Author: riste

По паузата за репрезентативните натпревари и мечот со Брест Мешков во СЕХА лигата, ракометарите на Вардар се враќаат на обврските во Лигата на шампионите. Противник повторно ќе биде белорускиот шампион, но сега со видно изменет состав и на домашен терен. Тренерот на Вардар Роберто Гарсија Парондо на денешната прес-конференција истакна дека Мешков воопшто не е наивен противник, но Вардар ќе се потруди да забележи победа на оваа средба. „Играме против Брест Мешков, се обидовме да се подготвиме најдобро што можеме иако беше тешко, бидејќи многумина отсуствувааа поради репрезентативните активности, но ќе се обидеме да победиме на овој тежок натпревар. Брест…

Read More

Играчот на Реал Сосиедад Лука Сангали добил лесен мозочен удар вчера во утринските часови и ќе биде надвор од игра на неодредено време, соопштија од баскискиот клуб. Не е јасно колку долго 23-годишниот Сангали ќе биде надвор од теренот. „На 31-ви Октомври наутро играчот добил лесни мозочен удар и веднаш бил однесен во болница каде продолжуваат да му се прават истражување и ќе биде под лекарски надзор”, се вели во соопштението на тинот од Сан Себастијан. Играчот од средниот ред е производ од академијата на Реал Сосиедад и играл досега само за оваа екипа. Од 2018 година тој беше во…

Read More

Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавре не го криеше огромното олеснување по пласман во осминафиналето во Купот на Германија. Како што е познато, синоќа тимот од „Сигнал Идуна парк“ се пласираше во следното коло од купот на Германија по драматична победа над Унион Берлин со 3:2, до која дојдоа со гол од пенал на Марко Ројс во 120-та минута, односно во последната минута од продолженијата. „Беше многу тешко да играме против овој тим. Тие се многу добро организирани, многу стабилни и е тешко да ги дестабилизираш. На крајот се пласиравме понатаму, а тоа е важно. Успехот не ни е незаслужен”,…

Read More

Милан успеа да слави во драматичен финиш против Џенова со 2:1 и се искачи на 4-то место на табелата во Серија „А”, но повторно не успеа да го зачува својот гол. „Росонерите” примија гол во секој од првите 10 натпревари во шампионатот – нешто што не им се случило од сезона 1932/33. За последен пат миланскиот тим имал „сува“ мрежа во Серија „А” при нерешените 0:0 против Наполи на 15 април, по што почна серијата од 16 натпревари со барем по еден примен гол на „црвено-црните”. За последен пат, тимот имаше слична негативна серија во сезоната 1946/47. „Не мислам дека…

Read More

Бока Јуниорс и Ривер Плата ќе играат во финалето на „Копа Либертадорес“. Никогаш порано двата големи ривали од Аргентина не се сретнале во финалната борба за титулата на ова натпреварување во Јужна Америка. Бока обезбеди место во финалето по нерешените 2:2 против Палмеирас. Аргентинците го добија првиот натпревар со 2:0. Ривер Плата стигна до финале по драматичниот реванш дуел против минатогодишниот шампион Гремио. Аргентинеците победија со 2:1 како гости во Бразил. Бока Јуниорс ќе биде домаќин на „Бомбенера“ во првиот финален меч кој ќе се игра на 7 ноември, а реваншот ќе се игра три недели подоцна.

Read More

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде беше видно разочаран и незадоволен од синоќешниот натпревар кој неговата екипа го одигра против Леонеса во Купот на Шпанија, а го доби со гол во последните моменти од средбата. „Не бевме ефикасни во последната третина на теренот. Премногу често ја губевме топката кога ни правеа притисок. Има моменти во кои е нормално да се изгуби топката при пресинг на противникот, но ние го правевме тоа и без таков притисок, а тоа им даваше можности за контранапад на противничките играчи”, ризјави Валверде. „Добивме доста тежок натпревар и јас сум задоволен од односот на фудбалерите. Видов и…

Read More

Веднаш откако завршија натпреварите од 1/8 финалето беа извлечени и двојките за ¼ финалето од „Карабао Купот“ во Англија. Лондонските екипи и големи ривали не се избегнаа и во најинтересниот дуле ќе се сретнат Арсенал и Тотенхем, додека Челзи го доби Бурнемаут за противник. Четвртфинале: Челзи – Бурнемаут Арсенал – Тотенхем Мидлсброу – Бартон Албион Манчестер Сити/Фулам – Лестер Сити/Саутемптон Четвртфиналните натпревари се играат на 17 декември.

Read More

Турскиот гигант Фенербахче е без тренер откако Филип Коку беше отпуштен по поразот кој го доживеа неговиот тим изминатиот викенд. 48-годишниот поранешен холандски репрезентативец ја загуби функцијата по серијата лоши резултати од почетокот на сезоната, а чашата на трпението на раководството беше прелеана по домашниот пораз од Анкарагучу со 1:3. Раководството на Фенербахче упатиле покана кон Станислав Черчесов да го преземе тимот, но тој има долгорочен договор како селектор на Русија и преговорите нема да бидат лесни. Фенербахче победи на само 2 од одиграни 10 натпревари и го зазема дури 15-то место на табелата, на само еден поен над зоната…

Read More

Познати се термините во кои Македонија ќе ги игра своите натпревари на СП во ракомет што ќе се одржи во јануари наредната година.Македонската ракометна репрезентација ќе ја има честа да ја отвори групната фаза во Минхен од претстојниот ракометен мундијал во Германија и Данска. Нашиот национален тим се наоѓа во групата Б заедно со Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахраин и Јапонија, а по промената на системот на натпреварување на светските шампионати сега пласман во следната рунда обезбедуваат најдобрите три, а не како до сега четири селекции од секоја група. Организаторот денеска ги објави точните термини за одигрување на средбите од групната…

Read More

Челзи и Атлетико Мадрид се клубовите кои се заинтересирани за напаѓачот на Милан – Сусо и ништо чудно да упатат понуди за неговото привлекување во јануарскиот преоден рок, тврдат медиумите на Островот. Шпанецот се претставува исклучително добро во дресот на „росонерите” и оваа сезона има одиграно 9 натпревари , а на нив постигнато 3 погодоци за гигантот од Милано, а за негово заминување се шпекулираше уште во текот на летото. Сусо има искуство на Островот, откако пред неколку години играше без успех во Ливерпул, бидејќи не му беше дадена шанса за докажување, но „сините” од Лондон можат да го вратат…

Read More