Манчестер Јунајтед е подготвен да го продава Алексис Санчез по завршувањето на сезоната. Според информации на весникот „Сан” тимот не е задоволен од настапите на Санчез и сака да се раздели од овој играч за кого верува дека ПСЖ ќе плати добра сума и ќе го привлече како замена на Нејмар или Килијан Мбапе, а во исто време „црвените ѓаволи” можат да се пробаат и да ангажираат некој од овие двајца играчи на ПСЖ. Алексис пристигне на „Олд Трафорд” како големата ѕвезда на Арсенал, но на крајот, под водство на Мурињо неговото претставувањето е далеку под очекувањата и тој во…
Author: riste
Голманот на Арсенал, Петар Чех, се враќа во игра по повредите. 36-годишниот Чешки чувар на голот на Арсенал доби повреда на мечот против Ватфорд во септември и од тогаш не играл за својата екипа. Арсенал одигра нерешено 2:2 против Кристал Палас минатиот викенд, а вечерва ќе игра натпревар против Блекпул во Лига Купот. „Чех ќе биде на голот на средбата со Блекпул по повредата која ја надмина, а некои млади момчиња ќе добијат шанса да играат, но и покрај тоа што тимот ќе биде помлад сепак нема да го потценуваме Блекпул”, изјави менаџерот на Арсенал Унаи Емери пред вечерашниот натпревар.
Дефанзивецот на ПСЖ, Дани Алвеш, ќе го одржи првиот тренинг денес откако ја синараше тешката повреда, пишува весникот „L’Equipe“. 35-годишниот Бразилец имаше повреда на коленото и го пропушти светското првенство во Русија. Тој страдаше во финалето од Купот на Франција кое се играше на 8-ми мај. Целата рехабилитација на Алвеш траеше цели 6 месеци, а Томас Тухел нема да се брза со неговото ставање во игра. Не е исклучено овој фудбалер да се приклучи на составот на ПСЖ з анатпеварот со Лил на 2 ноември во Лига 1. Но,од друга страна играчот кој го замени Алвеш, белгиецот Томас Муниер одлично…
Голгетерот на ПСЖ Единсон Кавани е пред враќање во Наполи. Во Италија се повеќе се зборува дека уругваецот сака повторно да го облече дресот на овој клуб и тоа може да се случи уште во јанаури кога се отвора зимскиот преоден рок. Кавани никогаш не криел дека е многу приврзан кон тимот и кон градот Неапол, а претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис истакна дека со драго срце би прифатил Кавани да се врати на „Сан Паоло”. Според информациите објавени во Италија, преговорите за враќањето на Кавани се веќе во тек. Напаѓачот има договор со ПСЖ до 2020 година, но…
Продолжува кризата со повредените дефанзивци во Арсенал. Уште еден од стартните фудбалери во составот на Унаи Емери ќе биде неизвесен за дербито со Ливерпул. Станува збор за Ектор Белерин кој има повреда и не се знае дали ќе успее да ја санира до овој натпревар. Шпанецот заработи повреда во на десниот мускул за време на натпреварот со Кристал Палас (2:2) и беше принудно заменет. Тој не се најде во составот на Унаи Емери за дуелот со Блекпул од Лига Купот, а има голема веројатност да го пропушти и дуелот со Ливепул од 11-то коло на Премиер Лигата кој се игра…
Белгискиот тренер Роберто Мартинез е меѓу оние кои се на списокот на желби во Реал Мадрид. Во оваа смисла, Фудбалската Федерацијата на Белгија (БФФ) денес одговори на прашањето за оваа онформација која се појави во медиумите. „Ние не сакаме да коментираме за договорните односи меѓу федерацијата и оние кои имаат договор со нас, бидејќи тоа е тајна. Ако некој клуб сака да го привлече г-дин Мартинез, тогаш тој прво мора да постигне договор со БФФ “, изјави портпаролот на Федерацијата Стефан ван Лок. 45-годишниот Роберто Мартинез ја однесе Белгија до бронзениот медал на Мундијалот 2018. Договорот му е до летото…
Македонскиот ракометен шампион Вардар е поразен во Белорусија од екипата на Мешков Брест. Домашната екипа беше убедлива протв подмладениот состав на Вардар и славеше со 35:20. Ова впрочем е најубедливиот пораз за Вардар во историјата на СЕХА лигата. Вардарци кои во тимот од првотимците ги имаа само Недановски, Поповски, Војводиќ и Калифа, а останатите во екипата беа членови на Вардар Јуниор, немаа сила да се носат со далеку поквалитетниот противник. На клупата на Вардар на оваа средба беше тренерскиот тандем, Црвенковска и Петрушевски, кои го заменија Парондо кој остана во Скопје, но немаа шанси да направат ништо повеќе од овој…
Играчот од средниот ред на Јувентус Емре Чан ќе биде надвор од теренот околу еден месец поради проблеми со тироидната жлезда. 24-годишниот германски репрезентативец ќе биде подложен на хируршка интервенција во Франкфурт, по што ќе се опоравува до крајот на ноември. Џан ќе ги пропушти следните натпревари за Јувентус против Каљари, Манчестер Јунајтед, Милан, СПАЛ, Валенсија и на крајот Фиорентина. Друг проблем за тренерот Масимилиано Алегри е повредата на играчот од средниот ред Сами Кедира, кој има проблеми со колкот и неизвесен за натпреварот во сабота против Каљари.
Поранешниот најдобар судија на Англија Марк Клатенбург коментирал во својата колумна во „Дејли Меил” за ситуацијата при досудениот пенал кој Манчестер Јунајтед го доби против Евертон при вчерашната победа со 2:1 на „црвените ѓаволи”. По дуелот на „Олд Трафорд” менаџерот на „карамелите” Марко Силва изјави дека Џон Мос неправилно досудил пенал, со кој му ја олесни работата на домашниот тим. Клатенбург се согласува дека во оваа ситуација не би требало да има пенал, бидејќи очигледно Идриса Гај играше со топката. „Тоа не беше пенал. Идриса Гај очигледно играше со топката, што се гледа и од тоа што таа го промени…
Во Реал Мадрид има за цел по секоја цена да го привлече по крајот на сезоната напаѓачот на Ливерпул Садио Мане. Според информациите кои беа објавени, „кралевите” се подготвени да платат 115 милиони евра за овој фудбалер да го облече нивниот дрес. Лично Флорентино Перез ќе се зафати со трансферот и не е исклучено да се обиде тоа да го договори уште во јануари, но тогаш тешко дека ќе се случи нешто, бидејќи Јирген Клоп во сите свои изјави категорично одбиваше да се раздели со овој играч на средина на сезоната, а од друга страна Мане е еден од клучните…
