Повредените фудбалери во составот на Атлетико Мадрид се зголемија за уште еден. Напаѓачот Диего Коста добил повреда на ногата и ќе се подготвува според индивидуална програма, соопштија од шпанскиот клуб. 30-годишниот Бразилец со шпански пасош има изненадувачки слаба сезона, сеуште не постигнал гол во „Ла Лига“ во оваа сезона (во 9 натпревари). Коста има само еден погодок во Лигата на шампионите оваа сезона (плус два гола гола во Суперкупот на Европа против Реал Мадрид во август). Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне има сериозни проблеми со повредени играчи пред претстојниот дуел со Барселона на „Ванда Метрополитано“ (24 ноември). Различни повреди…
Author: riste
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Италија денес му ја одреди казната на Гонзало Игуаин по црвениот картон кој го доби на дербито против Јувентус. Гонзало Игуаин доби казна од два меча и опомена за повисока санкција доколку постапката ја повтори во иднина. Судијата Паоло Мацолени немаше друг избор и го исклучи напаѓачот на Милан по неговата реакција за доделениот жолт картон, покажувајки му уште еден. Бурната реакција на Аргентинецот беше причина да реагираат неговите соиграчи од Милан , но и поранешениот соиграч од Реал Мадрид , Кристијано Роналдо. Но и тој не успеа да помогне да се спречи испадот на домашниот фудбалер, кој…
Македонската репрезентација до 21 година утре заминува за Подгорица, Црна Гора каде што ќе одигра два контролни натпревари, против Србија на 16. ноември и против домашната селекција на Црна Гора на 19. ноември. Нашиот репрезентативец, Давор Здравковски вели дека оваа нова генерација на Македонија до 21 година има голем потенцијал, а двата контролни натпревари во главниот град на Црна Гора се добра прилика за докажување. „Иако ова е нова генерација, ние од репрезентацијата до 21 година се познаваме одлично и веруваме во своите квалитети. Во тимот има голем потенцијал, најважно е што кај сите во тимот има желба и мотивираност…
Македонскиот кошаркарски шампион Работнички го доби супервозбудливиот дерби натпревар против „вечниот ривал“ МЗТ Скопје со 88:90, во првото дерби кое се играше оваа сезона. Двата тима одиграа добар меч со многу поени, а во финишт посреќни и поумешни беа кошаркарите на Работнички. Дербито во Аеродром почна со доминација на гостинската екипа. Одбраната на МЗТ Скопје тешко се справуваше при нападот на работнички. Па во поголемиот дел од првите две четвртини Работнички имаше предност на оваа средба. Во средината на третиот период, во СЦ „Јане Сандански“ домашната екипа успеа да дојде до изедначување (58-58), но потоа повторно работнички беше тој кој…
Фудбалерот на Барселона Филипе Кутињо и дефанзивецот на Реал Мадрид Марсело отпаднаа од составот на репрезентацијата на Бразил за претстојните пријателски натпревари со Уругвај и Камерун. Од таа причина во тимот итно беа повикани играчот на Пекинг Гуоан Ренато Аугусто и дефанзивецот на Јувентус Алекс Сандро. Кутињо има болки во левиот бутен мускул, додека Марсело има проблеми во десниот бутен мускул. Исто така играчот на Реал Мадрид, Каземиро нема да може да игра на претстојните натпревари поради повреда на зглобот. Бразил се среќава со Уругвај на 16-ти ноември во Лондон, а четири дена подоцна игра со Камерун во друг англиски…
Сантијаго Солари сега може да се смета за постојан тренер на Реал Мадрид. Весникот „Марка“ објави дека Реал Мадрид испратил до шпанската фудбалска федерација нов потпишан договор со аргентинскиот тренер, според кој тој веќе е постојано предводник на тимот. Причината е тоа што според правилата тој не може да биде привремен тренер подолго од две недели. Солари беше назначен со идејата да биде на работа додека Реал не најде нов тренер. Таков сепак сеуште нема, а аргентинскиот стручњак забележа 4 победи од 4 натпревари со гол разлика 15: 2, што е најдобар тренерски старт во клупската историја. По ова што…
Македонските фудбалски легенди ќе одиграат ревијален меч утре (13 часот) попладне со ветераните на поранешниот европски и светски шампион Црвена Звезда од Белград на помошниот терен на Работнички, како дел од одбележувањето на 13 ноември, денот на ослободувањето на Скопје. Организатор на мечот е поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, кој во минатото беше сопственик на женскиот ракометен европски првак Кометал Ѓорче Петров и на фудбалските клубови Вардар и Работнички. Вечерва во Скопје пристигнаа ветераните од генерацијата 1979/80 на белградскиот гигант , а со нив ќе биде и една од најголемите легенди на црвено-белите Драган Џаиќ, потоа имиња како Владимир…
Тренерот на Баерн (Минхен) Нико Ковач е задоволен од играта на својот тим на мечот со Борусија (Дортмунд), и покрај тоа што средбата ја загубија со 2:3. „Тоа беше фантастична игра. Играта беше отворена, а ние доминиравме во првиот дел. Потоа Дортмунд израмни, но ние пак дојдовме до предност. Потоа сепак дозволивме да примиме два гола, што не треба да се случува”, објасни Ковач. „Можеме да бидеме задоволни од настапот, тоа беше најдобриот наш настап од средбата со Шалке оваа година. Особено пред паузата бевме на високо ниво. Сега треба да продолжиме со надградба над тоа за да покажуваме уште…
Европската фудбалска централа (УЕФА) има акционен план како да се спротивстави на Европските гиганти кои договараат формирање на суперлига. Според весникот „АС“, итните мерки што УЕФА се обидува да ги направи е да ги префрли натпреварите од Лигата на шампионите за време на викенд, со што ќе локалните првенства би се играле во вторник и среда. Но, оваа понуда се сретна со отпор на четирите големи европски шампиони – англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига, италијанската Серија А и германската Бундеслига. Сите официјално се противат на промената на која се предлага од УЕФА. Од друга страна, другите федерации ја повикуваат…
Вечерва се игра едно од најголемите дерби средби во Италија. Милан и Јувентус се среќаваат во уште една средба во обид да ја продолжат одличната серија во Калчо лигата. „Росонерите“ ги добија последните три натпревар, а последните два добиени меча беа во дополнителните минути од натпреварите. Во двата случаи, херој беше нивниот капитен Алесио Ромањоли. Шампионот има 31 поен на својата сметка по 11 кола, што е најдобро достигнување во нивната историја. Тренерот на домашниот тим, Џенаро Гатузо, имаше сериозни проблеми со бројот на повредени играчи во последниве денови. Сепак Давиде Калабрија, Франк Ќеси, Хакан Чакханоглу, Гонзало Игуаин, Патрик Кутроне…
