Раководството на Манчестер Јунајтед ќе го продолжи договорот на дефанзивецот Фил Џоунс, објави весникот „Сан“. Иднината на дефанзивецот на „Олд Трафорд” се уште не е јасна и постои голема веројатност тој да се раздели со тимот, но од клубот немаат намера да го пуштаат без пари. Токму затоа тие повторно ќе седнат и ќе разговараат со него, а при евентуална продажба тимот ќе направи добра заработка богатство. Во договорот на дефанзивецот, кој истекува во летото следната година, има дополнителна опција за продолжување за уште година и токму неа ќе ја искористат од Манчестер Јунајтед. Жозе Мурињо во принцип му се…
Author: riste
Ракометарите на Вардар денес ги очекува уште еден дерби натпревар во ЛШ, во Скопје гостува Барселона, а кога шпанскиот гигант доаѓа во СЦ „Јане Сандански“ секогаш салата е исполнета до последно место и има пеколна атмосфера. Средбата се игра денес од 17 часот, капацитетот на салата е распродаден, а првпат сезонава беа пуштени во продажба и билети за стоење. Тоа значи дека големата сала во СЦ „Јане Сандански” ќе биде вистински вулкан. Традицијата во однос на одиграните натпревари е на страната на Барселона, но сезонава Вардар повторно има квалитети со кој може сериозно да му парира на поранешниот повеќекратен европски…
Македонскиот ракометен шампион Вардар в недела треба да го одигра можеби клучниот напревар во групната фаза на Лигата на шампионите. На домашен терен пред полната сала во СЦ „Јане Сандански“ гостува шпанскиот гигант Барселона, кој секогаш е тежок противник на Вардар. Стратегот на вардарци, Роберто Гарсија Парондо е свесен за значењето на овој натпревар и квалитетот на противникот, но напомена дека неговите момци се подготвени на сè. „Сите сме возбудени поради тоа што во Скопје доаѓа Барселона. Во оваа сала секогаш кога играме големи натпревари, трибините се исполнети до последно место и очекувам одлична поддршка и одлична атмосфера. За квалитетот на…
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски денес го даде својот отчет за сработеното во текот на изминатата година, а според објавеното оваа општина може да се пофали со голем број на спортски активности и помош за спортските колективи во опшината. Во текот на годината во општината Ѓорче Петров беше зголемена финансиската помош на ФК Македонија ЃП која останува стабилен прволигаш со одлични услови за работа на младите категории и првиот тим. Исто така финансиски се помогнати сите спортски клубови кои се од Ѓорче Петров, а како дел од помошта беше реконструирано игралиштето на ФК Волково кој доби и стабилност…
Сантијаго Солари ќе продолжи да биде привремен тренер во Реал Мадрид барем до крајот на 2018 година, објави весникот „Марка“. Европскиот клупски шампион има три победи во три средби во сите натпреварувања под раководство на Солари и тоа натерало раководството на Реал Мадрид да му изгласа доверба за подолг период од првичниот план. 42-годишниот Солари, кој го презеде Реал Мадрид откако отказ доби Јулен Лопатеги пред десет дена, го предводеше вториот тим на Реал Мадрид. Во декември,Реал Мадрид го очекува настап на Светскиот клупски шампионат и менаџментот не сака да направи никакви промени на тренерот пред турнирот. На 11 ноември,…
Новиот англиски репрезентативец Калам Вилсон е во плановите на Челзи, објави весникот „Сан“. Напаѓачот на Бурнемаут има одличен настап за својата екипа од почетокот на сезоната, што му донесе повик за настап во репрезентацијата на Англија од страна на селекторот Герет Саутгејт. Паралелно со овој повиик, се појавија и информации дека по добрите настапи Вилсон го првлекол вниманието на менаџментот на Челзи, па токму поради тоа „сините“ сакаат да го донесат во своите редови. Според истите извори Маурицио Сари е силно импресионирани од фудбалерот и од клубот подготвуваат понуда од 35 милиони фунти во текот на зимата за играчот. Италијанскиот…
Милвоки ја прекина серијата од осум последователни победи на Голден Стејт откако победи на натпреварот кај актулениот шампион со 134:111 во натпреварот од НБА лигата одигран ноќеска. Поразот за Голден Стејт е уште потежок поради повредата на ѕвездата на тимит Стеф Кари, кој го напушти теренот во третата четвртина поради истегнување на мускулот. Клеј Томпсон беше најпрецизен за Голден Стејт со 24 поени, а Кевин Дурант додаде 17 поени, 9 асистенции и 7 скока. Ерик Бледсо беше најкорисен играч во Милвоки. Тој заврши со 26 поени, вклучувајќи и седум последователни во третиот дел од мечот, кога Милвоки направи решавачка предност.…
Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, има сериозни проблеми со составот на својата екипа пред големото дерби со Јувентус. При синоќешниот нерешен резултат 1:1 со Бетис во Лига Европа различни повреди добија Матео Мусакио, Хакан Чалханоглу и Патрик Кутроне. Сите тројца се неизвесни за натпреварот на „Сан Сиро“ во неделата. Со повреди кај „росонерите” се уште Матија Калдара, Давиде Калабрија, Бонавентура и голгетерот Гонзало Игуаин. Популарниот Ел Пипита има проблеми во половината и се одмораше против Бетис да биде здрав за настап против неговиот поранешен тим Јувентус, но неговото учество се уште не е сигурно. Најлошоа е ситуацијата со Лукас Билија.…
Напаѓачот на Арсенал Дани Велбек беше однесен во болница по страшната повреда за време на натпреварот со Спортинг Лисабон (0:0) од Лига Европа. Велбек го повреди многу лошо зглобот во текот на првото полувреме, откако скокна за да игра со глава, но имаше лош доскок. Мораше лекарска екипа веднаш да влезе на терен и да му даде кислород на играчот и да го изнесе на носилка, а сето тоа беше испратено со аплаузи од навивачите на „Емирати”. „Станува збор за кршење на зглобот. Повредата е сериозна. Оваа ситуација влијаеше психички на фудбалерите, бидејќи тие ја видоа оваа ужасна повреда. По…
Играчот од средниот ред на Тотенхем, Муса Дембеле, нема да игра до крајот на оваа календарска година поради искинати лигаменти на десниот зглоб. 31-годишниот белгиски репрезентативец беше заменет принудно при победата со 3:2 над Вулверхемптон минатиот викенд и го пропушти натпреварот од Лигата на Шампионите против ПСВ Ајндховен (2:1) во вторникот. Дембеле, чиј договор со Тотенхем истекува на крајот од сезоната, има 13 натпревари за тимот во оваа сезона. Играчите од средниот ред Виктор Ванјама и Ерик Даер ги обновија тренинзи по санирањето на повредите, но дефанзивците Јан Вертонгем и Дени Роуз остануваат надвор од комбинација и ќе пропуштат гостувањето…
