Author: riste

Македонската хокеарска репрезентација го освои златниот медла на ИИХФ Девелопмент Куп во Германија каде во конкуренција на земјите кои немаат хокеј арена (Македонија, Португалија, Ирска и Андора) го освои првото место. Во финалето нашата репрезентација убедливо ја совлада селекцијата на Португалија со 9:3. Македонија доминираше на целиот овој настан, и со своите настапи потврди дека е зрела за да добие и затворена хокеј арена за развој на овој спорт. Македонија оствари 5 победи во 5 натпревари на ова неофицијално Светско првенство на земји без хокеј арена кое се одржа во градот Фусен – Германија. Со овој резултат и со се…

Read More

Тимот на Атлетико Мадрид е заинтересиран за Виктор Гузман, играч кој е вистинско откритие на мексиканското првенство оваа сезона, пренесуваат шпанските медиуми. 23-годишниот играч од средниот ред на Пачука има 9 гола и 5 асистенции во текот на оваа сезона. Гузман е модерен играч од средниот ред кој одговара на стилот на Диего Симеоне. Тој има добра техника, има способност да игра еден на еден и лесно да се комбинира, без да ја изгуби својата позиција благодарение на тактичката дисциплина. Мадридскиот клуб не се единствениот што го следи мексиканскиот репрезентативец. Ајакс, ПСВ Ајндховен и Борусија (Дортмунд), исто така, го сакаат…

Read More

Милан е заинтересиран за фудбалерот на Удинезе Родриго Де Пол, објавија италијански медиуми. Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, следната недела претставниците на Милан ќе се состанат со агентите на играчот. Трансферот може да се случи во јануари кога тренерот на Росонери, Џенаро Гатузо сака да го засили нападот за да биде конкурентен во борбата за влез во Лигата на шампионите. 24-годишниот Аргентинец во тековната сезона има одиграно 13 натпревари во дресот на Удинезе, а успеа да постигна 5 гола и 3 асистенции.

Read More

Манчестер Сити Фил Фоуден. Договорот на младиот плејмејкер истекува и „Старата Дама” се обидува да го извлече од „Етихад” по истата шема по која во 2012 година го зеде Пол Погба од Манчестер Јунајтед. Раководството на Јувентус сепак не сака да ги расипува добрите односи со Манчестер Сити и ќе се обиде да преговара прво со управата на „граѓаните”. 18-годишниот фудбалер има договор до крајот на сезоната, а преговорите за потпишување уште не се почнати. Талентот одигра 10 натпревари за Манчестер Сити оваа сезона, но во Англија се зборува дека сака да премине во друг клуб, во кој ќе може…

Read More

Раководството на Барселона ги тргна откупните клаузули на шест играчи и смета дека е потребно под итно да се раздели од нив. Ова може да се случи во текот на летото, но ако се појават интересни понуди, некои играчи може да заминат во јануари. Причините за ова се различни, Рафиња, Сампер и Денис Суарез имаат мала минутажа. Осман Дембеле е непостојан во настапите и не може да се навикне на ситуацијата во Барселона, Мунир одбива да го продолжи новиот договор, а Самуел Умтити е сериозно повреден и ако повредата не ја санира до следниот месец, може да биде продаден. Освен…

Read More

ФИЛМОТ „250 СКАЛИЛА“, СНИМЕН ПО ИДЕЈА НА ЖИВКО ЗДРАВКОСКИ, ЕДИНСТВЕН СО ДВЕ НАГРАДИ од 167 учесници, ПРВА НАГРАДА ВО КАТЕГОРИЈАТА И НАГРАДА ЗА ДЕБИТАНТСКИ ФИЛМ Филмот “250 скалила“, снимен по идеја на Живко Здравкоски, поранешен македонски активен спортски новинар, кој повеќе од две децении е дописник на најстарите светски спортски листови “Ла Газета дело спорт“ од Италија и “Кикер“ од Германија , е единствениот филм доби две награди во конкуренција на 167-те филма кои беа прикажани на 36. “Светско првенство на Телевизија, кино, култура, спорт и комуникација“ (“Sport Movies & Tv 2018”), во организација на ФИЦТС (нејзини членки се 116…

Read More

Играчот на Реал Мадрид Каземиро ќе биде надвор од теренот еден месец поради повреда, објавија од неговата екипа. Еден од главните играчи на „Кралскиот клуб“ во последниве години доживеа повреда на зглобот и нема да игра на претстојните натпревари во Лигата на шампионите и шампионатот на Шпанија. Реал Мадрид се надева дека играчот ќе се опорави порано од предвиденото и ќе може да влезе во игра на натпеварот од светскиот клупски шампионат во Абу Даби кој се игра во декември, а Реал Мадрид ½ финалниот натпревар треба да го игра на 19 декември, додека евентуалното финале на 22 декември.

Read More

Напаѓачот на Чалзи , Оливие Жиру ги отфрли шпекулациите дека сака да го напушти клубот за да оди во тим каде што игра почесто. Светскиот шампион со Франција не е загрижен дека би можел да го загуби своето место во репрезентацијата поради неколку минути кои ги добива во својот тим.  Од почетокот на сезоната, Жиру има само четири натпревари во Премиер лигата, но е амбициозен и ќе се бори за место во стартниот состав. „Дали би го напуштил Челзи за да го задржам своето место во репрезентацијата? Секако дека не, јас се чувствувам на ист начин како и пред неколку месеци…

Read More

Повредата на играчот од средниот ред на Барселона и хрватската репрезентација Иван Ракитиќ е полесна од првичните прогнози и играчот ќе се врати на секојдневните обврски по десетина дена, пренесе весникот „Марка“. Ракитиќ ја повреди ногата во пределот на потколеницата за време на победата на Хрватска со 3:2 против Шпанија и не учествуваше на натпреварот против Англија кој се играше вчера, а го загубија со (1:2). Хрватскиот играч од средниот ред се очекува да се врати да игра за Барселона на натпреварот против ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите кој е на програмата на 28-ми ноември.

Read More

Селекторот на Англија Герет Саутгејт беше исклучително среќен и задоволем по деншениот натпревар и победа против Хрвтаска со 2:1 и тоа со пресврт во финишот од натпреварот. Со оваа победа Англија го освои првото место во својата група, со што си обезбеди учество во финалето во јуни 2019 година „Најмногу сум горд на моите момчиња“ – изјави Саутгејт за „Скај Спортс“ и додаде: „Мислам дека ние ја диктиравме играта во поголемиот дел од натпреварот, а во првото полувреме имавме неколку добри можности и требаше да водиме. И тогаш направивме многу голема грешка која се покажа како одличен тест за нашата трпеливост и…

Read More