Author: riste

Капитенот на Јувентус, Џорџо Киелини призна дека има голем респект кон играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. Искусниот дефанзивец, исто така, го коментираше и претстојниот дуел меѓу двете екипи на „Олд Трафорд“. Францускиот играч за првпат ќе се соочи со своите поранешни соиграчи, како што е познато, играчот од средниот ред беше поврзан со враќање во Торино. „Имаме многу љубов и почит кон момчето што го видовме како расте со нас, а потоа отиде. Жал ми е што си замина, иако во последната година се пишува за негово враќање“, изјави капитенот на Јувентус. „Ова е натпревар на…

Read More

Арсенал го совлада Лестер во натпреварот од Премиер лигата, а тоа значеше и десетта последователна победа во сите натпреварувања. Лестер прв поведе на оваа средба, но Арсенал одигра одлично во продолжение на натпреварот и со три прекрасни гола дојде до нови бодови во Премиер лигата. Статистичките податоци покажуваат дека Лондончани за прв пат добија десет последователни натпревари  по точно 11 години или поточно вакво нешто направиле во 2007 година. Тимот дефинитивно почна да игра исклучително добро под раководство на новиот менаџер Унаи Емери, а навивачите брзо ги заборавија проблемите во последните сезони со Арсен Венгер, кој стана вистинска икона на…

Read More

Реал Мадрид веќе ги има воспоставено првите контакти со Антонио Конте, што значи дека наскоро ќе го преземе тимот, велат шпанските медиуми. Под раководство на Јулен Лопатеги, тимот е во голема резултатска криза и руши анти рекорди. Актуелниот европски шампион вчеа загуби дома од Леванте со 1:2 и практично тоа значи дека е тешко за верување евентуалното задржување на тренерското место на Лопатеги. Преговорите меѓу Реал и Конте започнаа пред неколку дена, а Флорентино Перез е убеден дека тој е човек кој може да го извлече тимот од тешката ситуација. Тимот на Реал има три порази во шампионатот од 9…

Read More

По враќањето на Македонската Олимписка делегација од Младинските Олимписки Игри „БУЕНОС АИРЕС 2018“, беше одржана прес-конференција на која се даде анализа за учеството и постигнатите резултати, а акцент беше ставен на освоениот прв медал за Република Македонија на МОИ, освоен од страна на Фаик Весели и неговиот тренер Александар Кузмановски во Карате. За резултатите зборуваше спортскиот директор Владимир Богоевски кои истакна дека сите спортисти кои биле во Буенос Аирес дале максимум, некои од нив ги исполнија очекувањата, а некои не, но за тоа ќе се зборува после анализата од страна на нивните тренери. Овие МОИ секако се успешни поради освоениот…

Read More

Барселона може да постигне гол без својата најголема ѕвезда, Лионел Меси, изјави играчот на шпанскиот шампион Клеман Ленгле. Доцна синоќа „Барселона ја победи Севиља со 4:2 на домашен терен, а Меси заработи повреда на лактот уште во првиот дел од дуелот, а подоцна се покажа дека добил фрактура која ќе го извади од терените околу еден месец. Аргентинецот постигна гол и имаше асистенција додека беше на теренот, но потоа беше принудно заменет од Осман Дембеле поради повреда на лактот и нема да игра во следните три недели. „Можеме да постигнувае голови без Меси, го покажавме тоа на оваа средба “,…

Read More

Фудбалерот на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ е топ трансферна цел на Манчестер Јунајтед за јануарскиот преоден рок, тврди „Дејли Стар”. Менаџерот на „црвените ѓаволи” Жозе Мурињо исклучително многу сака да го донесе српскиот репрезентативец и е решен на се, само за да го донесе овој играч на „Олд Трафорд“. Сергеј беше најактуелно име за време на летниот преоден рок, но на крајот одлучи да остане на „Олимпико”, иако беше поврзуван уште со ПСЖ и Реал Мадрид. Се очекува во трка за неговиот потпис оваа зима да бидат вклучени уште неколку екипи, па затоа „црвените ѓаволи” ќе мора да понудат исклучително голема…

Read More

169-то Дерби на Милано е подготвено да стане најгледан натпревар во Серија „А“ од почетокот на сезоната. Стадионот „Џузепе Меаца“ е целосно распродаден и повеќе од 78.000 луѓе ќе присуствуваат на трибините на овој стадиион за ова дерби. Приходите од билети за Интер ќе достигнат 5 милиони евра, што нема да го подобри рекордот досега, но ќе го достигне. Од почетокот на сезоната Интер е најпосетуван домаќин. Со своите четири домашни натпревари во Серија „А“ и со натпреварот од Лигата на шампионите со Тотенхем, Интер дојде до 294 233 гледачи, што во просек изнесува 58 846 гледачи по натпревар. Од…

Read More

Реал (Мадрид) ќе треба да патува до шпанскиот енклава во Северна Африка- Мелија, за да го започна своето учество во Купот на кралот. Ждрепката која беше одржана денес ја формираше двојката Мелија – Реал (Мадрид), откако во оваа фаза се вклучуваат клубовите од Ла Лига и Сегундо дивизион. Бранителот на трофејот Барселона ќе игра со тим од третото ниво и тоа е Културал Леонеса, додека Атлетико (Мадрид) ќе се соочи со каталонски тим од четврта дивизија Сант Андреу. Валенсија ќе гостува на Ебро од трета лига, а Бетис се падна против некогашниот учесник во елитата Расинг Сантандер. Тимови од пониските…

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско се опоравил од операција и се очекува да биде во составот ан својата екипа за утрешниот натпревар со Леванте од новото коло на „Ла Лига“. Тој тренирал целосно и тренерот Јулен Лопатеги изјави дека е подготвен за да одигра неколку минути на оваа средба. Единствениот кој сеуште се подготвува со посебен режим е Дани Карвахал. Марсело, Герет Бејл и Карим Бензема немаат проблеми и ќе му бидат достапни на тренерот на тимот. Од „Сантијаго Бернабеу“ официјално ќе го објават составот за овој натпревар вечерва во 20:00 часот.

Read More

Играчот од средниот ред Кевин де Бруин е подготвен да игра за Манчестер Сити на натпреварот против Барнли во Премиер лигата во Англија, пишува „Скај Спортс“. Менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола, ја потврди веста дека белгискиот репрезентативец ја санирал повредата на коленото. 27-годишниот напаѓачки играч од средниот ред се повреди во август, а од тогаш нема одиграно ниту еден натпревар. Манчестер Сити се среќава со Барнли во сабота на стадионот „Етихад”, а во моментов „Граѓаните“ го заземаат првото место на табелата со 20 бодови  колку што имаат Челзи и Ливерпул на дела на првата позиција.

Read More