Author: riste

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, беше многу задоволен од успехот со 2:1 над Олимпик Марсеј и пласманот на неговиот тим во 1/16 финалето од Лигата на Европа. Тој верува дека ова е целосно заслужено во поглед на тоа што покажаа неговите играчи. „Момчињата беа исклучително добри. Ние освоивме шест поени од два натпревари со Олимпик Марсеј и втора последователна сезона се пласираме понатаму во ЛЕ, пласманот го обезбедивме две кола пред крајот. Мислам дека нашиот пласман е целосно заслужено. Ако треба да бидам искрен, бев изненаден од тактичките промени во нивната игра. Досега не морав да дејствувам со пет играчи…

Read More

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, не беше воодушевен од победата на својот тим со 1:0 над БАТЕ (Борисов) во Лигата на Европа. Оваа победа практично ги пласираше Лондончани во фазата на елиминации, но италијанскиот тренер рече дека е задоволен само од резултатот, но не и со играта на неговите фудбалери. „Јас сум само среќен со резултатот. Не игравме многу добро. Не сум среќен со првата половина од мечот, се движивме премногу бавно. Тешко ни беше да создадеме опасности во нападот. Ние бевме подобро во вториот дел, но во последните 15 минути повторно ја пропуштивме иницијативата. Само резултатот ми се допадна.…

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус може да се пофали со веста дека Давид Трезеге ќе работи во клубот. Поранешниот напаѓач на „бјанконерите” потпиша тригодишен договор со „Старата дама” и ќе биде амбасадор на клубот. Напаѓачот е странец со најмногу постигнати голови во историјата на Јувентус. „Давид Трезеге е вистински симбол на Јувентус. Значи, има приказна што до сега ни донесе толку многу среќни моменти. Во текот на следните три години, Давид ќе биде задолжен да го претставува клубот во однос на развојот на Јувентус на глобалниот пазар”, соопшти Јувентус на својата официјална страница.

Read More

Претседателот на Баерн (Минхен) Ули Хенес и дава предност на Борусија (Дортмунд) во претстојното дерби помеѓу двата тима од 11-то коло на Бундеслигата. Средбата ќе се игра во сабота на „Сигнал Идуна Парк”, а во моментот баварците заостануваат 4 поени зад „жолто-црните”, кои се лидери на табелата. „Баерн покажа добра игра во второто полувреме на натпреварот со АЕК. Но за прв пат по долго време ние одиме во Дортмунд , не како фаворити, туку како аутсајдери”, изјави Хенес. За прв пат по 7 години Борусија Дортмунд е пред Баерн Минхен на табелата пред првата средба меѓу двата тима во Бундеслигата.

Read More

Со одржувањето на традиционалниот боксерски турнир „Златен Гонг“ продолжува традицијата која трае веќе 48 години, а Боксерската федерација на Македонија, како и досега под покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Македонија преку Владата на Република Македонија, во соорганизација со Градоначалникот и Советот на град Скопје, Сојузот на Спортските федерации на Македонија се јавува како главен организатор на овој боксерски турнир. 48-то издание на „Златен Гонг“ ќе се одржи на 9-10 ноември 2018 година, по повод одбележувањето на Празникот „Ослободување на Град Скопје – 13 Ноември”. Нашата земја на овој турнир ќе ја преставуваат -52 кг. Џан Демиров, -60…

Read More

Играчот на Наполи Дрис Мертенс не е сериозно повреден по вчерашниот натпревар со ПСЖ во 4-то коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Белгијскиот интернационалец беше принудно заменет во финишот од натпреварот откако почувствуваа болка во неговото рамо. Се испостави дека Мертенс не е сериозно повреден и дека се е во ред со неговото рамо, но имал само мали болки поради ударот. „Нема дислокација, рамато е стабилно. Тоа е само поради ударот, па ние сме оптимисти”, потенцираа од екипата на Наполи. Пред една недела, Мертенс постигна три гола во победата на Наполи од 5:1 на средбата со Емполи.

Read More

Раководството на Олимпик Лион ќе постави заштитни мрежи пред двата  секторите на стадионот за натпреварите од Лигата на Шампионите, за да престанат навивачите со фрлање на тврди предмети на теренот. Откако беа казнети на неколку пати во последните сезони, од Лион одлучија да преземат превентивни мерки за натпреварот со Хофенхајм. Од клубот објаснија дека ќе мора да експериментираат со оваа постапка, но мора да преземат мерки и да се избегнат „дополнителни казни” од УЕФА. Претходно оваа година УЕФА му нареди на Олимпик Лион да го одигра првиот натпревар од Лигата на Шампионите на домашен терен на празен стадион. Причините се…

Read More

Синоќа бевме сведоци на неколку супер интересни натпревари и доста голови во Лигата на шампионите, а денеска треба да се одиграат уште 8 натпревари од 4-то коло во групната фаза. Несомнено, со најголем интерес се очекува дуелот меѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед. Италијанскиот гигант го доби мечот пред две недели на „Олд Трафорд” и ако денес повторно излезе како победник, ќе биде сигурен осминафиналист. За „црвените ѓаволи” е задолжително да се вратат неппоразени од Торино, во друг случај би го загрозиле пласманот понатаму. Во вториот натпревар од групата Валенсија го пречекува Јанг Бојс по серијата разочарувачки натпревари во Ла Лига.…

Read More

Фудбалерот на ПСЖ Килиан Мбапе е задоволен од напредокот на тимот. Тој истакна дека нерешените 1:1 со Наполи во натпреварот од 4-то коло од групната фаза на Лигата на Шампионите е прифатлив резултат. „Ние ја подобруваме играта во Лигата на шампионите, како се движиме понатаму , така играме се подобро. Тоа е добро. Подобро е така отколку да ги добиваме натпреварите со 7:0 или 8:0, како минатата година. Ние се уште сме во битка за пласман понатаму. Судењето е дел од играта, можеби судијата згреши, но мора да продолжиме. Не верувам дека такви работи ќе се случуваат секогаш“ изјави Мбапе…

Read More

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, рече дека тимот си ја завршил работата на гостувањето кај Интер. Иако натпреварот заврши со резултат 1:1, Каталонскиот тим стана првата екипа што се квалификуваше за следната фаза од Лигата на шампионите. Тренерот на Барса објасни зошто не играл повредениот Лионел Меси. „Игравме многу добар натпревар. Нашата цел беше да обезбедиме пласман во осминафинале, но исто така да победиме да бидеме на првото место во групата. Покажавме убав фудбал, но ни недостигаше одредена прецизност. Интер не за прв пат покажува дека е многу опасен во последните минути, тие веќе освоија многу поени на овој начин.…

Read More