Напаѓачот на ЛА Галакси Златан Ибрахимовиќ веќе е започнал преговори со Милан, соопштува „Кориере дела Сера“. „Росонерите” му нудат на Ибрахимовиќ договор за шест месеци, од јануари 2019 година, но напаѓачот сака да потпише договор за година и половина. Тоа го одложува реализирањето на договорот, но Ибрахимовиќ е цврсто решен да се врати во Европа, откако авантурата во МЛС се покажа неуспешна до овој момент, а Галакси не успеа да се пласира во плеј-офот. Платата на Ибрахимовиќ е 1,5 милиони евра годишно во САД, но со различни спонзорските договори достигна 4,5 милиони евра, а медиумите во Италија тврдат дека на…
Author: riste
Возачот на Репсол Хонда Марк Маркез е старо-нов светски шампион во Мото ГП, а тој беше победник и на трката за Големата награда на Малезија која се возеше на патеката во Сепанг. Овој триумф е деветти сезонава за Шпанецот, а вкупно 70-ти во неговата кариерата. Валентино Роси беше во предност и водеше од самиот почеток на трката, но на три круга пред крајот излета од патеката, а то аго искористи Маркез кој изби на водечката позивија и ја задржа до финишот на трката. На второто место се пласираше Алекс Ринс, а третото место му припадна на Жоан Зарко. Последната трка од светскиот шампионат во Мото…
Тренерот на Барселона Ернесто Валверде е задоволен од претставувањето на тимот, иако дојдоа до тешка победа со 3:2 како гостин кај Рајо Ваљекано . „Го започнавме натпреварот добро, ја контролиравме топката и создадовме шанси, особено на левата страна, од каде дојде првиот гол. За време на натпреварот не можевме да го задржиме темпто и тоа да биде во наша полза. Рајо Ваљекано е добар тим, тие успеаа да го свртат резултатот. Се опуштивме и го искористија тоа. Покажавме карактер на крајот на натпреварот. Осман Дембеле ни дава агресија во нападот. Тој е добар во еден на еден и го користи добро празниот простор. Очекуваме…
Романскиот дефанзивец во редовите на Лацио Стефан Раду потпиша нов договор со популарните „орли“, објави официјалниот сајт на клубот. Новиот договор на Раду со Лацио ќе го задржи на „Олимпико“ до 30 јуни 2021 година. Раду дојде во Лацио во 2008 година кога клубот го купи од Динамо (Букурешт). Романецот досега има одиграно 317 натпревари и постигнато 7 гола во дресот на римските „орли“.
Со победата која ја остварија на синоќешниот натпревар од Серија „А“, фудбалерите на Јувентус успеаа да постават нов рекорд во историјата на клубот. „Бјанконерите” собраа 31 поен од можни 33 (10 победи и 1 нерешено) по првите 11 кола на Серија „А” – а со тоа го подобрија старт рекорд во шампионатот кој го имаше клубот од Торино досега. Претходниот рекорд на „Старата Дама” е 30 поени (10 победи и 1 пораз) во сезоната 2005/06.
Македонскиот ракометен шампион Вардар се врати на победите во Лигата на шампионите откако на домашен терен го совлада Мешков Брест со 30:23. На овој начин Вардар му се реваншираше на тимот од Белорусија за поразот од пред неколку дена во СЕХА лигата. Натпреварот помина во изедначена игра се до 45 минута кога Вардар направи серија и успеа да го скрши отпорот на гостинската екипа. Првиот дел се играше изедначено , па затоа и се отиде на одмор со 14:14. Во вториот дел м ногу подобра игра на Вардар во одбрана и веднаш тоа се почуствува на самиот резултат кога Варадр…
Големата ѕвезда на Челзи Еден Азар, кој ги пропушти последните три натпревари на својот тим поради повреда во грбот, е подготвен да земе учество во неделниот дуел против Кристал Палас. Ова го откри денес менаџерот на тимот Маурицио Сари, кој додаде дека Белгиецот сеуште нема можност да биде 90 минути на теренот. „Вчера Азар учествуваше во голем дел од тренингот, но можеби сеуште не е подготвен да игра 90 минути, бидејќи тоа беше неговиот прв тренинг во последните две недели. Веројатно ќе може да биде на теренот 40-45 минути, што е важно за нас”, рече Сари. Азар ја доби повредата…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази задоволство од претставувањето на неговиот тим до овој момент, но истакна дека тоа не значи ништо повеќе од еден добар почеток, бидејќи е измината само една четвртина од сезоната. Германецот додаде дека Ливерпул треба да ги покаже целосно своите можности за да успее да го порази тимот на Арсенал во утрешното дерби на „Емирати”. „Досега се оди добро. Една четвртина од сезоната сепак е ништо. Тоа сеуште е почетокот. Со исклучок на натпреварите со Наполи и Манчестер Сити ние создаваме многу можности за гол. Дури и да не постигнуваме секој пат јас не сум…
Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ), која е задолжена за фудбалски правила, следната недела ќе разговара за неколку промени поврзани со пеналите и измените на натпреварите, објави англискиот весник „Телеграф“. Еден од предлозите што се разгледуваат е да се отстрани можноста за постигнување на гол по промашен пенал. Во случај на промашен удар од белата точка, играта ќе биде запрена и ќе се изведе аут. Ова ќе го реши проблемот со предвремено влегување во шеснаесетникот при изведување на пенали. Друга можна промена е применувањето на зборот „намерно” играње со рака, бидејќи не постои јасна дефиниција за тоа, а самите судии мораат да…
Марио Гетце е болен има виру и е под знак прашање беговиот настап за Борусија Дортмунд во Волфсбург, соопшти клубот. Играчот од средниот ред има бронхитис и веројатно нема да се опорави на време за саботниот натпревар. Тренерот Лусијан Фавре ова го соопшти на прес-конференција и додаде дека дефанзивецот Мануел Аканџи исто така е неизвесен, додека Лукаш Пишчак нема да игра. Другиот дефанзивец, Абду Диало, исто така е надвор од комбинација откако беше повреден на мечот со Унион Берлин. Данскиот репрезентативец Томас Делејни и голгетерот Пако Алкасер се подготвени да играат. Тренерот на Волфсбург, Бруно Лабадија, исто така, има проблеми…
