Author: riste

Денес во Даблин беше одржана ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2020 година, кое за првпат ќе се одржи во повеќе земји. Нашата репрезентација беше извлечена од петтиот квалитативен шешир и се најде во групата Г заедно со селекциите на Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија. Еве како изгледаат сите групи за квалификациите за ЕП 2020 година: А: Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово Б: Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург Ц: Холандија, Германија, Северна Ирска, Естонија, Белорусија Д: Швајцарија, Данска, Република Ирска, Грузија, Гибралтар Е: Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Азербејџан Ф: Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски Острови, Малта Г: Полска,…

Read More

Напаѓачот на Борусија (Дортмунд) Пако Алкасер израмни интересно достигнување во Бундеслигата, откако се запиша во листата на стрелците на крајот на натпреварот при победата од 2:0 над Фрајбург во вчерашниот натпревар. 25-годишниот Шпанец влезе како резерва и постигна гол. Оваа сезона има девет погодоци откако се појави во игра како замена. Така Алкасер го израмни рекордот на сезоната во Бундеслигата според овој показател. Девет гола како резерви постигнале уште Јонел Ганја како играч на Штутгарт и Нилс Петерсен од Фрајбург.

Read More

Актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид ќе направи доста изненадувачки трансфер и ќе го привлече играчот од средниот ред на Арсенал, Арон Рамзи, пишува весникот „Мирор“. Велшкиот интернационалец има договор со Арсенал кој истекува по крајот на сезоната и двете страни немаат намера да потпишувата нов договор. Ова значи дека во јануари може да биде прилично евтин за потенцијалните купувачи на кои им треба добар играч од средниот ред. Во секој случај, Арсенал ќе се обиде да заработи пари од него со продажба во јануари затоа што ако чекаат до лето тогаш трансферот ќе биде без пари. За услугите на…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари го објави тимот за натпреварот кој го играат вечерва против Валенсија. Меѓу избраните играчи се најде и Иско, кој не е во добри односи со тренерот и беше оставен надвор од составот на екипата за натпреварот против Рома од Лигата на шампионите. Но, сега на спсокот ги нема стандардните Тони Крос и Марсело, кои се пповредени. Каземиро и Начо Фернандез исто така продолжуваат да бидат на листата на повредени. Од оваа групата на 20 играчи, двајца од нив ќе бидат елиминирани непосредно пред натпреварот, од кои еден сигурно ќе биде голман. Средбата на „Сантијаго…

Read More

„Голманот треба да брани, дефанзивците да го штитат од напади, средниот ред да ја гради играта, а напаѓачите да постигнуваат голови”, така го започна своето интервју за „Кориере дело Спорт“ капитенот на Интер Мауро Икарди, кој одговори на доста интересни прашања, од кои едно беше за интересот од Реал Мадрид за него. „Често зборувам за мојата вклученост во градењето на играта, но не ми е грижа за тоа. Јас не сум заинтересиран за мислењето на критичарите. Знам само еден начин да им помогнам на моите соиграчи, а тоа е да постигнам гол. Отсекогаш сум живеел за тоа. Ова е мојата…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во пресрет на новото коло од Премиер лигата зборуваше за состојбата на играчите. Манчестер Сити го очекува меч од 14-то коло на Премиер лигата против Бурнемаут. 47-годишниот шпански тренер изјави дека играчот од средниот ред Кевин де Бруин ќе се врати наскоро во игра и ќе може да настапува со што ќе се зголеми конкуренцијата во средниот ред. „Де Бруин сеуште не се опоравил, но наскоро ќе биде повторно во акција. Добра игра Брахим Дијаз ме прави среќен. Ние се гордееме со работата на Академијата и нејзините кадри. Се надевам дека ќе му понудиме…

Read More

Тимот на Рома започнал разговори со Антонио Конте кој би требало да го замени Еузебио де Франческо, но поранешниот менаџер на Челзи очекува повик од Манчестер Јунајтед или Пари Сен Жермен, пренесуваат медиумите во Италија. Раководството на Рома полека ја губи доверба во Де Франческо по серијата слаби резултати во Италија и во Лигата на шампионите. Во последниве недели Антонио Конте беше забележан на неколку натпревари во Серија А. Во моментов искусниот тренер води тужба против Челзи, барајќи сериозна парична компензација како обештетување откако беше заменет од Маурицио Сари во текот на летото.

Read More

Ракометарите на Вардар денес ги очекува исклучително тежок натпревар , но исто така и значаен во борбата за повисок пласман во својата група од Лигата на шампионите. Противник на нашиот шампион е полскиот тим Виве Кјелце кој од секогаш бил тежок ривал за „црвено-црните“, а така беше и на последната нивна пресметка во Полска кога домашната екипа славеше со 31:27. За тренерот Роберто Гарсија Парондо ова е последниот натпревар во 2018 година од ЛШ, а и двете екипи ќе играат за пласман на втората позиција. „Против Кјелце ќе го одиграме последниот меч за годинава. Тие сезонава играат одлично. Играат многу…

Read More

Нашата женската ракометна репрезентација со убедлив триумф над Азербејџан од 41:22 ги започна квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2019 година. Македонските ракометарки беа доминантни од првата до последната минута од натпреварот и во ниту еден момент од мечот не му дадоа на противникот да се понадева дека може да направи изненадување на оваа средба и буквално го прегазија противникот на терен во СЦ „Борис Трајковски“. Победата беше решена уште по првите 10 минути кога Македонија дојде до предност од 9:4, а до крајот на првиот дел ја зголемуваше предноста која на одмор ги однесе со…

Read More

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за фудбалер на Реал (Мадрид) дефанзивецот Рафаел Варан е на списокот на желби на Мурињо, пренесуваат медиумите во Англија. Според истиот извор, тимот на Манчестер Јунајтед е подготвен да го направи францускиот репрезентативец најскап дефанзивен играч во светскиот фудбал само за да го привлече во своите редови. Жозе Мурињо го знае квалитетот на светскиот шампион со Франција и верува дека може да направи одлична работа на „Олд Трафорд“. Сепак, таквиот трансфер може да се случи на почетокот на летото, бидејќи во јануари тешко би се случило Реал Мадрид да се откаже од услугите на Французинот. Сè…

Read More