунти за десниот бек на Наполи Елсеид Хисај и тоа веќе во јануари, тврди британското издание на весникот „Сан”. Менаџерот на „сините” од Лондон Маурицио Сари работел заедно со фудбалерот во италијанскиот тим и е на мислење дека тој може да му заврши многу добра работа на „Стемфорд Бриџ” во следните неколку сезони. 24-годишниот дефанзивец е албански репрезентативец и игра во Наполи од 2015 година кога се пресели од екипата на Емполи. Тогаш за неговите услуги беа платени 5 милиони евра, а сега Наполи ќе може да добие четири пати поголема сума за…

Read More

Со победата од 1:0 синоќа против Интер во „Дербито на Италија“ Јувентус го израмни рекордот на ПСЖ од оваа сезона за најдобар старт во топ 5 првенствата во Европа, откако се даваат три поени за победа. Со 43 поени по првите 15 кола во Серија „А” „бјанконерите” го израмнија постигнувањето кое ПСЖ го постави во оваа сезона, исто така во првите 15 средби во „Лига 1“. Шампионот на Италија има 14 победи и само едно реми 1:1 на домашен терен со Џенова во 9-то коло. Во средата сепак ПСЖ одигра втор нерешен натпревар во 16-от дуел од француското првенство (1:1…

Read More

Алексис Санчез се врати во својата родна земја Чиле за да закрепне од повредата што ја претрпе пред неколку дена, пишуваат британските медиуми. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед доби лошо истегнување на мускулот и сигурно ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на оваа календарска година за „црвените ѓаволи”. На крајот тој добил дозвола од раководството да ја искористи ситуацијата и да се врати во Чиле, каде ќе продолжи со рехабилитацијата по специјална програма. Околу иднината на чилеанецот има доста шпекулации, но неодамна Мурињо најави дека всушност е задоволен од неговото залагање и нема намера да се раздели со него во…

Read More

Милан ќе се обиде да привлече во јануарскиот преоден некој меѓу двајцата напаѓачи на Ливерпул Дивок Ориги или Даниел Стариџ во случај враќањето на Златан Ибрахимовиќ во клубот да пропадне, тврди „Газета дело Спорт”. Швеѓанецот е главната трансфер цел на тимот, но неговото враќање на „Сан Сиро” може и да не се случи поради фактот дека неговото семејство е исклучително среќно во Лос Анџелес, неговата сопруга, па и двајцата негови синови, немаат желба да одат во Италија. Јирген Клоп ги користи двајцата напаѓачи првенствено како резерви, па нема да е никаков проблем за тимот од Милано да привлече барем еден…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски призна дека му се допаѓа улогата на неговиот тим Баерн која во моментов ја има , а тоа е да го следи лидерот на табелата, неговиот поранешен тим Борусија Дортмунд. Екипата на Борусија Дортмунд е лидер со цели девет бодови во однос на на шампионот и веќе се во улогата на фаворити за „сребрената салатера“. Полјакот сепак не се предава и верува дека тој и неговите соиграчи ќе ја стопат разликата. „Како „следач“ е доста полесно да ги напаѓате они екои се на врвот, з аразлика од лидерот кој треба да внимава за нападите…

Read More