Откако синоќа беа одиграни дел од натпреварите во Лигата Д, а Белорусија славеше над Луксембург од 2:0 во Групата 2, сега Македонија со две победи во последните две кола, вечерва против Лихтенштајн и во понеделник против Гибралтар во Скопје, дефинитивно според бодовната ситуација на првопласираните четири селекции ќе биде меѓу првите две најдобри со што ќе го има правото да биде домаќин во полуфиналната средба. Белорусија во Групата 2 е со 11 бода на чело на едно коло до крајот, без можност за подобар бодовен резултат од Македонија ако ние победиме во последните две средби до крајот. Иста е ситуацијата…
Author: riste
Претседателот на Рома Џејмс Палота, ќе донира 150.000 евра за семејството на навивачот на Ливерпул, Шон Кокс, објавија на твитер профилот од италијанскиот клуб. Парите ќе бидат наменети за покривање на медицински трошоци за рехабилитација на англиски навивач. Поддржувачот на Ливерпул Шон Кокс заработи повреда пред натпреварот против Рома (2:5) во Англија од полуфиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2017/2018. Во моментов, лекарите се обидуваат да го извадат 53-годишниот навивач од медицинска кома. Овој навивач се наоѓа во Ливерпул, во центарот за неврологија и неврохирургија.
Капитенот на нашата фудбалска репрезентација Горан Пандев ќе го одигра својот 99-ти натпревар во дресот на националната репрезентација и е мотивиран да започнат нова позитивна серија по поразот од Ерменија. Пандев не играше многу во последниот месец за својот клуб Џенова, но затоа е подготвен да одигра максимално во репрезентацијата. „Поразот во Ерменија беше една лоша вечер за нас, но и за судијата. Но, сега мислеме на она што не очекува , а то ае Лихтенштајн. Добро се познаваме, често играме против нив во последните години и мислам дека ако одиграме како што знаеме, нема да имаме проблеми. Уште сме…
Македонските фудбалски репрезентативци најнапред го одработија последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Лихтенштакн, а потоа беше одржана и официјалната прес-конференција на која селекторот Игор Ангеловски најави оставање зад себе на неуспехот од минатиот месец во Ереван. „Тоа што се случи во Ерменија е минато за сите нас и сега размислуваме само за дуелот со Лихенштајн. Атмосферата секогаш била на највисоко ниво, ќе изберам 11 фудбалери кои треба да ни донесат победа утревечер. Верував во оваа репрезентација кога малкумина веруваа. Но, главното што треба да го направат е утревечер. Не е важно против кого играме, туку за што играме. А утре играме…
Големата ѕвезда Кристијано Роналдо ќе се венча со неговата девојка Георгина Родригез, пренесоа португалските медиуми. Ѕвездата на Јувентус и понудил брак на шпанската убавица и таа му одговорила со „да”, а тоа се случило за време на краткиот романтичен одмор во Лондон, на кој двојката ужива во последните денови. Георгина дури веќе почнала да ги посетува најпознатите бутици и да бара венчаници, пишуваат весниците во Португалија. Роналдо се запозна со Георгина во продавница на „Гучи“ во центарот на Мадрид во јуни 2016 година и од тогаш до денес се неразделни.
Системот за видео повторувања „ВАР“ ќе биде користен од четврт-финалето на азискиот фудбалски шампионат во 2019 година. Континенталната фудбалска асоцијација планира да го воведе „ВАР“ уште во септември оваа година, но одлучи да го користи системот за седумте последни средби од азискиот шампионат. „ВАР“ беше воведен за да им помогне на судиите на Светското првенство во 2018 година во Русија, а на ниво на клубски шампионати се користи во Шпанија, Италија,Германија како и уште неколку првенства во Европа. Во завршните натпревари на Азиското фудбалско првенство следната година ќе учествуваат 24 селекции, 8 повеќе од претходните четири изданија на Континенталиот шампионатот.
Напаѓачот на Челзи Алваро Морати, кој постигна четири гола во Премиерлигата од почетокот на октомври, откри дека ја вратил најдобрата форма благодарение на професионалната помош на психолог. Шпанецот беше привлечен на „Стемфорд Бриџ” во текот на летото на 2017-та за рекордна сума за клубот од 70 милиони фунти. Тој ја започна својата кариера во Челзи на совршен начин, откако постигна седум гола во првите седум натпревари во Премиерлигата, но потоа влезе во криза и успеа да постигне погодок само три пати од декември до крајот на сезоната. Мората призна дека во текот на летото дури мислел да замине од Лондон,…
Има реална шанса Челзи да добие многу тешка казна од ФИФА и клубот да биде казнет со трансфер ембарго за две години. Истрагата за трансферот на Бертран Траоре, која траеше три години, сега е завршена. Заедно со него, беа разгледани случаи во кои учествуваа уште 13 играчи кои беа привлечени од Челзи пред да имаат 18-години. Според француските медиуми, кои ги објавија сите откривања на „Football Leaks“, истражувачката комисија на ФИФА препорачала на Челзи да му биде изречена казна во износ од 45 000 фунти и да му биде забрането на клубот да привлекува нови играчи во период од четири трансфер…
Плејмејкерот на Голден Стејт и прва ѕвезда на тимот Стеф Кари ќе остане надвор од игра најмалку уште десет дена, за да може целосно да се опорави од повредата во препоните, која го мачи во последната недела, објавија од шампионот во НБА лигата. Стеф Кари доби повредата на средбата со Милвоки на 8 ноември и ги пропушти последните три натпревари на тимот, а во наредните 10 дена ќе пропушти уште 5 меча, на гости кај Далас, Хјустон и Сан Антонио, како и домашните натпревари со Оклахома Сити и Портланд. Кари оваа сезона има просек од 29,5 поени, 6,1 асистенции и…
Ракометарите на Вардар утрово замина за Барселона, каде в сабота ќе бидат гости на каталонскиот гигант во рамките од осмото коло од Лигата на шампионите. Овие две екипи се сретнаа и изминатиот викенд во Скопје, при што „вардарци“ го претрпеа својот прв домашен пораз сезонава, а тоа е само мотив повеќе за да се даде се од себе за во Барселона да се обидат и да се реваншираат за домашниот пораз. Во експедицијата на Вардар се наоѓаат 16 ракометари кои преку Истанбул денес отпатуваа за Барселона. На списокот на они 16 ракометари кои отпатуваа за Барселона има една измена, на…
