Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд Шинџи Кагава е незадоволен од малата минутажа која ја има во својата екипа оваа сезона, и се надева дека ќе може да го напушти клубот уште во јануарскиот преоден рок, изјави Јапонецот пред германските медиуми. „Сакам да ја расчистам сегашната ситуација што е можно поскоро. Една од опциите е да го променам тимот, но повеќе сакам да ја променам целосно средината”, изјави 29-годишниот Јапонец. „Сум играл за Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед, па не ми е страв од промени. Секогаш сепак сум се надевал дека еден ден ќе можам да играм во Шпанија.…
Author: riste
Вечерва продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите и битката за пласман во елиминациската фаза од елитното натпреварување. Не очекуваат осум натпревари од групите Е, Ф, Г и Х кои се распоредени во традиционалните термини оваа сезона, од 18.55 часот и од 21.00 часот. Неколку тимови се многу блиску до следната фаза. Меѓу нив е италијанскиот шампион Јувентус, кој во минатото коло загуби изненадувачки дома со 1:2 од Манчестер Јунајтед во групата Х и денес има потреба само од бод против Валенсија, за да продолжи понатаму во ЛШ. Во меѓувреме, „Црвените Ѓаволи“ го пречекуваат аутсајдерот Јанг Бојс и ним им е…
Манчестер Сити нема да може да смета на повредените Бернардо Силва, Габриел Жезус и Илка Гундоган за средбата од претпоследното коло во групата Ф на Лигата на шампионите, меч кој го играат вечерва против Олимпик во Лион. Тројцата не заминаа со екипата од 19 играчи за Франција, а менаџерот Пеп Гвардиола објасни дека имаат физички проблеми. „Бернардо Силва е во финална фаза на закрепнување, но уште не е подготвен за игра. Габриел Жезус доби мускулен проблем на тренингот и не може да игра. Илка Гундоган има проблем со ногата. Секако желбата ми беше тие да бидат на располагање, но ситуацијата…
Играчот кој се смета за најскапо купениот фудбалер во историјата на Барселона Филипе Кутињо е опоравен од повредата и се најде во групата за претстојниот натпревар од Лигата на Шампионите со ПСВ Ајндховен. Бразилецот беше повреден на натпреварот со Интер и ги пропушти последните три недели. Иван Ракитиќ исто така ќе му биде достапен на тренерот Ернесто Валверде. Проблемите за тренерот сепак се доста големи, на повредените Томас Вермален и Сержи Сампер им се приклучија Рафиња Алкантара, Сержи Роберто , Луис Суарез, Јаспер Силесен и Артур. Проширениот состав на Барса се состои од 21 фудбалери. Покрај Марк-Андре Тер Штеген другите двајца голмани се од вториот тим…
Македонскиот ракометен тим Еурофарм Работник од Битола кој ќе биде наш претставник во групната фаза во ЕХФ Купот, ќе ги очекува своите противници во групата од третиот шешир на ждрепката која што ќе се одржи на 29 ноември во 11:00 часот во Виена. Заедно со Еурофарм Работник во ист шешир се германскиот Кил, француски Сент Рафаел и шпанска Куенка. Еве како изгледаат сите шешири пред ждребката и потенцијалните противници на Еурофарм Работник: Прв шешир: Гранољес (Шпанија), Фуксе Берлин (Германија), Хановер (Германија) Порто (Португалија. Втор шешир: Холстебро (Данска), Натурхаус Ла Риоха (Шпанија), Татабања (Унгарија), Азоти-Пулави (Полска) Трет шешир: Куенка (Шпанија), Ст. Рафаел (Франција), Кил (Германија), Еурофарм Работник…
Тренерот на Арсенал Унаи Емери објасни зошто го остави на клупата Месут Озил на вчерашниот натпревар против Бурнемаут, кој го добија тешко со 2:1. Германецот воопшто не се појави во игра, што беше сосема изненадувачки, но тренерот објасни дека тоа го направил поради променетата шема со тројца централни дефанзивци и стремежот да се игра поагресивно и цврсто што не се совпаѓа со стилот на фудбалерот. „Сфативме дека не очекува физички тежок натпревар со многу борби и дуели, па решивме да не игра. Освен тоа дејствуваме со тројца централни дефанзивци и оваа различна формација ќе ни даде една поинаква опција” објасни…
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс, кој за кратко време дури ја извршуваше функцијата на менаџер на тимот, го поддржа Жозе Муриљо, по чие назначување Велшанецот го напушти „Олд Трафорд“. Според Гигс, Португалецот не треба да биде отпуштен затоа што тоа нема да промени ништо. Напротив Гигс смета дек Мурињо носи стабилност во клубот и затоа треба да биде поддржан. „Не гледам како евентуалната промена на менаџерот во овој момент би променила нешто. Секој знае колку успешен беше Мурињо во годините наназад. Мислам дека таква стабилност не сме имале со години, па затоа треба да го поддржиме. Сепак нешто треба да се…
Фудбалерот на Барселона Серхио Бускетс ќе го одигра во недела својот натпревар број 500 во дресот на Каталонците. На овој начин тој ќе биде 7-ми во клупската историја кој стигнал до оваа граница, што е извонреден успех ако се земе во предвид тоа дека го направи своето деби пред малку повеќе од 10 години. Пред него во овој клуб 500 влегоа Виктор Валдес (535), Мигели (549), Карлес Пујол (593), Лео Меси (650), Андрес Иниеста (674) и Чави (767), па така аргентинската суперѕвезда во тимот Меси дефинитивно може да стане Број 1 во историјата на Барселона. Бускетс може и да не…
Ракометарите на Металург утре го играат последниот натпревар оваа сезона на домашен терен во Лигата на шампионите бидејќи до крајот останува уште еден натпревар и тоа гостување во Прешов кај Татран. Металург поминува низ еден период во кој има доста големи проблеми , но сепак најавуваат дека ќе дадат се од себе за да постигнат добар резултат против екипата на Силкеборг од Данска. „Играме со најдобрата, најскапата и најискусната екипа во нашата група. Само пивотменската позиција со Нодесбо и Кнудсен и нивното искуство јасно покажува дека ова е натпревар на кој нашите играчи можат многу да научат од нив. Се…
Премиерлигашот Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Јулијан Вајгл, објави „Спорт Билд“. 23-годишниот фудбалер влезе во центарот на вниманието на „топџиите“ кои размислуваат да испратат понуда за него во текот на оваа зима. Вајгл беше привлечен во Борусија во 2015 од Минхен 1860 и брзо стана еден од најдобрите млади играчи во Германија. Со неговата смиреност, техника и вештина се наметна кај тренерот, кој го споредува со играчот од средниот ред на барселона , Серхио Бускетс . Во првите три сезони со тимот на Борусија Дортмунд, Вајгл стана главна фигура во тимот и одигра 85 натпревари во Бундеслигата. По серијата…
