Шампионот Голден Стејт ја забележа втората победа во Њујорк во рок од само неколку дена откако го победи Бруклин како гостин. Голден Стејт го победија тимот на Бруклин Нетс со 120:114, а главен придонес за шестиот успех на тимот од Калифорнија од почетокот на сезоната дадоа двоецот Кевин Дурант – Стеф Кари. Тандемот на Голден Стејт постигна повеќе од половина поени на својот тим (69), откако Дурант заврши со 34, а Кари со 35. Дурант шутираше 11/20 од игра (2/6 од тројката) и 10/11 од слободни фрлања, а имаше и 8 скока и 6 асистенции. Неговиот колега од тимот Сетдф…
Author: riste
Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Јулен Лопатеги официјално да биде отпуштен денес, ова го пренесоа весниците „Марка“ и „АС“. Истите тврдат дека веќе ова е факт, но се чека и формално да биде соопштено. Претседателот на клубот Флорентино Перез имаше состанок и ја анализира ситуацијата заедно со одборот на директори, но одлуката за тренерот е веќе донесена. Поразот од 1:5 во дербито во Барселона и 5 последователни натпревари без победа се доволна причина за смената на тренерот. Со оваа лоша серија Реал Мадрид се најде на 9-то место, а тоа ќе го означи крајот на престојот на Лопатеги на…
Милан ќе биде без дефанзивниот играч Матија Калдара во следните два месеци. Тој има истегнување на тетива на коленото и останува надвор од комбинација за настап за неговата екипа. „Ќе бидеме без Калдара во следните два месеца, тој има проблеми со лигаментите на коленото, очигледно оваа сезона е проколната за него”, рече тренерот Џенаро Гатузо. Ова е нова повреда за Калдара, кој беше излечен од друга повреда и сеуште нема одиграно натпревар во серија А од почетокот на сезоната. Тој играше само на натпреварот со Дуделанж (1:0) во Лигата на Европа.
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, беше исклучително задоволен од нерешените 1:1 со Рома. Неговиот тим прв прими гол, но успеа да дојде до бод со погодокот на Дрис Мертенс во самиот финиш на натпреварот. „Сите видоа како се одвиваше натпреварот. Игравме добро и сум многу задоволен од односот на мојот тим. Иако имавме проблем по голот кој примивме рано во натпреварот, ние не застанавме да правиме притисок во сите 90 минути. Противникот не беше слаб, но и покрај тоа направивме се за да не им биде пријатно во текот на целиот меч. Не застанавме да ги притискаме, мораше да играме…
Премиерлигашот Лестер Сити синоќа со официјално соопштение потврди дека претседателот на клубот Вишаи Шриваданапраба загина во хеликоптерската несреќа, која се случи на паркингот од стадионот „Кинг Пауер“ веднаш ппо натпреварот сомеѓу Лестер и Вест Хем. Во соопштението се вели дека пет лица починаа при падот на хеликоптерот, а меѓу нив се и двајца пилоти, но не е потврдено кои се останатите две лица кои биле во хеликоптерот заедно со претседателот Вишаи Шриваданапраба. Од старана на клубот исто така потврдја дека ги одложиле сите активностите за оваа недела, вклучувајќи го и натпреварот од четвртфиналето на Карабао Купот против Саутемптон. Од утре (вторник) наутро ќе биде…
Играчот од средниот ред на Тотенхем Деле Али ја санираше повредата што го спречи да игра на последните натпревари. Официјалната веб-страница на „Спарси“ објави дека Англичанецот е подготвен да игра на претстојниот натпревар од Премиер Лигата против Манчестер Сити. Деле Али е надвор од теренот од септември. Играчот од средниот ред е главен играч во Маурисио Почетино. На средината на теренот, тој игра во тандем со Кристијан Ериксен, кој исто така се врати во игра. Данскиот репрезентативец, исто така имаше здравствени проблеми.
Ѕвездата на Челзи, Вилијан, е решен са остане на „Стемфорд Бриџ“ односно изјави дека не сака да го напушти клубот. За него има сериозен интерес од Барселона и Манчестер Јунајтед. Бразилскиот репрезентативец се чувствува добро во Лондон и пристигнувањето на Маурицио Сари го променило неговиот став. „Ми се допаѓа животот тука, моето семејство е среќно во Лондон, сакам да играм за Челзи, сè е неверојатно. Овде сум веќе пет години и се надевам дека ќе останам повеќе. Се е совршено. Моето семејство не сака да си оди. Маурицио Сари е многу важен не само за мене, туку и за целиот…
Поранешниот менаџер на Челзи, Антонио Конте конечно го раскина договорот со клубот и веќе може да стане слободен и да преговара со друг клуб. Италијанскиот тренер беше сменет од позицијата менаџер на Челзи во јули оваа година, но неговиот договор не беше раскинат затоа што не беше согласен за условите за престанок. Конте самиот немаше право да потпише со нов тим ако не го организираше тоа Челзи на било кој начин. Интересот за поранешниот менаџер на лондончани има , а беше објавено од шпанските медиуми дека Реал Мадрид е заинтересиран за неговите услуги. Последните гласини за евентуално отпуштање на Јулен…
Мохамед Салах сруши уште еден рекорд во Ливерпул, а за тоа стигна кога го реализираше пеналот на стартот на вториот дел на мечот со Црвена Ѕвезда од Белград кој го добија со 4:0, а Салах беше стрелец на два гола. Со постигнувањето на тој втор гол на оваа средба Мохамед Салах всушност дојде до својот 50-ти гол во дресот на „црвените“, а за тоа му беа потребни само 65 средби. Салах дојде во Ливерпул минатото лето и од тогаш постигна 50 гола за Ливерпул на само 65 одиграни натпревари. Досега рекордот на постигнати 50 гола во дресот на Ливерпул во…
Ракометната репрезентација на Mакедонија вечерва со средбата против Турција ќе ги започне квалификациите за ЕП 2020 година. Селекторот на нашата репрезентација, Раул Гонзалез го објави тимот кој ќе се најде во официјалниот протокол за вечерашниот дуел со Турција во Битола. Од поширокиот список отпаднаа Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Никола Митревски и и Златко Даскалоски. За жал на домашната публика пропадна можноста Филип Чурлевски да дебитира во салата која што го носи името на неговиот татко. На списокот кој ќе биде пријавен за овој натпревар се наоѓаат овие 16 ракометари: Борко Ристовски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски,…
