Author: riste

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и голгетер број 1 во историјата на англиската репрезентација Вејн Руни ќе го одигра последниот натпревар во дресот на „трите лава”, носејќи го легендарниот број 10, со кој игра во текот на годините. Во 2016 година тој објави дека ја завршил својата кариера во репрезентацијата на Англија кога имаше 119 одиграни натпревари и 53 постигнати гола. Вечерва Англија ќе го пречека тимот на САД во пријателски натпревар. Напаѓачот ќе биде резерва и откако ќе се појави на теренот, тој ќе ја стави капитенската лента. Пред тоа, капитен на англискиот тим ќе биде Фабијан Делф. „Најверојатно…

Read More
NBA

Леброн Џејмс влезе меѓу најдобрите стрелци во НБА лигата, а то аго направи на најдобар можен начин откако го предводеше својот тим ЛА Лејкерси до победата со 126:117 над Портланд со најдобрата игра откако е во тимот од Лос Анџелес. „Кралот“ на 3 минути и 55 секунди пред крајот на средбата го оствари овој историски подвиг. Откако поентираше и се избори за дополнително слободно фрлање, погоди и на тој начин стигна до својот 31.420 поен во кариерата. Со тоа Леброн Џејмс го надмина легендарниот Вилт Чембрлен и стана петти најдобар стрелец во историјата на НБА. На вечната листата на најдобрите…

Read More

Оштината Аеродром се одлучи да им помогне на младите и талентирани спортисти од оваа општина со еднократна парична помош, а по тој повид распиша повик на кој се пријавија голем број на млади и талентирани спортисти. Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, вчера во спортскиот центар „Ново Лисиче“ на 50 талентирани спортисти од Општина Аеродром им доделија пофалници за високи достигнувања во областа на спортот. Секој од нив добива и еднократна парична помош во износ од по 10.000 денари од Општината. „Од се срце ви ги честитам сите досегашни достигнувања. Токму…

Read More

Наполи планира да ги откупи правата на голманот Давид Оспина од Арсенал, дури и тој да нема одиграно 30 натпревари за клубот во текот на сезоната. Колумбиецот во моментов е со позајмица на „Сан Паоло“ , а тимот на Наполи има можност да ги искористи своите права во целост за 3,5 милиони евра. Ова би било задолжително, доколу играчот има одиграно 30 натпревари со тимот. Наполи, сепак, е многу задоволен од перформансите на Оспина од почетокот на сезоната и се подготвени да го задржат во тимот со постојан договор. Се очекува дека во наредните недели двата клуба ќе имаат разговори по ова прашање…

Read More

Торино сака да го врати централниот дефанзивец Камил Глик од Монако. Според последните информации од „Калчомеркато“, екипата на Торино веќе започнала разговори со полскиот репрезентативец за можен трансфер во јануари. Самиот играч во неколку наврати изјави дека ќе биде среќен повторно да го игра за Торино, каде што беше од 2011 до 2016 година. Се верува дека сега е одлично време за Глит да се врати во Торино, бидејќи Монако е во сериозна криза и е на претпоследно место со само 7 поени. Затоа клубот може да очекува некои сериозни промени и разделба со некои од актуелните играчи во следниот преоден рок…

Read More

Шпанската ѕвезда во редовите на Милан Сусо коментираше за зголемените гласини, кои го испраќаат далеку од „Сан Сиро”. Крилото на „росонерите” се преставува одлично оваа сезона, а тоа не остана незабележано од селекторот на Шпанија Луис Енрике, кој го повика Сусо во националниот тим за средбата со Хрватска од Лигата на нациите. Шпанецот се споменува за трансфер во Реал Мадрид. „Во Милан се чувствувам одлично. Италијанската култура е многу блиску до шпанската. Гатузо е совршен тренер за нас. Работам напорно и оваа покана е наградата за најдобри игри кои правам оваа сезона. Се чувствувам горд што сум поврзуван со најголемите…

Read More

Големата ѕвезда на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, потврди дека страда од повреда на бутниот мускул, но исто така рече дека во моментов не знае колку долго ќе му биде потребно за неговото закрепнување. Србинот беше повреден за време на тренингот на неговиот национален тим. „Тоа е малку чудно, но искрено, не знам колку долго ќе останам надвор од теренот. Се надевам дека ќе се вратам што е можно поскоро”, изјави Милинковиќ-Савиќ за медиумите во Србија. Играчот од средниот ред се сомнева дека ќе биде подготвен за првиот натпревар на Лацио по репрезентативната пауза.

Read More

Проблемите за германскиот шампион Баерн Минхен продолжуваат, а неколку дена по поразот од Борусија Дортмунд стигна уште една лоша вест. Баерн Минхен не само што е на седум бода од лидерот Борусија туку останува и без уште еден фудбалер. „Баварците“ денес објавија на својата официјална веб-страница дека ќе бидат без офанзивниот играч од средниот ред Хамес Родригез наредната недала. Колумбискиот интернационалец вчера добил боли во коленото и го напуштил тренингот на својата екипа Прегледот на д-р Милер-Волфгарт ја откри повредата, а третманот на Родригез вклучува 10 дена целосно ограничување на движење на ногата, потоа одење на терапија и рехабилитација, се…

Read More

Премиер лигата не е веќе иста! Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини одлучи да го смени својот имиџ во чест на 31-от роденден, кој е утре, и реши да се потстрижи. Белгиецот, кој е познат по својата голема кадрава коса, објави фотографии на Инстаграм, на кои е сосема кратка коса и под кои пишува „нова година, нов изглед и роденден утре”. Ова предизвика шок меѓу неговите колеги, а клубскиот колега Ерик Баи коментираше со „Нееееееееееееееееееееее!”, Додека неговиот сонародник од Манчестер Сити Винсент Компани беше категоричен: „Тоа не може да биде вистина! Сликите се направени во фотошоп! “. Фелаини стана клучна…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација се комплетираше на подготовките за натпреварот против Лихтенштајн, кој се игра во рамки на претпоследното коло од Лигата на нациите односно  во групната фаза. Селекторот Игор Ангеловски веќе може да смета на сите повикани фудбалери затоа што веќе се приклучија Горан Пандев и Езџан Алиоски кои пристигнаа последни. За жал поради болки во грбот со намален интензитет денес тренираше Елиф Елмас, додека поради болки во рамото исто така со намален ритам тренираше голманот на Арсенал Дени Илиев.Во убава атмосфера со прекрасно расположение го започнаа, а со сериозност на лицата го одработија планираниот тренинг. Натпреварот меѓу Лихтенштајн и…

Read More