Ливерпул потпиша нов договор со една од неговите големи ѕвезди, Садио Мане. Договорот на Сенегалецот е до 2023 година, но финансиските параметри не се објавени. Клубот не ги објави детали за договорот, но според британскиот печат, договорот на Мане е за период од пет години со неделна плата од 150.000 фунти. „Многу сум среќен што продолжувам со Ливерпул на „Енфилд”. Прекрасно е да добијам нов договор и сега очекувам многу да помагам на тимот и клубот да ги оствари соништа и најважно да се освојат трофеи”, изјави Мане за официјалниот сајт на Ливерпул. „Секогаш сум велел дека кога добив шанса…
Author: riste
Играчот од средниот ред на Челзи Н‘голо Канте официјално потпиша нов петгодишен договор (до 2023 година) со „сините” од Лондон. Светскиот шампион со Франција пристигна во Лондон во 2016 година, па дури и во својата прва сезона стана шампион во Англија и освои голем број на индивидуални награди во Премиер Лигата. Минатата сезона тој го освои ФА Купот. „Среќен сум што го продолжувам престојот во Челзи. Ова беа две прекрасни години и сум жеден за уште успеси. Откако пристигнав, се развив како фудбалер, поставив предизвици пред себе и освоив награди, за кои никогаш не сум размислувал. Ми се допаѓа градот, клубот и сум среќен…
Тренерот на Еибар, Хозе Луис Мендилибар, зборуваше пред медиумите за натпреварот против Реал Мадрид во „Ла Лига“, кој ќе се одигра утревечер. Менделибар зборуваше за тренерската промена во европскиот шампион, каде што Јулен Лопатеги беше заменет со Сантијаго Солари. „Реал Мадрид е многу голем тим, со исклучително квалитетни фудбалери. Не ме интересира точно кој од нив ќе игра, бидејќи секој нивен фудбалер може да го реши натпреварот. Вистина е дека со новиот тренер почнаа да победуваат. Не гледам многу многу разлики помеѓу Јулен Лопатеги и Сантијаго Солари. Не беше нормално да загубат толку многу натпревари. Сигурен сум дека нивните фудбалери се во…
Тренерот на Интер , Лучијано Спалети смета дека националниот тим на Италија треба да ги отвори вратите за играчите родени во странство. „Имигрантските деца можат да помогнат. Германија и Франција веќе го имаат направено тоа”, рече тренерот на Интер во интервјуто за „Кориере дела Сера“. „Во принцип, ние во Италија доцниме, не само во фудбалот туку и во други работи”, продолжи Спалети. Тој ги сподели ставовите на тренерот Роберто Манчини. „Тој го избра вистинскиот пат на развој на „азурите”- напаѓачки фудбал, кој се потпира на техниката и квалитетот, бидејќи ако се обидуваме да се бориме со противниците со физичка сила, ќе изгубиме”, додаде…
Откако заврши групната фаза од ново формираното натпреварување на УЕФА, Лигата на нации со свој коментар се јави и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин кој изрази задоволство од тоа како помина ова натпреварување и со пофални зборови го отцени постоењето на Лигата на нации. Тој истакна дека е презадоволен од тоа како функционира натпреварувањето. „Заврши првиот дел од новиот проект на УЕФА. Со задоволство можам да кажам дека Лигата на нации ги надмина сите наши очекувања. Поуспешна е од тоа што сите очекувавме“, рече Чеферин. Секако дека и нашата фудбалска јавност може да се согласи со Александар Чеферин бидејќи…
Златан Ибрахимовиќ му кажал „ДА“ на Милан ! Оваа вест беше објавена од страна на италијанското издание на „Sportmediaset“, медиуми информираа дека договорот ќе биде за период од шест месеци и ќе биде даден на позајмица на „Сан Сиро“ од страна на Лос Анџелес Галакси. Според истиот извор во касата на американците ќе влезат 2,2 милиони евра, а по завршувањето на позајмицата клубот од Милано ќе има нови преговори за продолжување на неговиот договор во зависност од тоа како ќе се покаже Швеѓанецот. Во случај Ибра да му помогне на Милан со своите игри да стигне до Лигата на шампионите,…
Диего Коста се враќа во составот на Атлетико (Мадрид) по повредата која ја имаше , а ќе биде подготвен за дербито против Барселона во сабота и ќе се обиде да стави крај на лошата серија против шампионот и во првенството на Шпанија оваа сезона. Напаѓачот нема постигнато гол на 18 натпревари во „Ла Лига“, а за последен пат се запиша во листата на стрелци против Севиља во февруари. Атлетико Мадрид, кој го зазема третото место во „Ла Лига“, е домаќин на Барселона на 24 ноември во дербито на 13-то коло. Коста нема постигнато гол во кариерата против Барселона. Тој се…
Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан денеска имаше операција на коленото. Повредата го мачеше подолго време, па иако на некои натпревари играше со болки, со цел побрзо да биде подготвен за вториот дел од сезоната мораше да се изврши хируршки зафат. „Операцијата мина добро. Им благодарам на сите што се грижеа за мене и моето здравје. Следува пауза од два месеци. Се гледаме брзо“, вели Вуко Борозан. Проблемите со коленото на Борозан траejа неколку месеци, а првично беше планирано оперативниот зафат да биде извршен откако ќе завршат натпреварите од Лигата на шампионите. Со цел да биде подготвен за важните дуели,…
Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ќе биде во составот на својата екипа за претстојниот натпревар викендов против Ватфорд. Тој ја пропушти драматичната победа на Англија над Хрватска од Лигата на нациите поради истегнување на мускулот, но веќе е доста подобро и Јирген Клоп ќе може да смета на него. Генерално кариерата на Хендерсон во последниве години е исполнета со најразлични повреди и тоа му пречи да го потврди огромниот потенцијал со кој располага. Ливерпул ќе се сретне против Ватфорд во сабота, а тимот не знае за пораз во оваа сезона од Премиер лигата и имаат освоено 30 поени по првите…
Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген може да се појави во игра за својата екипа уште во саботното дерби против Челзи. Ова го откри менаџерот на тимот Маурисио Почетино. Белгискиот дефанзивец ги пропушти последните девет натпревари на Тотенхем поради повреда, но веќе продолжи со тренинг и е подготвен за игра. Давинсон Санчез сепак, ќе биде надвор од игра околу еден месец, бидејќи има повреда. „Мораме да чекаме до утре да видиме дали може да игра, тој е многу важен играч за нас”, рече Почетино, кој додаде дека клубот веќе работи на новиот договор на Кристијан Ериксен .
